Како се наближуваат велигденските празници така цената на јагнешкото месо расте. За една недела цената за килограм во дел од месарите и маркетите е зголемена од 150 до 200 денари. Сточарите велат пред велигденските празници цената секогаш била повисока, но ова што сега се случува е нералано. Според нив најголемиот проблем е кај трговците кои ставаат високи маржи, бидејќи велат нивната откупна цена е 220 денари за килограм, па јагнето според нив не би требало да биде поскапо од 500 денари.
„Ние баравме да има некоја опција, да има заштитна цена од државата, да речеме ако биде заштитена цената , да не смеат да го откупат помалце од 300 денари нас не ни треба субвенција. Значи ние веќе парите ги добиваме. Ама веќе кога ќе добиеме заштитна цена треба да се направи и закон и за трговците и која ќе биде нивната најголема маржа која може да ја постават и така да бидат радосни и сточарите и граѓаните.“
Годинава јагнето се продава по цена од околу 220 денари за килограм жива мера, додека пред некоја година, цената се движеше од 150 до 170 денари. Граѓаните кои ги накетиравме велат со овој стандард тешко дека може да си дозволат и килограм месо.
„На стариот пазар јас бев касап за Велигден, колевме продавме, тоа нема веќе никој не ни продава веќе, видете луѓето немаат пари, еве пазарот само си шетаат гледаат цени, ако земал до вчера да кажеме кило две кила, денес ќе земе пола кило....“
„Никогаш на оваа цена не. Ние не можеме обично нешто да си дозволиме , сувомеснато па не тоа...“
„Не можам да си доволам и нема да купам ... “
За сточарите пак, дополнителен проблем за високите цени е и намалениот број на овци, за што велат алармирале уште пред неколку години.
„Ќе се соочиме со недостаток на јагнешко месо бидејќи уште тогаш ние имавме 450 илјади овци во Македонија, бројка што е загрозувачка и ние баравме некој мерки од Валдата за да се одржи сточарството но не добивме, и еве дојдовме до ова на што сме....“
И пред католичкиот Велигден, и оваа како и претходните години, македонското јагне во голем дел заврши на италијанскиот пазар.