Дали стекнатиот азил во Грција му дозволува слободно движење на Горан Грујевски?

Дали хрватските власти имале основ за ослободувањето на поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој беше уапсен на аеродром во Загреб по потерница за издржување на затворска казна во Македонија?

Од хрватските власти нема официјално објаснување, но образложението на дел од адвокатите кои го застапуваа пред судовите во државава е дека добиениот азил во земја членка на Европскта унија гарантира азил во сите земји кои се дел од Унијата.

Докторантот на катедрата за казнено право при правниот факултет во Загреб, професорот Андреј Божиновски објаснува дека секој кој добил азил во земја членка на ЕУ може слободно да се шета низ шенген зоната, но не смее да се вработува во друга држава освен во онаа која му дала азил.

Според професорот Божиновки, Груевски би бил уапсен само доколку се обиде да влезе на територија на земја која не е дел од шенген зоната.

Од Министерството за правда пак објаснуваат дека по информацијата за апсењето, не побарале екстрадиција затоа што Груевски бил веднаш ослободен, односно не бил во екстрадициски притвор.

-За Грујевски, како и за било кој друг кој е предмет на меѓународна потерница се бара екстрадиција по добиена информација по службен пат од тамошните државни власти, односно хрватските институции.

Официјално, од Хрватска, немаме никаков допис за ова лице.Единствено известување имаше од МВР кое исто така даде и дополнителни информации поврзани со ова име, - Министерство за правда.

Според првичните информации, Грујевски бил во посета на неговиот син кој студира во Хрватска, а бил пуштен откако лица од грчката амбасада во Хрватска го посетиле и побарале негово итно ослободување. Според информациите, тој во меѓувреме стекнал и грчко државјанство.

Горан Груевски, заедно со неговиот колега Никола Бошковски, избегаа во Грција во 2017 година, каде што побараа политички азил по обвиненијата против нив во случајот „Таргет-Тврдина“ на поранешното Специјално обвинителство, поврзан со нелегалното прислушување во Македонија.

Ролинг Стоунси ја започнаа американската турнеја со распродаден концерт во Хјустон (ВИДЕО)

Легендарната рок група Ролинг Стоунс вчера со концерт во Хјустон ја започна својата турнеја во Северна Америка.

Според американските медиуми, обожавателите на Стоунс патувале од различни американски градови за да го видат еден од најголемите бендови во историјата на рок музиката, загрижени дека ова би можело да биде нивната последна турнеја, пренесува Ројтерс.

Настапот на Стоунс во Хјустон беше првиот од 16-те претстави што бендот ги планираше низ САД и Канада до јули оваа година.

Британскиот рок бенд, кој беше формиран пред повеќе од шест децении, го отвори своето шоу во Хјустон со песната „Start Me Up“, а фронтменот на бендот, 80-годишниот Мик Џегер, се прошета на сцената во јакна на пруги и сива кошула со светки.

Со Џегер, на сцената излегоа Кит Ричардс (80) и Рони Вуд (76), преживеаните членови на јадрото на Стоунси.

Димитриевски од Битола ги повика граѓаните во борба за менување на владеачката структура

Димитриевски од Битола ги повика граѓаните да се придружат во борбата  за менување на владеачката структура која се однароди и од членството на СДСМ и од народот.

Караванот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по Охрид и Ресен, беше и во Битола. Претседателот на Движењето ЗНАМ За наша Македонија, Максим Димитриевски, носителката на листата за кандидати за пратеници во ИЕ, Весна Бендевска, како и другите кандидати имаа повеќе средби со граѓаните.

Во изјавата за медиумите во Битола, Димитриевски рече дека ЗНАМ се формирал како политички субјект заедно со граѓаните и се афирмира како нова политичка сила во Македонија.

„Нашата цел е да работиме согласно програмските определби, од граѓаните, заедно со граѓаните и за граѓаните“, рече тој и упати порака до сите чесни социјалдемократи дека вратата на ЗНАМ е отворена за нив.

„Ги повикувам заедно да работиме на менување на оваа владеачка структура којашто се однароди, не само од сопственото членство, туку и од народот. Истите тие кои се претставуваат дека се наводно потомци на АСНОМ-ци, а всушност ги избришаа АСНОМ-ските постулати од Уставот на Македонија“, потенцира Димитриевски и ги повика сите да се придружат за да ја водат оваа борба заедно до крај.

„Да победиме на овие избори и во иднина да бидеме коректив на секоја власт и на секоја опозиција во државата од позиција на трета политичка сила, која се вика Движење ЗНАМ –За наша Македонија“, рече тој.

Носителката на листата за Ие 5, Весна Бендевска потенцира дека ЗНАМ добива се поголема и помасовна поддршка во очи на парламентарните избори на осми мај.

„Сега сите знаеме дека сме на вистинската страна“, рече Бендевска и ги повика граѓаните да го заокружат бројот седум, затоа што Движењето ЗНАМ знае како заедно со граѓаните да ја подигне Македонија на нозе и да ја води државата достоинствено и чесно, се наведува во партиското соопштение.

Вооружени напаѓачи среде бел ден ја убиле мисицата на Еквадор (23) (Вознемирувачко видео)

Мис на Еквадор, Ленди Парага е убиена во градот Кеведо додека била во ресторан, а сѐ е снимено од надзорните камери и сега на социјалните мрежи се шири вознемирувачкото видео.

Таа имаше 23 години. Полициската истрага е во тек, пишува Дејли мејл.

На видеото се гледаат двајца вооружени напаѓачи како влегуваат во ресторанот, додека Ленди Парага и еден маж стојат покрај масата. Додека парот разговарал, напаѓачите влегле во ресторанот и испукале неколку куршуми кон двајцата и веднаш го напуштиле објектот и побегнале.

Инаку, Парага беше натпреварувачка за Мис Еквадор и ја претставуваше провинцијата Лос Риос во 2022 година. Таа има над милион следбеници на социјалните мрежи. На само 23 години, таа стана сопственик на компанија за увоз на предмети за домаќинството и води сопствена линија на спортски чевли.

Нејзиното име беше споменато во декември 2023 година во пораките објавени од канцеларијата на јавното обвинителство, поврзани со голем случај на организиран криминал што го истражуваа. Едно од 52-те лица кои се под истрага во овој случај е Хеливе Ангуло, попознат по прекарот Естимадо.

Во разговорот, тој му рекол на дилерот на дрога Алехандро Нортер, со чиј имот управува, дека полицијата го испрашувала за Парага. „Ако мојата сопруга најде нешто за неа, јас сум готов“, напишал Нореро. „Пријателе мој, нејзиното име нема да се појави никаде“, го добил договорот.

Нореро е убиен во затвор во 2022 година, шест месеци откако беше затворен. Трансферите на пари на сметката на Парага се под истрага на јавното обвинителство.

притисни ентер