Американец сакал да влезе во домот на Сандра Булок

Тој е уапсен по пријава на Булок.

Претставничката на полицијата на Лос Анџелс, Нуриа Ванегас изјави дека полициската екипа била испратена во раните утрински часови на адреса на актерката, откако пријавила дека некој се обидува да влезе во нејзината куќа.

Полицијата на самото место го уапсила 39-годишниот Џошу Корбета.

Агентот на Сандра Булок ја потврди информацијата и потврди дека актерката е добра и не е повредена./МИА


Трошановски: Никој не очекуваше толкава разлика-по СДСМ, Левица втор најголем губитник

Кои пораки ги пратија граѓаните со вчерашното гласање и дали тоа го навестува исходот на 8 мај...

Со аналитичарот Марко Трошановски разговараше Елизабета Галевска.

Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост

Врховен го укина притворот на Александар Ѓорчевски,  таткото на убиената Вања Ѓорчевска и му определи куќен притвор и мерки на претпазливост..

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања заминува во домашен притвор. Врховниот суд ја уважи неговата втора жалба против мерката притвор во предметот за убиството на неговата ќерка. Ова решение доаѓа неколку часа по денешната јавна седница, на која тој повторни низ солзи побара да ја дознае вистината за убиството на неговата ќерка.

„Се соочувам со апсурдни обвинувања до апсолутност. Во моментите кога не можев да пуштам ниту глас, ниту солза, бев обвинуван во полициска станица и тоа за работи што не ми се јасни и не ги разбирам. Ми одзедоа се. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од мене. И јас водев моја истрага. Би сакал да го дознаам идентитетот на луѓето што го направија ова и сите тие се подеднакво виновни.“

Бранителот на Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегџиќ информираше дека бил вештачен и мобилниот уред на Ѓорчевски, но засега нема информации до каде е постапката. Тој посочи и дека осомничениот не би можел да се даде во бегство бидејќи пасошот не му е важечки. Дополнително, Туфегџиќ во име на семејството на Ѓорчевски поднел и барање до Центарот за социјална работа, бидејќи тој немал контакт со неговата друга ќерка.

„ Трагичната судбина на овој човек, покрај тоа што го има загубено детето, неговата трагична судбина е во добра мера инспирирана од онаа несреќна и непрофесионална прес-конференција на тогашниот министер за внатрешни работи кој изнесе непроверени наводи, кои беа во јавноста пласирани во форма на обвинение и осудителна пресуда“, додаде Туфегџиќ

Александар Ѓорчевски е во притвор од 3ти декември кој го отслужува во затворот во Шутка. Тој е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. За првоосомничениот Љупчо Палевски се чека екстрадиција од Турција, а осомничени се и уште три лица кои моментално се во притвор.. Тој прв пат побара притворот да му биде заменет со куќен минатиот месец, но тогаш Врховен ја одби жалбата.

Разочараност во СДСМ, но со порака дека нема да се откажат

Тивко и без вообичаена еуфорија – вака беше во штабот на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски, кој битката ја продолжува во вториот круг...  

Тивко и без вообичаената изборна еуфориј беше синоќа во изборниот штаб на претседателскиот кандидат од СДСМ, Стево Пендаровски. За разлика од минатото, овојпат најбројни во салата на хотелот „Александар Палас“, беа новинарските екипи, домашни и регионални, како и малкумина поддржувачи кои ги чекаа изборните резултати од првиот круг на претседателските избори.

Пендаровски и Ковачевски излегоа на засебни прес-конференции на кои и двајцата не го криеја разочарувањето. Прв се обрати актуелниот претседател, за кого иако резултатот бил далеку од очекуваниот, порача дека нема да се предаде. Најави дека од денеска почнува од нула, со средби со граѓаните, за да го промовира концептот во кој верува, а тоа е напредна, просперитена и европска Македонија. Пендаровски беше дециден дека нема да бара никаков договор со ниту еден политички субјект или со кандидат од оние кои не продолжуваат во вториот круг за, како што рече, механичко префрлање на гласовите.

„Граѓаните не сум ги подразбирал како колективна група или аморфна маса која некој ќе им каже да ги префрлаат или да не ги префрлаат гласовите. Ќе одбијам каков било обид за нудење на квантум или контингент на гласови. Тоа е понижување на граѓаните. Тие се засебни политички единки. Но, имаат и свое јас. Имаат свој образ. Не можам да ги поимам тие категории, во смисла овој ќе ми понуди 30 илјади гласови, а од овој ќе побарам 50 илјади гласови. Туѓо ми е. И 2014 и 2019 година не го правев тоа. Граѓаните кои гласаа за мене не беа натерани од никого, туку веруваат во концептот кој го нудам, изјави Пендаровски.

За лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски резултатите од првиот круг се јасна порака дека казната од граѓаните стигнала. Како што кажа, поразот го прифаќаат, но од борбата не се откажуваат. Лична одговорност за лошите резултати вели чувствува и не бега од неа, а дали ќе поднесе оставка ќе зависи од партиските органи и исходот од изборите на 8-ми мај.

„Јас сум човек кој никогаш не бегал од одговорност. Ова е само прв круг, во вториот круг очекуваме подобри резултати. Што ќе се случува после избори, одлучуваат партиските органи. Имаме втор круг од претседателски избори и парламентарни избори пред нас. По тие резултати ќе се разговара на Конгресот на партијата. Ова прашање ќе ми го поставите после две недели, а може и нема да мора да ми го поставите… Ако може некој да биде одговорен, иако 2 години од седум бев претседател на Владата и на партијата истовремено, во оваа сала, тогаш единствено јас можам да бидам одговорен, никој друг, порача Ковачевски.

Инаку, ова е првпат во историјата претседателскот кандидат на СДСМ во првиот круг да освои помалку од 200 илјади гласови. Досега, најслаб резултат социјалдемократите имаа во првиот круг од претседателските избори во 2009 година, кога тогашниот кандидат Љубомир Фрчкоски освои 202.000 гласа, а најмногу гласови во прв круг има освоено Киро Глигоров во 1994 година, повеќе од 715.000 гласови. Пендаровски на претходните претседателски избори во 2019-та освои 322.000 гласови во првиот круг, а во вториот 435.000.

притисни ентер