Дијана Тоска од Европскиот фронт: Мораториум на новите градби во Чаир

Јас сум Дијана Тоска, магистер по меѓународни односи, директорка на Театарот за деца и младинци, поранешна учителка на нашите деца и жител на Чаир.

Денеска се кандидирам за пратеник и ја барам вашата поддршка.

На Чаир му треба промена и ова ќе го донесеме заедно.

Ја злоупотребија нашата поддршка и доверба во Чаир, многу ја злоупотребија и го доведоа во непогодна состојба за живеење, без тротоари, без паркинзи, без патишта, без нови паркови, без игралишта, без водовод и канализација, без никаква капитална инвестиција, но само со узурпација на јавни површини, згради во паркови, непотизам, корупција и злоупотреба.

Денеска ви се обраќам како кандидат за пратеник за сериозно прашање кое не засега сите нас.

Масовните градби без дозвола и без план во парковите во нашата општина, во

нашиот Чаир, не гушат.

Секоја населба на Чаир е преполна, граѓаните немаат место за паркирање, луѓето немаат каде да да се движат.

Над 30 висококатници во Чаир се изградени надвор од законот и немаат ниту имотен лист, ниту градежна дозвола.

Челниците на Чаир во овие 20 години ја злоупотребија нашата доверба, ги измамија граѓаните и инвеститорите, но и нивните соседи за лична корист.

Граѓаните, измамени од општина Чаир, со последните пари купиле станови кои немаат имотни листови и дозволи, а инвеститорите своите пари ги вложиле во објекти кои го немаат регулирано имотно-правното прашање.

Ниту граѓаните што купија станови, ниту инвеститорите што ги изградија, не се виновни,виновни се челниците на општина Чаир што ја злоупотребија нашата

доверба за лична корист и за уништувањето на нашиот Чаир.

Затоа, ние како Европски фронт и пратениците во идното Собрание, од причина што граѓаните и инвеститорите не се виновни за овој урбанистички хаос во Чаир, вчера предложивме закон за легализирање на објекти изградени без дозвола за да се спасат граѓаните и инвеститорите, а ќе бараме правна одговорност за оние кои ја дозволија ваквата состојба, челниците на општина Чаир, се наведува во партиското соопштение.

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Лицата ќе бидат спроведени пред судија за претходна постапка.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против три лица од Кавадарци и Неготино, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” по член 215 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, во периодот од јануари до април 2024 година лицата се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на марихуана и кокаин и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на дрога.

-За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување обезбедени се материјални докази и утврдено е дека во наведениот период пријавените пуштиле во промет поголема количина на кокаин и марихуана. Лицата ќе бидат спроведени пред судија за претходна постапка, се наведува во соопштението.

Судскиот совет реагира на изјавата на Мицкоски за реформи во Советот

Судскиот совет не го прифаќа предлогот на идниот мандатар Христијан Мицкоски за нивно распуштање, поради нарушениот кредибилет на телото и судството генерално...

Го сметаат за обид за политичко мешање и убедени се дека можат самите, со поддршка и проекти од меѓународната заедница, да се изборат со предизвиците и да ја повратат довербата..

-Свесни сме за состојбата во судството, за нивото на довербата и се она што како недостаток се става на товар на судството и критиките ги прифаќаме. Меѓутоа, исто така убедени сме и дека судството во Република С. Македонија има капацитет да ги надмине состојбите без реформи и резови за кои никој не може однапред да ги предвиди ефектите кои ќе бидат предизвикани. Реформи заради реформи никому не му се потребни и истите само ќе ги вратат неколку чекори назад процесите и активностите кои судскиот совет ги превзема во овој период.

Според предлогот на Мицкоски, кој го образложи и во вчерашното обраќање на Самитот Македонија 2025, и Судскиот Совет и Советот на јавни обвинители треба целосно да се распуштат и на нвино место судиите и обвинителите самите да изберат нови членови со кредибилитет... потенцираше дека идната влада нема намера да поставува и да предлага свои луѓе преку измени во законот.

„Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Советот за јавни обвинители. Наша цел е да ги распуштиме овие кои довербата во правниот систем ја сведоа на едноцифрена бројка проценти, и наместо нив, самите судии и обвинители да си ги изберат своите претставници преку тајно гласање Наша обврска ќе биде да обезбедиме независен буџет, врзан со проценти од централниот буџет, за да бидат целосно автономни, за да не бидат потоа политичарите изговор на некој од тие корумпирани поединци во судство и обвинителство дека тие им правеле притисок. Сами да се изберат и сами да функционираат, а ние ќе правиме оверсајт на таа работа преку собраниска комисија во која ќе има претставници и на власта и на опозицијата“,-Христијан Мицковски.

По разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, кое беше поништено подоцна како незаконско, во земјава дојде и оценска мисија на ЕК, која во извештајот даде 40 препораки за надминување на состојбите... Меѓу нив клучни се....

Азески: Ја поддржуваме изјавата на Мицкоски за ревизија на договорот со „Бехтел и Енка“

„Ако е дадена согласно нашите заложби и во интерес на бизнисот, ја поддржуваме изјавата на Мицкоски за ревизија на договорот со „Бехтел и Енка““, вели Азески.

Се надевам дека вчерашната изјава на Мицкоски за ревизија на договорот со „Бехтел и Енка“ е дадена во согласност со нашите заложби за континуитет на правните договори што ги склучила претходната влада и ако се работи за подобрување во интерес на бизнисот, ние ќе ја поддржиме таа работа, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Одговорајќи на новинарски прашања по работната средба со раководството на „Македонија 2025“, Азески информира дека „Бехтел и Енка“ се нови членки на Стопанската комора.

-Тие беа тука да се зачленат. Разговаравме. Во разговорот беше спомнато дека во пикот на активностите ќе им требаат 4 000 луѓе, ќе бидат ангажирани на сите четири делници на кои ќе работат. Во нашето соопштение тоа беше прецизно истакнато. Тоа значи дека имаат дел работници, дел треба да обезбедат. Имаат време кога ќе е пикот и мислам дека тоа е само една најава. Што се однесува до изјавата на Мицкоски дека ќе има ревизија на договорот, се надевам дека таа е дадена во согласност со нашите заложби за континуитет на правните договори што ги склучила претходната влада и ако се работи за подобрување во интерес на бизнисот, ние ќе ја поддржиме таа работа. Ако не, бараме да се остане на она што е, истакна Азески.

Секој што ќе дојде, напомена, ќе биде соодветно пречекан во Комората.

-Штом некој решил да дојде, значи дека има потреба за тоа. Ќе ги поддржиме, тие се значајни компании, меѓутоа, ако има проблеми во имплементацијата, ќе процениме каде и што е потребно да направиме. Главно, ќе бидат поддржани компаниите што работат во согласност со законите, ќе бидат санкционирани тие што не работат во согласност со законите и прават прекршоци, рече Азески.

Во врска со вчерашната најава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски за поволен заем од една милијарда евра, претседателот на Комората потенцира дека државата може да се задолжува, но парите треба да се искористат продуктивно.

-Господ да е на помош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари во Македонија. Али тие пари мора да бидат употребени за продуктивни нешта. Тоа е ставот на Стопанската комора како најголема бизнис асоцијација. Значи, можат и може државата да се задолжува во наредниот период, но само за продуктивни цели. Овие искуства што ги имавме досега не обврзуваат и зборуваат дека на тоа треба да се опстане, подвлече Азески.

Мицкоски вчера изјави дека за договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции - да се раскине или да се репреговара.

-За договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции. Едната е да се раскине договорот и да се оди на арбитража, да платиме стотици милиони евра и да немаме автопат, а втората е да се оптимизира договорот за што веќе имаме почетни разговори, со што би се забрзал и реализирал проектот. Ние сме повеќе за прагматичниот пристап, граѓаните да добијат автопат, но оптимиран, но ваков каков што е, потпишан од оваа влада, за жал, е во одерена мерка неприменлив поради големите правни проблеми, проблеми со експропријација и технички проблеми. Мојата порака е дека како идна влада сакаме да градиме, а не да рушиме, рече Мицкоски.

притисни ентер