СЗО: Три од пет деца секојдневно доживуваат семејно насилство

Стотици милиони деца и адолесценти ширум светот секојдневно се соочуваат со насилство во нивните домови, училишта и на други места, што може да има доживотни последици, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Насилството вклучува удирање од членови на семејството, малтретирање на училиште, како и физичко, емоционално и сексуално насилство, соопшти СЗО.

Во повеќето случаи насилството се случува зад затворени врати. Според СЗО, повеќе од половина од децата на возраст од 2 до 17 години – или вкупно повеќе од милијарда малолетници доживуваат насилство секоја година.

Кај три од пет деца и адолесценти тоа е физичко насилство дома, при што секое петто девојче и секое седмо момче доживеале сексуално насилство. Помеѓу четвртина и половина од малолетниците се малтретирани, според дадените информации.

Само половина од децата, наводно, зборуваат за своите искуства на насилство, а помалку од 10 проценти добиваат помош.

Доживотните последици може да вклучуваат депресија и анксиозни нарушувања или употреба на тутун и дрога. Како резултат на тоа, многу деца не го достигнуваат својот потенцијал за учење на училиште.

- И покрај тоа што може многу да се спречи, насилството останува ужасна секојдневна реалност за милиони деца ширум светот – оставајќи лузни кои опфаќаат генерации, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.

Првата конференција на ОН за насилство врз децата е отворена денеска во Богота, Колумбија. Повеќе од 100 земји ветија дека ќе најдат начини за подобра поддршка на преоптоварените родители и за воведување училишни програми против малтретирањето и за здраво социјално однесување.

Тие, исто така, ветија дека ќе ја зголемат минималната возраст за брак. Некои земји сакаат генерално да забранат децата да бидат удирани на училиште или дома.

Недостаток на дел од биолошката терапија на Клиниката за онкологија, се очекува следните денови

На Клиниката за онкологија и радиотерапија повторно недостига дел од биолошката терапија.. 

Пациентите од Клиниката за онкологија и радиотерапија кои примаат биолошка терапија реагираат дека ги нема лековите ниволумаб и пембролизумаб. Пациентите велат дека точно навреме треба да се прима терпијата и стравуваат дека наредната доза ќе ја нема. Од клиниката за онкологија посочуваат дека потрошувачката на овие лекови е зголемена.

„Административната процедура со набавката е при крај и се надеваме дека во тек на следните денови ќе ги имаме на клиниката.“

Од клиниката велат дека се работи на системско решавање на проблемот со намалена количина на лекови во иднина. И во новиот ревизорски извештај за клиниката за онкологија отркива дека клучен проблем е немањето кадар на клиниката и биолошка терапија нема за сите пациенти, туку за само 24% од нив. Просечниот број на извршени услуги за одредени дијагности надминува по пет илјади прегледи годишно по специјалист што доведува до голема оптеретенос на вработените.

Германија и Австрија со експресна реакција- од денеска не примаат барања за азил од Сиријците

Владата во Берлин одлучи да престане да прифаќа барања за азил од сириски граѓани.

Германската агенција ДПА соопшти дека оваа одлука ќе стапи на сила веднаш.

Малку порано австриски „Кроне“ објави дека и австриската влада одлучила да ги стопира сите барања за азил поднесени од државјани на Сирија. Во исто време, властите во Виена одлучија да ги стопираат барањата за обединување на семејствата поднесени од сириските граѓани.

Повеќе од 6,2 милиони бегалци ја напуштија Сирија во последните 13 години од граѓанската војна во земјата. Голем дел од нив дошле во Европа преку Турција.

Одлуката на Германија и Австрија да престанат да добиваат барања за азил од сириските граѓани уследи по помалку од 72 часа откако опозициските сили маршираа во Дамаск, што доведе до бегство на сирискиот претседател Башар ал Асад, кој со семејството доби азил во Русија.

Арсовски: Не знаеме што ќе одлучи Уставен, нејасно е зошто ДУИ протестира

Протестот на ДУИ повеќе наликува на обид за враќање на политичката сцена, оценува за Канал 5 политичкиот аналитичар Петар Арсовски..

Според него, без разлика каква ќе биде одлуката на Уставен, не е реално да се случи поголема дестабилизација, со оглед дека Македонија е членка на НАТО..

притисни ентер