Дејно од Оклахома е прогласен за тренер на годината во НБА

Предводникот на Оклахома Сити, Марк Дејно е прогласен за тренер на годината во НБА, објави најсилната кошаркарска лига на светот.

Триесет и деветгодишниот Американец во гласањето доби 473 поени. На првото место Дејно го поставија 89 од 100 испитаници.

Втор е главниот тренер на Орландо меџик, Џамал ​​Мозели, со 158 поени.

Тренерот на Минесота, Крис Финч, заврши на третото место со 105 поени.

Оклахома регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место во Западната конференција со 57 победи и 25 порази.

Во првото коло од плејофот екипата на Оклахома води со 3:0 против Њу Орлеанс во серијата прв до четири победи. /МИА

Уапсен е најдобриот голфер на светот, спортската јавност во шок (ВИДЕО)

Најдобриот голфер на светот Скоти Шефлер утрово е уапсен, објавија светските медиуми!

Шефлер е приведен од полицијата пред голф клубот Валхала, а се уште нема повеќе информации за причините.

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се видат полицајците како го водат Шефлер до полициско возило, а потоа го одведуваат.

Украинците објавија снимка од жестоки улични борби за важен град на северот (ВИДЕО)

Украинските граничари објавија снимки од жестоки борби за стратешки важниот град Вовчанск во североисточниот дел на земјата, во областа Харков.

Борбите за тој град траат веќе една недела, откако руските сили започнаа ненадејна копнена офанзива преку границата. Во него тие зазедоа десетина села во регионот на Харков, но градот Вовчанск, кој беше речиси целосно евакуиран, сè уште се држи.

Русите тврдат дека влегле во градот од два правци за да воспостават позиции, додека Украинците тврдат дека ги враќаат назад и го стабилизираат фронтот. Очигледно, најголем дел од борбите се водат во предградијата на Вовчанск.

Таравари: До петок конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

Претседателот на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.

Претседателот на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари на новинарско прашање за преговорите за формирање на влада, рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.

притисни ентер