Мицкоски:Ова е победа на народот, цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција рече дека народот денеска докажал дека си ја сака Македонија. 

Почитувани,

Добровечер на сите,

Добровечер на медиумите,

Добровечер на македонската јавност,

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија. И дека секој оној кој што го потценува народот, ја потценува Македонија и прави голема грешка.

Ветив дека ќе победиме со најмалку 100.000 гласови разлика, победуваме со повеќе од 170.000.

Многу работи зборувавме дека ќе се случат, не ни веруваа, не потценуваа. Мислеа дека со деца мали си имаат работа. Најлошо е кога човек ќе го потцениш. Но, ние благодарение на народот, народот на Македонија покажавме и докажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време.

Ветував многу работи, и сите работи се случија. Не напаѓаа, не напаѓаа и од внатре, ни се закануваа, се обидуваа да не делат, се обидуваа да ја делат Македонија, се обидуваа да го делат народот, користеа структури од минатото на ВМРО-ДПМНЕ да не напаѓа, но ние издржавме затоа што верувавме и затоа што вие бевте со нас. Ви благодарам од срце народе на Македонија!

Ветував дека ќе се случи народ и денес се случи народ.

Победа, победа голема е ова за македонскиот народ, за граѓаните во Македонија!

Народ се излеа и пораката е јасна и единствена, Македонија не сее плаши, Македонија се враќа на народот. Целиот народ ние заедно со вас наспроти стотина трговци од ДУИ и СДСМ кои се причина за целото страдање, сиромаштија и криминал во Македонија.

Македонија е на нозе, нашата сила сте вие народот, граѓаните на Македонија.

Македонија денес покажа дека е посилна од криминалот и корупцијата и дека народот е определен.

Американскиот претседател Реган кажал: „И покрај сите наши разлики и несогласувања оваа е чесна скромна и голема земја, ѕвоната сепак ѕвонат за татковината“. Драги пријатели, браќа и сестри, резултатите кои ги постигнавме оставаат простор да бидеме задоволни. Имаме историска и огромна победа на многу избирачки места и бројките покажуваат дека оваа власт паѓа. Ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имала од позиција на опозиција. Над 600 илјади луѓе гласаа против власта.

Ова е победа на народот. Цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно.

Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства, сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминативе денови. Ова е револуција, револуција на народот на Македонија, но, работата не е завршена, а власта не е ни малку наивна.

Првиот круг од изборите е жолтиот картон, а тој свети. Конечниот, црвениот мора да следи на 8 мај каде потребен е убедлив резултат, јасна победа врз оваа криминална и корумпирана власт.

Вечерва има простор за задоволство и славење, но морам да го споделам со вас и чувството на грижа поради лошите состојби во Македонија и тоа чувство за мене, а и за сите вас со мене, тука е одговорност спрема народот. Свесен сум и треба секој еден што е со мене да испорача брзи резултати, на народот му требаат брзи резултати и не чека работа, многу работа, мерки проекти, многу промени за да се избориме за подобар живот.

Мораме да ја промениме сликата за реалноста, денес секој еден глас кој беше даден со голема надеж и силна верба за менување на работите. Свесен сум дека многумина од вас не се до крај уверени, но сепак ни дадоа поддршка затоа што состојбите се претешки а ние сме единствената надеж и шанса која и свесен сум и затоа мораме да ја оправдаме.

Благодарност за секој еден глас, Македонија постои и е голема поради вас народот кој во клучните времиња се одважува и носи исправна одлука но ќе ги споменам и оние кои не гласаа и се уште се двоумат подавам рака кон сите и ја барам вашата поддршка. Заедно ќе сме посилни и заедно ќе направиме многу повеќе. Воедно и оние кои излегоа и гласаа за власта сакам да знаете дека нема да има освета кон било кој. Тоа никогаш не била моја цел ниту ќе водам таква политика. Ги почитувам вашите уверувања и повеќе никој не смее да ве плаши. Единствено треба да се плашат тие што се огрешиле кон законите, а со тоа се огрешиле и кон народот е тие ќе одговараат.

Тие ќе одговараат до последниот.

Драги пријатели, браќа и сестри. Ве молам да го поздравиме идниот претседател, идната претседателка на Македонија, да и посакаме успешен мандат затоа што тоа ќе се случи, жалам што не веруваа во нас, жалам што многумина денес ќе има разочарани.

Среќен сум што народот на Македонија веруваше во нас, народе на Македонија ви благодарам.

Голема благодарност до оваа дама до мене професорката Гордана Силјановска Давкова.

Ја напаѓаа, ја навредуваа, но таа издржа и храбро се бореше.

Ве молам огромен аплауз!

Докажа дека верува и е горда и ќе ја направи Македонија повторно горда.

Професорке заедно ќе успееме!

Овие гласови се одговорност но и револт кон Пендаровски.

Почитувани, пред да се обратам се слушнав со албанската опозиција со господинот Арбен Таравари му честитав на резултатот и му посакав успешни парламентарни избори и идна влада во Македонија.

Македонија ќе ги мобилизира сите капацитети најквалитетните македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Ова е ваша земја, заедничка земја време е да си ја вратите во ваши раце и да испишеме заедно една нова историја со која сите заедно ќе се гордееме.

Во вториот круг да не дозволиме ДУИ да успее во намерите да направи нешто кое што никој од нас не го сака, а тоа е, направи добар резултат. Затоа, ве повикувам излезете и заедно, сите ние да гласаме за Македонија да биде повторно горда и да биде Македонија повторно твоја, да биде Македонија повторно ваша.

Покажете им на сите дека Македонија живее, дека Македонија е идеја во која веруваме и која ќе опстане и успее. Пред една недела повикав на национално единство, но после денешниот ден и со оглед на одговорноста која ја имаме и предизвиците пред кои застануваме, јас повикувам на целосно народно и се државно обединување против оваа власт.

Ги повикувам сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите останати. Ги повикувам христијаните, муслиманите, политички определените и неопределените, академиците, професорите, докторите, новинарите, уметниците и спортистите, подавам рака и ги повикувам патриотските здруженија, дијаспората, синдикатите, земјоделците, вработените и невработените, пензионерите, младите во Македонија, студентите, стопанските комори, секој еден човек, дојдете да се сплотиме и обединиме.

Ве повикувам, овде имаме работа поважна од секоја партија, поединечниот став или интерес за Македонија се работи, сега е моментот, ова е тоа време да се обединиме под едно знаме и под една цел. Македонија ќе биде повторно твоја, наша заедничка единствена.

Покажавте дека има надеж и дека тоа сме сите ние. Нашиот момент е сега, ова е нашето време. Да се обединиме во заедничката цел. Да го направиме овој мандат и да ја направиме оваа деценија од нашата историја нешто кое ќе се памети со генерации, ајде да ја промениме реалноста да го промениме секојдневието, да го промениме светот во кој живееме на подобро, да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас во сите нас заедно, да бидеме пример на сите идни генерации. Државата е твоја е време е да си ја вратиш во твои раце.

Македонија повторно твоја, промените во твои раце.

На крај вечерва славиме, утре продолжуваме, утре се гледаме Охрид, Вевчани, Струга, Кичево, одиме од врата на врата, од дом во дом, продолжуваме до конечна победа.

Да сте живи и здрави! Бог да ја благослови нашата Македонија! Ви благодарам!

Украина ѝ одговори на Русија по распишаната потерница за Зеленски

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е „доказ за очајот на руската државна машинерија и пропаганда“, пренесува „Украинска правда“.

„Руските извештаи за наводното додавање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на потерницата на руското МВР го покажуваат очајот на руската државна машинерија и пропаганда. Русите не знаат што друго да измислат за да привлечат внимание“, посочија Украинците. .

„Ги потсетуваме сите дека, за разлика од безвредните руски најави, налогот на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот диктатор Владимир Путин под обвинение за воени злосторства е реален и спроведлив во 123 земји“, додаваат тие.

Русите не го прецизираа членот врз основа на кој е издаден налогот за апсење на украинскиот лидер. „Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според член од Кривичниот законик“, пишува во базата на податоци на веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи.

Базата на податоци го наведува и местото на раѓање на бараното лице, градот Криви Рих во регионот Дњепропетровск. Објавена е и фотографија од Зеленски, направена пред војната.

Работничката партија со апел за обединување и сплотување на македонскиот народ

Дојде до обединување на Македонците и на македонските субјекти од целиот свет. 

10 организации на Македонците од светот се обединија и подаваат рака на обединување на Македонците и на македонските субјекти во Македонија. Со цел да се спротивстават на непринципиелните политики против Македонскиот народ и за градење посветла иднина за младите, како надеж за иднината.

За таа цел го праќаме овој Апел - Меморандум за Обединување и сплотување на македонскиот народ, до сите македонски родољубни субјекти, до суверените, избирачите и гласачите. Истиот започна да се потпишува денес, 04.05.2024 г. во Канцеларија во ТЦ Антико, Карпош 4. до КАМ маркетот, Бул. Партизански одреди бр. 82, лок.24. А, ќе продолжи и понатаму и потпишувањето и принесувањето на највредните македонски заложби, иницијативи, концепти, дела, проекти . . . пред Македонскиот и цивилизациски олтар, во Трезорот на македонските и цивилизациски вредности, во Македонскиот мозаик кој ќе продолжиме да го создаваме од сите светли и најсветли македонски камчиња и да продолжиме да го ткаеме Македонскиот ќилим од сите најубави македонски шари, врз потката која е самиот Македонски народ.

Сега е моментот да ги пресечеме антимакедонските политики, партиски програми и цели кои и понатаму го продолжуваат антимакедонскиот курс, а го бараат гласот и довербата на македонскиот народ и суверените!?

Македонскиот глас и доверба немаат цена и секогаш ќе се безвремени, бесценети и во интерес на Македонскиот народ и на Македонија.

Време е за родољубни, некорумпирани и некомпромитирани македонски претставници во власта, во Собранието и Владата, за да ги продолжиме нашиот од по македонскиот пат и опстој и нашето неприокосновено место меѓу народите и државите, како Македонски народ и Македонија!

Своите гласови и довербата да ги дадеме за оние кои застануваат и стојат цврсто за највисоките интереси на Македонскиот народ и на Македонија!

Да престанат страдањата, обесправувањето, геноцидот и уништувањето на македонскиот народ и на македонската земја и држава!, се наведува во партиското сопоштение.

Вештачката интелигенција може да го земени и пилотот на моќниот воен авион Ф-16 (ВИДЕО)

Извршен е пробниот лет на авионот Ф-16 на американското воено воздухопловство, кој беше контролиран од вештачка интелигенција.

Целта на американската војска е до 2028 година да има 1.000 борбени авиони без екипаж, објави Дејли Меил.

Пробниот лет на американскиот авион Ф-16 бил извршен во базата на американското воено воздухопловство во Калифорнија, каде се обучува новата генерација на вештачка интелигенција, со план САД да имаат флота од 1.000 борбени авиони кои нема да бидат управувани од луѓе до 2028 година, според новинарите на Асошиетед прес на кои им било дадено право да присуствуваат на летот.

Секретарот на американските воздухопловни сили Френк Кендал седнал во авионот управуван од вештачка интелигенција за да покаже дека нема ризик, а подоцна изјавил дека е „безбедносен ризик“ да се лета без вештачка интелигенција.

Авионот Ф-16 со име „Виста“, под контрола на вештачката интелигенција, летал со брзина од околу 880 километри на час, изведувајќи маневри во трка со друг авион контролиран од човек.

На крајот на летото, Кендал изјавил дека ќе верува во способноста на ВИ да одлучи дали ќе користи оружје во војна, но и дека секогаш ќе има човечки надзор кога станува збор за употребата на оружје.

Авионот „Виста“ работи така што прво учи врз основа на милиони податоци собрани во симулаторот, по што ги тестира своите заклучоци во вистински лет.

АП пренесува дека и Кина има авиони со вештачка интелигенција, но сепак не ги тестира надвор од симулаторите. Имало повеќе од десет вакви пробни летови од минатата година, а вештачката интелигенција учи толку брзо што веќе почнува да победува некои авиони на натпревари со човечки екипаж.

Пилотите за АП изјавија дека се свесни дека можеби ја тренираат нивната замена, но и дека не би сакале да се најдат на небото против противнички авион контролиран од вештачка интелигенција.


притисни ентер