ДИК: Подносителите на листите имаат право на приговор во рок од 48 часа

Претседателот на Дражавната изборна комисија Александар Даштевски со најнови податоци за првиот круг од претседателските избори, што се одржаа вчера.

Даштевски ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите по вчерашното гласање во првиот круг на претседателските избори. Излезноста била 49,93%.

Во вториот круг на 8 мај одат Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 363.086 гласови и актуелниот претседател Стево Пендаровски со 180.500 гласови. Обработени се гласовите од 3505 од 3508 гласачки места.

На три места во Куманово гласањето беше прекинато поради технички проблеми, но затоа што станува збор за мал број на гласови кои немаат влијание врз крајниот исход, ДИК го поништи и соопшти дека нема да се прегласува.

Честитка по повод празникот Воскресение Христово - Велигден од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес.

Честитка по повод празникот Воскресение Христово - Велигден од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение - Велигден, на сите верници.

Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна.

Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да допринесат за поубав свет.

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација.

Христос Воскресе! За многу години Велигден!

Со почит,

Христијан Мицкоски

претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук

Министерството за внатрешни работи на Русија синоќа распиша потерница за командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук.

Министерството вчера распиша потерница и по претседателот на Украина, Володимир Зеленски и поранешниот претседател, Петро Порошенко.

По Пављук е распишана потерница поради „кривично дело“, но не е прецизирано за кое кривично дело, јавија руските медиуми.

На 11 февруари, Пављук беше назначен за командант на копнената армија, а пред тоа беше прв заменик - министер за одбрана на Украина.

Претежно сончево и потопло

 Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.

Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.

притисни ентер