Бајден ќе и се обрати на нацијата по убедливата победа на Трамп

 Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе и се обрати на нацијата по загубата на неговата кандидатка за претседател на Демократската партија Камала Харис на нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп.

Бајден ќе зборува во 16:00 часот по Гринич.

Тој се повлече од претседателската трка по неговиот слаб настап во телевизиските дебати со Трамп, покренувајќи прашања за тоа дали тој сè уште е способен за функцијата. Потпретседателката Камала Харис го замени Бајден како кандидат на Демократската партија.

Харис и Бајден ветија дека ќе му помогнат на Трамп во транзицијата на власта до инаугурацијата на новоизбраниот претседател на 20 јануари следната година. Сепак, Харис рече дека не е подготвена да ја прифати визијата на Трамп за земјата.

Републиканците ја одземаа контролата на американскиот Сенат од демократите. Мнозинството гарантира дека Трамп ќе контролира барем еден дом на Конгресот следната година. Не е јасно дали републиканците ќе го задржат мнозинството во Претставничкиот дом на САД, а резултатите во десетици изборни единици се уште се непознати.

Се судрија воени хеликоптери на Турција, меѓу загинатите и генералот Иса Бајдили (ВИДЕО)

Во сударот на два хеликоптери на турските вооружени сили загинале шест лица, јавуваат медиумите, прецизирајќи дека несреќата се случила во провинцијата Испарта.

Несреќата се случила за време на тренинг лет: хеликоптер Бел UH-1 се судрил со друго летало по полетувањето од аеродромот Сулејман Демирел и се урнал во областа Кечиборлу.

Гувернерот на Испарта, Абдула Ерин изјави дека во несреќата загинале пет припадници на армијата, но подоцна било потврдено дека како последица на повредите загинал и шестиот воздухопловец, пренесува турскиот портал Сабах.

Тој додаде дека меѓу загинатите е и бригадниот генерал Иса Бајдили, командант на военото училиште за летање во Испарта.

Другиот хеликоптер вклучен во несреќата слетал безбедно без повредени во него. Надлежните воени власти започнаа истрага за причините за судирот.

ВМРО-ДПМНЕ: Сите 9 судии на Уставен се избрани од 2018 до февруари 2024

Сите 9 судии на Уставен се избрани од 2018 до февруари 2024, кога во судството жареше и палеше ДУИ и СДС.

Дел од судиите во Уставен суд беа жестоки извршители на политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ и како награда седнаа на тие места.

Поигрување со интелегенцијата на народот е циркузот на ДУИ пред Уставен. Нема судија во Уставен кој не е избран од нив.

Доколку имаат проблем со Уставен, само треба да седнат на коалициски состанок со СДС и веднаш ќе го решат, се разбира со тоа ќе ја отповикаат претходната насока која сами ја издале.

Самиот чин од одлучување по прашањето за Законот, до одлуката е веќе искоординиран од СДС и ДУИ.

Судството е последното упориште на криминалците од СДС и ДУИ, кои сега се обидуваат преку злоупотреба на националистички теми да бидат актуелни во јавноста.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со меѓународните партнери ја следи во целост ситуацијата и нема да дозволи обиди на политички криминалци да и нанесат штета на државата, се наведува во партиската реакција на наводите на Бујар Османи од ДУИ.

Еруптира вулкан на Филипините- исфла пепел и чад во височина од три километри (ВИДЕО)

Вулканот Канлаон во централниот дел на Филипините денеска еруптира, исфрлајќи пепел и чад до 3.000 метри, соопшти сеизмолошката агенција на земјата.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија објави дека го подигнале нивото на тревога на трето, највисоко ниво, пренесува Ројтерс.

„Ова значи дека започна магматска ерупција која може да напредува до понатамошна експлозивна ерупција“, се вели во соопштението.

Сеизмолошката агенција ги советувала локалните власти да ги евакуираат луѓето што живеат во близина на вулканот и да се подготват за поширока евакуација доколку е потребно.

Вулканот Канлаон, активен стратовулкан и највисоката планина на островот Негрос на Филипините, е еден од дваесетина активни вулкани на Филипините, лоциран во Пацифичкиот „Огнен прстен“ каде што вулканската активност и земјотресите се вообичаени, според агенција.

притисни ентер