Гордана Сиљановска-Давкова порача:СДСМ и ДУИ никогаш нема да бидат тоа што сме ние!

Се срамам кога гледам дека она што е гаранција за просперитетот на било која држава, ние го имаме но тие го крадат. Мислам на енергијата, мислам на водата, мислам на земјата, на земјоделието.

Меѓутоа далеку од тоа дека тие мислат за иднината на оваа земја. Како ште гледате се силеа, се силеа, се палеа. Биле европски претседтели, биле наши претседали. Ама сега во агонијата се силат на бојкот!

Се разбира дека јас не се плашам од дебата, ќе видиме што ќе дебатираат. Но мислам дека, не само што се плашат од соочувањето туку и веќе немаат што да кажат. Нема пострашна работа од власт на заминување. Тие раскарани меѓу себе, секој ден се обвинуваат кој бил повиновен за состојбата во која што се наоѓаме. Па дури и смешни изјави даваат, дека грешеле, грешеле, ама им треба уште една можност. Демек да докажат дека не се тоа што се односно дека се тоа што сме ние. Ама тие никогаш нема да бидат тоа што сме ние!

Јас мислам дека на 8 мај ќе ни дозволите, со ваша помош, со ваш благослов, со божји благослов, да покажеме дека оваа земја има иднина! Дека оваа земја има капацитет да биде пристојна европска држава! Дека овој народ заслужува да биде горд на своите претставници! Дека оваа држава заслужува повторно да биде горда и ваша!

Гордана Сиљановска-Давкова порача:Не дозволувајте СДСМ и ДУИ да внесат нови делби! Време е за единство!

Денеска, 28.04.2024 година (недела), изборната кампања за кандидатката за претседателка на Македонија, професор д-р Гордана Сиљановска-Давкова, оддрижа митинг во Демир Хисар.

Во продолжение Ви ги пренесуваме клучните точки од нејзиниот говор пред граѓаните на Могила. Гордана Сиљановска-Давкова порача: Не дозволувајте СДСМ и ДУИ да внесат нови делби! Време е за единство!

Не верувајте им на различните комбинации, тоа е политичка фантастика. Неверојатна политичка математика. Зошто ќе имаат тажен крај? Бидејќи, секој човек може да забележи што се случува во оваа група што оди заедно. Фрлете поглед на оваа група напред, фрлете поглед на дебатите, фрлете поглед кога доаѓаме и си заминуваме. Ние сме заедно, ние сме насмеани. Ние знаеме дека нашите чекори се вистинските, демократските, на промените и реформите! А тие, како и секогаш кога некој си оди, почнуваат да се расправаат. Стимулираат делби! Не дозволувајте да внесат нови поделби меѓу вас без оглед на етничка, верската, социјалната, идеолошката или било каква определба! Не е време за делби! Време е за единство! Она национално единство мора да се оствари! Јас ви тврдам дека ќе има единство! И меѓу претседателката и владата водена од премиерот, ама исто така и единство нераскинливо со народот, со граѓаните! Ви ветувам дека секој ден ќе ве потсетуваме дека сме тука заради вас граѓаните!

Руски медиуми: Товарен воз во близина на Волгоград излета од шините

 Товарен воз во близина на Волгоград излета од шините по „интервенција на неовластени лица“.

Товарен воз излета од шините во близина на Волгоград, во југозападна Русија, по „интервенција на неовластени лица“, јавија утринава руските медиуми.

-На станицата Котлубан, во регионот на Волгоград, вагон излета од шините по интервенција на неовластени лица, јавија руските медиуми.

Пожарот што избувнал во резервоарот за гориво и во еден вагон е изгаснат, соопштија од Министерството за вонредни состојби.

Детали за инцидентот не се објавени.

Градот Котлубан е на околу 300 километри од границата со Украина, а регионот на Волгоград беше цел на напади со украински беспилотни летала.

Лајчак: Прашањето за употребата на динарите на Косово може да се постигне со компромис

 Решението на прашањето за употребата на динарите на Косово може да се постигне со компромис

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, синоќа изрази уверување дека може да се постигне привремено одржливо решение за прашањето за употребата на динарот на Косово, со „флексибилност и компромис за двете страни“.

-Подоцна оваа недела ќе бидам домаќин на главните преговарачи на Косово и Србија на разговори со цел да се најде одржливо привремено решение за оние кои се погодени од регулативата за готовинските трансакции на Централната банка на Косово. Уверен сум дека може да се постигне договор, но тоа ќе бара флексибилност и компромиси од двете страни, напиша Лајчак на Фејсбук.

Тој најави дека ќе ја посети Финска, по „напорната недела во САД“, каде, како што наведе, имал важни, корисни и детални разговори со претставници на Стејт департментот, Советот за национална безбедност и ОН.

Градскиот мешан хор „Вардар“ освои златен медал на Меѓународниот хорски фестивал

Градскиот мешан хор „Вардар“ освои златен медал на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина.

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје се закити со златен медал на 23-тото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, Република Српска, БиХ, во конкуренција на мешани хорови од регионот.

-Хорот, под водство на маестра Јасмина Ѓорѓеска, на Фестивалот кој се одржа од 10-12 мај 2024 година, покажа висок степен на музичка изведба, што резултираше со освоено прво место. При доделување на наградата, членовите на жирито го пофалија напорот и ангажманот на членовите на хорот, истакнувајќи го исклучителниот труд и музички талент. Хорот на Фестивалот се претстави со четири композиции од домашни и странски автори, информираат од Градскиот мешан хор „Вардар“.

Учеството на Фестивалот било поддржано од Министерството за култура на Република Македонија, Алкалоид АД Скопје, Берин ДОО - Агенцијата за интелектуална сопственост и Мак Тенда ДООЕЛ од Јегуновце.

Хорот „Вардар“ во своето 24-годишно постоење, со посветеност и ентузијазам ја промовира хорската музика во Република Македонија и во странство, постигнувајќи бројни награди и признанија.

притисни ентер