Преживеаните од урнатините во Нови Сад се во многу тешка состојба, потврдија од болницата

Состојбата на тројцата преживеани од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад е објавена денеска нешто пред 17 часот пред Ургентниот центар на Војводина.

Еден млад маж и две девојки се уште се во многу тешка состојба.

- Направени се нови оперативни зафати. Сите се во многу тешка состојба - изјави директорката на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов.

- Неблагодарно е да се прават прогнози, се работи за сериозни повреди опасни по живот и исходот е неизвесен - додаде таа.

Таа посочи дека се работи за тешки подливи на внатрешните органи, а пациентите постојано се праќаат на дополнителни скенери. Докторката истакна дека постојано се работи на згрижување на внатрешните повреди.

- Не се свесни, сите се на апарати за вештачко дишење, се во многу тешка состојба и витално загрозени - заклучи Туркулов во обраќањето во живо.

Во несреќата што во црно ја зафати цела Србија загинаа 14 лица, меѓу кои и деца, а три лица се во животна опасност и се наоѓаат во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Војводина.

Арсовски: Не знаеме што ќе одлучи Уставен, нејасно е зошто ДУИ протестира

Протестот на ДУИ повеќе наликува на обид за враќање на политичката сцена, оценува за Канал 5 политичкиот аналитичар Петар Арсовски..

Според него, без разлика каква ќе биде одлуката на Уставен, не е реално да се случи поголема дестабилизација, со оглед дека Македонија е членка на НАТО..

Дафина Стојановска:Мицкоски ми кажа дека Австрија и Франција имаат разбирање за нашите позиции

Освен Унгарија и Хрватска, разбирање за позииците на владата за одложено дејство на уставните измени покажувале и Австрија и Франција.

Освен Унгарија и Хрватска, разбирање за позииците на владата за одложено дејство на уставните измени покажувале и Австрија и Франција, тврди пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, која е гостинка во новото издание на поткастот „На кавга со Иван“ што ќе се емитува вечерва...

Малолетник на 14 години и мажи на 71 и 66 години се жртвите во трагедијата во Црвени брегови

Македонија вчера ја потресе веста за три починати лица, пронајдени во неготинското село Црвени брегови, од кои едно дете.

Трагедија го потресе неготинското село Црвени Брегови, каде беа пронајдени беживотни тела на еден малолетник и на две лица на возраст од 71 и 66 години. Телата биле пронајдени вчера попладнето во мала куќа во селото која се користела како импровизиран верски објект. Од ОЈО Кавадарци соопштија дека при првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство, а оттаму издадена е и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле во објектот ..Од СРВ Велес информираат дека телата на починатите се дадени на обдукција.

„На 08.12.2024 година во 16:35 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во куќа во с.Црвени Брегови Неготинско биле пронајдени починати Ј.Ј (71) од Битола, Ф.Е (66) од Ресен и малолетник од с.Црвени Брегови. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. “

Според директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев ретко се случува трагедија со смртни последици да настане од плин. Можно сценарио, според него, е труење заради зголемена концентрација на јаглероден моноксид во воздухот, предизвикано од некаков извор во просторијата кој го трошел кислородот..Сепак тој вели она што со сигурност ќе покаже што се случило е обдукцијата.

„Сега се што зборуваме може да се протолкува како шпекулација, додека не заврши истрагата, обдукцијата со која што ќе се утврди точната причина, меѓутоа повеќе стои можноста дека е труење со јаглероден моноксид.. Плинот многу ретко може ваква трагедија да предизвика. Можно е да имало некој извор при кој што горел плин кој што го трошел кислородот во просторијата каде што престојувале за жал тројцата настрадани. Најчесто ваква смрт настапува заради зголемена концентрација на јаглероден моноксид кој е гас без мирис и кој што убива без предупредување.. “

Од СВР Велес соопштија и дека увид на лице место извршиле екипи од ОЈО Кавадарци и од неготинската полиција и дека истрагата за целосно расчистување на случајот, односно дали станува збор за задушување или други околности кој довеле до трагедијата е во тек.

притисни ентер