Британска инфлуенсерка има најголеми усни, се исплашила кога ги зголемувала градите (ФОТО)

27-годишната Софија Липс од Манчестер верува дека нејзините усни моментално се најголеми во Британија и планира дополнително да ги зголеми за да стекне меѓународна слава.

Таа претходно го привлече вниманието кога сподели слики од нејзините „сочни усни“ на Инстаграм, каде има 25.000 следбеници. Многу нејзини обожаватели изразија загриженост за нејзините отечени усни, кои содржат повеќе од 100 мл филер, објави Сан.

Софија редовно ги полни усните на секои два месеци, понекогаш тоа го прави и самата дома. Таа потрошила вкупно околу 200.000 фунти на различни естетски зафати, но нејзините планови за подобрување на изгледот не завршуваат тука. Таа, која естетската хирургија ја опишува како „хоби“, има направено и две зголемување на градите, две бразилски подигања на задникот (BBL) и трансплантација на коса.

27-годишната девојка од Манчестер претходно откри дека третата операција на градите ја чинела 10.000 фунти, но за малку ќе ја чинела живот.

Софија тврди дека нејзиниот „животот бил на жица“ по операцијата во Турција, откако „зелена нечистотија“истекла од нејзините гради.

„Беше таков хаос“, вели Софија, која се претставува како модел.

- Буквално за малку ќе умрев затоа што стана многу лошо. Самата операција помина добро, но штом стигнав дома кошмарот започна. Имав неподносливо чувство на печење, проследено со оток. Кога погледнав надолу, имаше зелена нечистотија низ моите завои. Не знаев што се случува и бев загрижена дека животот ми е во прашање.

Софија, која отишла на процедурата во декември 2022 година, издвоила 6.000 фунти за да премине од имплант од 450 кубици на имплант од 800 кубика.

Кога пристигнала на клиниката, сѐ било направено како и обично, па немала никакви грижи. Следниот ден полетала дома и веднаш била префрлена во болница. Таа рече:

-Кога пристигнав ми ја кажаа веста од која се плашев, тоа е сепса. Веднаш ме примија и морав да останам една недела додека се лекувам за да се ослободам од инфекцијата. За да се уверат дека ќе преживеам, ми рекоа дека морам да го извадам левиот имплант. Одбив, бидејќи не сакав да ги изгубам моите весели гради за кои платив толку многу и поминав низ толку многу. За среќа, кога почнав да реагирам на антибиотиците и полека се подобрив, инфекцијата набрзо се расчисти.

По неколку недели во болница, Софија била решена да не дозволи овој неуспех да ја спречи да го постигне изгледот за кој сонуваше. Во јануари 2023 година отишла во друга клиника во Турција и добила 1050 кубни метри - направени се најголемите можни силиконски импланти и сега е навистина задоволна со своите гради.

Арсовски: Не знаеме што ќе одлучи Уставен, нејасно е зошто ДУИ протестира

Протестот на ДУИ повеќе наликува на обид за враќање на политичката сцена, оценува за Канал 5 политичкиот аналитичар Петар Арсовски..

Според него, без разлика каква ќе биде одлуката на Уставен, не е реално да се случи поголема дестабилизација, со оглед дека Македонија е членка на НАТО..

Дафина Стојановска:Мицкоски ми кажа дека Австрија и Франција имаат разбирање за нашите позиции

Освен Унгарија и Хрватска, разбирање за позииците на владата за одложено дејство на уставните измени покажувале и Австрија и Франција.

Освен Унгарија и Хрватска, разбирање за позииците на владата за одложено дејство на уставните измени покажувале и Австрија и Франција, тврди пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, која е гостинка во новото издание на поткастот „На кавга со Иван“ што ќе се емитува вечерва...

Малолетник на 14 години и мажи на 71 и 66 години се жртвите во трагедијата во Црвени брегови

Македонија вчера ја потресе веста за три починати лица, пронајдени во неготинското село Црвени брегови, од кои едно дете.

Трагедија го потресе неготинското село Црвени Брегови, каде беа пронајдени беживотни тела на еден малолетник и на две лица на возраст од 71 и 66 години. Телата биле пронајдени вчера попладнето во мала куќа во селото која се користела како импровизиран верски објект. Од ОЈО Кавадарци соопштија дека при првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство, а оттаму издадена е и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле во објектот ..Од СРВ Велес информираат дека телата на починатите се дадени на обдукција.

„На 08.12.2024 година во 16:35 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во куќа во с.Црвени Брегови Неготинско биле пронајдени починати Ј.Ј (71) од Битола, Ф.Е (66) од Ресен и малолетник од с.Црвени Брегови. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. “

Според директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев ретко се случува трагедија со смртни последици да настане од плин. Можно сценарио, според него, е труење заради зголемена концентрација на јаглероден моноксид во воздухот, предизвикано од некаков извор во просторијата кој го трошел кислородот..Сепак тој вели она што со сигурност ќе покаже што се случило е обдукцијата.

„Сега се што зборуваме може да се протолкува како шпекулација, додека не заврши истрагата, обдукцијата со која што ќе се утврди точната причина, меѓутоа повеќе стои можноста дека е труење со јаглероден моноксид.. Плинот многу ретко може ваква трагедија да предизвика. Можно е да имало некој извор при кој што горел плин кој што го трошел кислородот во просторијата каде што престојувале за жал тројцата настрадани. Најчесто ваква смрт настапува заради зголемена концентрација на јаглероден моноксид кој е гас без мирис и кој што убива без предупредување.. “

Од СВР Велес соопштија и дека увид на лице место извршиле екипи од ОЈО Кавадарци и од неготинската полиција и дека истрагата за целосно расчистување на случајот, односно дали станува збор за задушување или други околности кој довеле до трагедијата е во тек.

притисни ентер