Дрвен сателит лансираат Јапонците во вселената- сите се чудат (ВИДЕО)

Првиот дрвен сателит во светот LignoSat, создаден од јапонски истражувачи, денеска е лансиран во вселената за да се тестира употребата на дрво во вселената.

Истражувачите од Универзитетот во Кјото во Јапонија го направија сателитот од хоноки, вид на дрво од магнолија што традиционално се користи за правење корица за меч.

Тимот има за цел да засади дрвца на Месечината и Марс за 50 години, пренесува Дојче веле.

- Со дрво, материјал што можеме сами да го произведеме, ќе можеме да градиме куќи, да живееме и да работиме во вселената засекогаш - изјави Такао Дои, астронаут кој ги проучува човечките вселенски активности на Универзитетот во Кјото.

Јапонските истражувачи спроведоа десетмесечен експеримент на Меѓународната вселенска станица (ISS) и открија дека дрвото хоноки е најпогодно за вселенски апликации.

Тие потоа го конструираа LignoSat користејќи традиционална јапонска техника без завртки или лепак за држење на сателитските делови.

– Ако го докажеме успехот на нашите први дрвени сателитски дела, ќе ги претставиме на SpaceX на Илон Маск – рече Дои.

LignoSat би требало да орбитира околу Земјата шест месеци. Сателитот ќе мери како дрвото ја издржува екстремната средина во вселената, каде температурите варираат од -100 до 100 степени Целзиусови на секои 45 минути додека предметите кружат низ темнината и сончевата светлина. Сателитот ќе ја мери и способноста на дрвото да го намали влијанието на вселенското зрачење врз полупроводниците.

Истражувачите велат дека дрвото има голем број на предности во однос на металот. Конвенционалните сателити генерираат честички од оксид кога тие се деактивираат и повторно влегуваат во атмосферата на Земјата, но се очекува дрвото да гори со помало загадување.

Дрвото, исто така, се очекува да биде поиздржливо во вселената отколку на Земјата, бидејќи нема влага за да изгние и нема кислород за да го изгори.

- Можеби изгледа застарено, но дрвото е всушност најмодерната технологија бидејќи цивилизацијата оди на Месечината и Марс - рече Кенџи Карија, менаџер на Истражувачкиот институт за шумарство во Сумитомо.

Според него, проширувањето на оваа технологија во вселената може да ја оживее дрвната индустрија.

ВМРО-ДПМНЕ: Сите 9 судии на Уставен се избрани од 2018 до февруари 2024

Сите 9 судии на Уставен се избрани од 2018 до февруари 2024, кога во судството жареше и палеше ДУИ и СДС.

Дел од судиите во Уставен суд беа жестоки извршители на политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ и како награда седнаа на тие места.

Поигрување со интелегенцијата на народот е циркузот на ДУИ пред Уставен. Нема судија во Уставен кој не е избран од нив.

Доколку имаат проблем со Уставен, само треба да седнат на коалициски состанок со СДС и веднаш ќе го решат, се разбира со тоа ќе ја отповикаат претходната насока која сами ја издале.

Самиот чин од одлучување по прашањето за Законот, до одлуката е веќе искоординиран од СДС и ДУИ.

Судството е последното упориште на криминалците од СДС и ДУИ, кои сега се обидуваат преку злоупотреба на националистички теми да бидат актуелни во јавноста.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со меѓународните партнери ја следи во целост ситуацијата и нема да дозволи обиди на политички криминалци да и нанесат штета на државата, се наведува во партиската реакција на наводите на Бујар Османи од ДУИ.

Еруптира вулкан на Филипините- исфла пепел и чад во височина од три километри (ВИДЕО)

Вулканот Канлаон во централниот дел на Филипините денеска еруптира, исфрлајќи пепел и чад до 3.000 метри, соопшти сеизмолошката агенција на земјата.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија објави дека го подигнале нивото на тревога на трето, највисоко ниво, пренесува Ројтерс.

„Ова значи дека започна магматска ерупција која може да напредува до понатамошна експлозивна ерупција“, се вели во соопштението.

Сеизмолошката агенција ги советувала локалните власти да ги евакуираат луѓето што живеат во близина на вулканот и да се подготват за поширока евакуација доколку е потребно.

Вулканот Канлаон, активен стратовулкан и највисоката планина на островот Негрос на Филипините, е еден од дваесетина активни вулкани на Филипините, лоциран во Пацифичкиот „Огнен прстен“ каде што вулканската активност и земјотресите се вообичаени, според агенција.

Принцот Вилијам им делеше ручек на бездомниците, сите го споредуваат со неговата мајка (ВИДЕО)

Принцот Вилијам го покажа својот хуманитарен карактер за време на празничната сезона.

Имено, на официјалниот Инстаграм профил кој го споделува со сопругата, принцезата Кејт, објавено е видео на кое Вилијам им дели ручек на бездомниците.

Принцот ја посети фондацијата The Passage во Лондон, а за оваа прилика среќно стави бела престилка. Тој со широка насмевка им подели храна на бездомниците, а подоцна се сликаше со некои од нив.

„Искрена благодарност до сите волонтери на The Passage кои неуморно работат за поддршка на бездомниците, особено за време на празничната сезона. Ваквите работи даваат надеж и создаваат чувство на заедница за оние на кои им е најпотребно“, стои во описот на Инстаграм.

Видеото за краток период доби речиси 69 илјади лајкови. Набрзо почнаа коментарите на фановите кои покрај брадата на Вилијам ја пофалија и неговата несебичност и хуманитарен карактер.

„Тој ќе биде најдобриот крал што оваа земја некогаш го видела“, „Природно е да ѝ служи на заедницата“, „Ми се допаѓа како е присутен кога разговара со другите“, „Обединетото Кралство е среќно што го има како принц“, напиша еден.

„Тој го наследи тоа од принцезата Дијана“, „Сигурни сме дека твојата покојна мајка се гордее со тебе“, „Тој оди по стапките на мајка си. Таа го научи дека не секој има среќа како него“, коментираат други, сеќавајќи се на покојната принцеза Дијана.

За брадата на принцот веќе се зборуваше и претходно. Имено, Вилијам на крајот на ноември го посети Солсбери Плејн каде имаше тренинг со велшката гарда, а навивачите беа воодушевени од неговиот имиџ.

притисни ентер