Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

Гордана Сиљановска – Давкова и официјално е првата претседателка на Македонија

Гордана Силјановска Давкова ја даде свечената заклетва во Собранието со што и официјално стана шестиот претседател на Македонија.

По заклетвата имаше и 15 минутен говор пред пратеници и вети дека ќе биде претседателка на сите граѓни и повика на обединување.

Од таму се упати во Вила- Водно каде на свечена церемонија досегашниот претседател Пендаровски ѝ посака успех во работата…

Со слика во живо одиме пред Вила Водно, таму Елизабета Дамјаноска – Спасеновска.

Кои се ингеренциите на претседателот на државата?

На денот кога Македонија доби нова претседателка, да се потсетиме на надлежносите кои ги има шефот на државата и во кој дел од политиката и развојот на општеството може највеќе да влијае….

Македонија добива за прв пат жена за претседател . Ингеренциите на шефот на дражавата се да ја претставува Македонија. Во овој случај и прв пат жена е врховен командант на вооружените сили. Своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со мандат од пет години.

Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.

За претседател исто лице може да биде избрано најмногу два пати односно во два мандата. Претседателот мора да биде државјанин на Република Македонија. За претседател може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот и мора да биде жител најмалку десет години во последните 15 години.

Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.

Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.

Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд по службена должност.

Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Сиљановска-Давкова: Потребно е помирување – ќе бидам претседателка на сите граѓани

Гордана Силјановска Давкова ја даде свечената заклетва во Собранието со што и официјално стана шестиот Претседател на Македонија.

“Изјавувам дека функцијата претседател на Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно. Ќе го почитувам Уставот и и законите и ќе го штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Македонија.“

Со свечената изјава и обраќањето пред пратениците во заминување и бројните гости во Парламентот, Гордана Силјановска Давкова го започнува петгоднишниот мандат како прва жена претседателка на Македонија. Во 15 минутниот говор од собраниската говорница најголем дел посвети на жените, вети дека ќе го почитува законодавниот дом, ќе биде претседателка на сите без да прави разлика по било која припадност, а побара за возврат да не и замеруваат доколку во иднина користи „вето“ на законите кои таа ќе ги оцени дека се штетни за државата.

„Ќе го почитувам овој парламент, ќе ги заборавам лошите моменти, ќе ги помнам само добрите, ќе бидам претседателка и на левата и десната страна, на сите граѓани, нема да правам разлика меѓу нив по етничка, верска, полова ни по која било друга основа. Ќе се обидам да ги оправдам овие илјадници гласови кои не се само најубав подарок за мојот роденден, туку и најголема обврска и одговорност.“

Новата претседателка се заблагодари на големиот број на граѓани кои гласаа за неа на изборите, а ги спомена и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Мицкоски и Ковачевски.

„Јас, Мицкоски пред 2019 година само еднаш го видов на телевизиските екрани. Довербата е многу важна, јас ќе ја оправдам – не поради долг кон политика или партија, туку бидејќи добив шанса да бидам опкружена со многу жени. Можеби некој ќе ми замери што го споменав господинот Мицкоски, но еве пред мене е и господинот Ковачевски, па сакам и него да го споменам. И тој се одважи да ми се јави, не само на Фејсбук да ми посака добредојде и успешна работа, туку да поразговараме.“

На инаугуративната седница во Собранието, покрај пратениците, лидерите на политичките партии, првите луѓе на армијата, правосудните органи и верските заедници, присуствуваше и поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и сопругата на Борис Трајковски, а не дојде Бранко Црвенковски. Во собранието беше и дипломатскиот кор, а меѓу нив и грчката амбасадорка Филипиду која во знак на протест поради тоа што новата претседателка не ја користеше „Северна“, ја напушти салата за седница.

притисни ентер