За осум отсто зголемено насилството против германските полицајци во 2023 година

Агенцијата за криминалистички истраги со седиште во Визбаден истакнува дека биле регистрирани 46.200 случаи на насилство, при што биле погодени повеќе од 105.000 полицајци.

Германија забележа значителен пораст на насилството врз полицајци во 2023 година, се наведува во денеска објавен извештај на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (БКА), која посочува дека најновите годишни бројки покажуваат раст од осум отсто на физичките напади.

Агенцијата за криминалистички истраги со седиште во Визбаден истакнува дека биле регистрирани 46.200 случаи на насилство, при што биле погодени повеќе од 105.000 полицајци.

„Од 2017 година, бројот на случаи во оваа област континуирано расте“, се наведува во извештајот.

Случаите на опасни и сериозни телесни повреди се намалени за 13 отсто на 1.260.

Полицајците не беа единствените служби за итни случаи кои беа нападнати. Пожарникарите и екипите на брзата помош беа вклучени во повеќе од 2.500 инциденти на насилство, се вели во извештајот. /МИА

Египет e домаќин на преговорите за прекин на огнот во Газа меѓу Фатах и Хамас

Каиро е домаќин на средби меѓу политичкото движење Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас и палестинската група Хамас за да се разговара за создавање комитет за управување со Газа по војната.

Каиро е домаќин на средби меѓу политичкото движење Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас и палестинската група Хамас за да се разговара за создавање комитет за управување со Газа по војната, објави египетската државна телевизија Ал Кахера њуз, која цитираше висок египетски безбедносен извор.

Одлуката за организирање на консултациите за кои станува збор е дел од посредничките напори на Египет со учество на палестинската и израелската страна за постигнување договор за прекин на огнот и проширување на пристапот до хуманитарна помош.

Изворот, исто така, рече дека Хамас инсистира преговорите да доведат до сеопфатен договор што ќе обезбеди крај на војната, како и постигнување договор за размена на заложници за затвореници.

Сепак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека војната може да заврши само откако ќе биде уништено движењето Хамас.

Рама утре „ќе лета орли“ во Солун, грчките ултранационалисти ќе го пречекаат со протест

Во рамки на серијата средби со албанската дијаспора, премиерот Еди Рама, ќе оствари уште една средба со Албанците од Грција, овој пат утре во Солун, по онаа од мај во Атина.

-Со особено задоволство ќе се вратам кај Албанците во Грција, овој пат во Солун, каде историјата нѐ поврза со илјада нишки и денес нѐ обединува повеќе од кога било, со нашите јужни соседи, како два европски народа, кои дури и за неколку години ќе бидат рамо до рамо во Европската Унија.“, напиша Рама на Фејсбук.

На средбите тој ја бара поддршката на дијаспората за четврт мандат, на која право да гласа ѝ се дава за првпат на парламентарните избори што во Албанија ќе се одржат на пролет...

Грчките ултранационалисти пак, планираат да го пречекаат со протест, на кој главниот говор ќе го одржи претседателот на грчката ултранационалистичка партија, Национален фронт, Димитрис Валасидис.

Директорот на „Биосенс“ ексклузивно за Канал 5: Васко Саздовски беше одличен научник и човек

Одличен научник и човек, секогаш насмеан и оптимистичен, вака од институтот Биосенс во Нови Сад го опишуваат Васко Саздовски...

Во ексклузивен разговор за Канал 5, директорот на институтот Владимир Црнојевиќ вели дека Саздовски секој викенд патувал за Македонија...

Црнојевиќ вели дека Васко работел во институтот повеќе од една година, се занимавал со роботика и нивна примена во земјоделството. Вели дека Васко беше одличен и како научник и како човек, многу позитивен, насмеан и оптимистичен. Директорот додава дека Саздовски секој викенд патувал за Македонија, кај семејството.

Утрово имавме мала комеморација за Васко пред Институтот, вели директорот Владимир Црнојевиќ.

Со него разговараше Маја Стојановска.

притисни ентер