Македонската дива Калиопи најави јубилеен спектакуларен концерт в сабота во „Борис Трајковски“

Летово Калиопи одржа концерти на Хераклеа во Битола и на Антички театар во Охрид.

Македонската поп-рок ѕвезда Калиопи за во сабота најави јубилеен спектакл во салата „Борис Трајковски“ со којшто ќе одбележи 40 години на сцената. Нејзиниот концерт во Скопје доаѓа по речиси 7 години, а како гости ги најави Слаткаристика, Жељко Самарџиќ и Ромео Грил.

Таа денеска на прес-конференција, во поинаков вид, на кој беше послужен и појадок, кажа дека концертот ќе биде тричасовен спектакл на која ќе ја даде целата своја енергија на публиката, бидејќи, како што кажа, тој флуид и и е најважен.

-Не сум мегаломан, не ми е битен просторот, мене отсекогаш ми била битна публиката. Дали се 100, илјада, 200.000 луѓе во публика, за мене концертот има еднаква важност. Но, го гледам ова в сабота како една арена што ќе биде исполнета со луѓе и емоции и мислам дека ќе прашти од емоции и љубов. Имам малку, не страв, туку респект кон целото случување, затоа што се надевам дека нема да согорам во тие емоции и ќе можам да ви се дадам онака како што ви се давам со години, рече Калиопи.

Калиопи исто така кажа дека имала специјален режим на исхрана како подготовка за овој концерт, при што ја практикувала липосукциската диета и ослабела осум килограми.

Летово Калиопи одржа концерти на Хераклеа во Битола и на Антички театар во Охрид. Концертот во Скопје ќе се одржи во „Борис Трајковски“ в сабота, на 19 октомври, за прв пат во оваа сала, во организација на „Прагма продукција“, со што ги заокружува настапите во земјава и продолжува во регионот. /МИА

Градоначалникот на Нови Сад: Почна вештачењето на настрешницата, ќе се утврди одговорност

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, се обрати до медиумите пред Клиничкиот центар на Војводина, каде зборуваше за повредените, но и за тоа дека е спроведена истрага и дека експертите треба да утврдат кој е одговорен за несреќата.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, се обрати до медиумите пред Клиничкиот центар на Војводина, каде зборуваше за повредените, но и за тоа дека е спроведена истрага и дека експертите треба да утврдат кој е одговорен за несреќата што се случи пред Железничката станица во Нови Сад, објави Телеграф.

- Засега можам да кажам дека загинаа 14 лица, три лица се повредени и се во КЦВ. Нивните животи се во опасност и се надеваме дека ќе преживеат. Истрагата беше спроведена денеска околу 12 часот, по што почна вештачењето од страна на стручните органи, па ќе видиме какви наоди и мислење ќе ни дадат, за да знаеме сите што се случило. Она што секако можеме да го очекуваме е дека ќе се утврди одговорноста на оние кои требаше да си ја завршат работата, а не ја завршија како што треба, за да не се случи повторно оваа трагедија што се случи - рече Ѓуриќ.

Тој посочи дека е потребно да се чекаат наодите и мислењето на експертите за да дознаат точно што се случило, а надлежните кои треба да одговараат и оние кои учествувале во реконструктивните работи на Железничката станица во Нови Сад.

- Во овој момент е премногу избрзано да се каже што било, треба да ја оставиме професијата да си ја заврши работата. Очекувам брзо да ја завршат работата бидејќи ова е невидена трагедија што се случи во цела Србија, не само во Нови Сад. Не влегов во зградата, единствено што знаеме е дека настрешницата се урна. Вчера можевме да видиме дека останатиот дел од зградата е во нормална состојба. Граѓаните мора да веруваат во државата и системот, а очекуваме да одговорат одговорните за тоа што се случи - додаде тој.

Тој посочи дека експертите треба да ја испитаат целата настрешница, како и теговите за да се утврди што го предизвикало падот.

Градоначалникот на Нови Сад рече дека градот ќе им ја пружи сета помош и поддршка на семејствата на настраданите, како и на луѓето за чии животи лекарите во моментов се борат. Тој посочи дека од министерството велат дека настрешницата не била реконструирана.

Двајца браќа се осомничени за убиство во Арачиново поради долг од 7.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од Арачиново на возраст од 23 и 30 години.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од Арачиново на возраст од 23 и 30 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле по едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и по едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Тие заеднички и со умисла на подмолен начин лишиле од живот едно лице, а се обиделе да го лишат од живот и неговиот син, поради нерасчистени должничко доверителски односи, односно поради долг од 7.000 евра, кој сега починатиот го имал кон покојниот татко на осомничените.

Двајцата браќа се договориле да се најдат со таткото и синот, при што постариот брат тргнал кон нив физички да се пресмета, а помладиот извадил огнено оружје – пиштол и испукал неколку пати кон оштетените, нанесувајќи им повеќе прострелни рани. Кај нападнатиот татко настапила смрт, додека неговиот син се здобил со тешки телесни повреди. Двајцата осомничени со автомобил веднаш го напуштиле местото.

Подоцна постариот брат е пронајден и лишен од слобода, а по помладиот се трага.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за двајцата достави предлог за определување мерка притвор, со тоа што за лицето во бегство таа ќе се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода. До Судот е доставено и барање за издавање наредба за приведување на осомничениот кој е недостапен на органите на прогонот, соопшти Обвинителството.

Египет e домаќин на преговорите за прекин на огнот во Газа меѓу Фатах и Хамас

Каиро е домаќин на средби меѓу политичкото движење Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас и палестинската група Хамас за да се разговара за создавање комитет за управување со Газа по војната.

Каиро е домаќин на средби меѓу политичкото движење Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас и палестинската група Хамас за да се разговара за создавање комитет за управување со Газа по војната, објави египетската државна телевизија Ал Кахера њуз, која цитираше висок египетски безбедносен извор.

Одлуката за организирање на консултациите за кои станува збор е дел од посредничките напори на Египет со учество на палестинската и израелската страна за постигнување договор за прекин на огнот и проширување на пристапот до хуманитарна помош.

Изворот, исто така, рече дека Хамас инсистира преговорите да доведат до сеопфатен договор што ќе обезбеди крај на војната, како и постигнување договор за размена на заложници за затвореници.

Сепак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека војната може да заврши само откако ќе биде уништено движењето Хамас.

притисни ентер