МОН: Средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип ќе се трансформира во Регионален центар

Средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип ќе се трансформира во Регионален центар за стручно образование и обука.

Општинското средно училиште „Коле Нехтенин“ во Штип ќе се трансформира во Регионален центар за стручно образование и обука, кој ќе биде под надлежност на државата. Ова ќе биде процес кој согласно Планот за раст, ќе треба да се заокружи во временска рамка од три години.

За ова информираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска при денешната посета на општина Штип, додавајќи дека станува збор за важна одлука во рамки на заложбите на Владата за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем и негова синхронизација со пазарот на трудот.

„Следува дефинирање на струките што тука ќе се нудат за кадар кој е недоволен во моментов за потребите на индустријата во регионот. Ќе работиме на поврзување на ова училиште со бизнис заедницата и ќе направиме крупни инфраструктурни инвестиции за модернизација на условите за настава, за што се надевам дека ќе добиеме финансиска поддршка од Европската Унија, како што добивме и за претходно формираните регионални центри“, рече Јаневска.

Министерката посочи дека „Коле Нехтенин“ ќе биде шестиот регионален центар за стручно образование и обука кој се отвора во државата. Три се веќе интегрирани во образовниот систем и добро функционираат, додека два се во процес на трансформација. Предвидено е во секој од осумте плански региони да има ваква образовна установа која ќе овозможува и промовира стручно образование.

МОН.

Потпишан е најголемиот договор во историјата на спортот

Бејзбол играчот Хуан Сото се согласи на 15-годишен договор со Њујорк Метс вреден 765 милиони долари, што е најголемиот договор во историјата на професионалниот спорт.

Американските медиуми пренесуваат дека потпишувањето на договорот зависи од тоа дали Сото ќе помине лекарски преглед.

Се нагласува дека овој договор, бидејќи нема конкретни информации за заработка надвор од Соединетите Американски Држави, би станал и најголемиот во историјата на професионалниот спорт.

И ESPN пренесува дека договорот на Сото со Мец има дополнителни клаузули, па неговата вкупна вредност би можела да надмине 800 милиони долари. Сото би требало да добие само бонус за потпишување од 75 милиони долари.

Американските медиуми потсетуваат дека Сото одбил 440 милиони долари од Вашингтон во 2022 година за 15-годишен договор.

Њујорк Јенкис му понудиле на Сото нов 16-годишен договор вреден 760 милиони долари, но тој ја прифатил понудата на Њујорк Метс.

Сото (26) четири пати играше на Ол-стар натпреварот на МЛБ, а три пати беше избран за најдобар тим на натпреварувањето. Тој ја освои титулата во МЛБ со Вашингтон во 2019 година.

Њујорк Јенкис годинава беа поразени од Лос Анџелес Доџерс во финалето на МЛБ лигата.

Петрушевски: ДУИ 20 години бира судии, но и покрај тоа одбраа да приредуваат политички циркус

ДУИ 20 години бира судии, точно ги знаат правните процедури, и како одлучува Уставниот суд, но и покрај тоа одбраа да приредуваат политички циркус, за да го одвлечат вниманието од јавноста од тоа што 20 години ја крадеа државата.

ДУИ 20 години ги краде Албанците и Македонците, а секогаш се повикува на Албанците кога треба да краде или кога се спречени во тоа, како сега.

Стравот на ДУИ е затоа што доаѓа време за одговорност на нивните криминални функционери, кои додека продава патриотизам дебело се нафатирале, а граѓанинот Албанец и Македонец се иселил.

ДУИ се демаскирани, сите гледаат дека нивното политичко делување последните неколку месеци е само во насока на заштита на политичките криминалци кои ја ограбија државата.

Наместо да седат на ладно, подобро ќе биде да се реформираат како партија, зошто бргу од денес доаѓаат локални избори, да не им се случи уште поголемо изненадување.

Владата нема да дозволи никаква опасност по мирот. Институциите се на висина на задачата и заедно со нашите меѓународни партнери разменуваат информации, ја следат состојбата и ќе делуваат според потребата, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Шолц предупреди по затвортањето на фабриката на Фолксваген: Германија е на раб на хаос

Германскиот канцелар Олаф Шолц предупреди дека затворањето на фабриките на Фолксваген би било грешка, нагласувајќи ја одговорноста на компанијата кон работниците во време на сериозни предизвици за европската автомобилска индустрија.

Гигантот со седиште во Волфсбург се соочува со притисок да ги намали трошоците во Германија за да се бори против поевтината конкуренција од Азија, што предизвика незадоволство кај вработените поради потенцијалните отпуштања и затворања на погони. Пресврт во овој спор се очекува денеска, кога ќе се одржи четвртата рунда преговори, објавио Ројтерс.

Шолц во изјава за германските медиуми посочи дека одлуките за судбината на погоните на компанијата мора да бидат резултат на договор меѓу работодавците и претставниците на работниците. Тој додаде дека актуелните проблеми се резултат на лошото менаџирање, а со тоа дополнително укажа на одговорноста на раководството.

Во меѓувреме, работниците на Фолксваген најавија продолжени штрајкови ширум Германија, означувајќи го почетокот на новата фаза на индустриски активности што може да се претвори во долгорочни прекини на работата. Според синдикатот ИГ Метал, планирани се штрајкови на девет локации, со цел да се изврши притисок врз раководството пред клучните преговори.

Од компанијата најавија дека дијалогот со работниците е во тек, нагласувајќи ја потребата од изнаоѓање долгорочни решенија кои истовремено ќе обезбедат економска стабилност и работни места.

Овој конфликт доаѓа во време кога Германија минува низ економски и политички турбуленции, додека европската автомобилска индустрија се соочува со глобални промени и зголемена конкуренција на пазарот. Работниците на Фолксваген веќе најавија масовен состанок во Волфсбург, непосредно пред да продолжат преговорите, што дополнително ги зголемува тензиите во оваа борба за спас на работните места.

притисни ентер