Фото: Исцрпениот Клуни во бело одело трча низ шума?!

Холивудскиот заводник, актерот Џорџ Клуни ги загрижи обожавателите. Во бел костум, видно исцрпен, трчаше низ шумата, што се случува, се прашуваат тие??

Фотографиите на еден од најпопуларните актери во светот, Џорџ Клуни, почнаа масовно да се споделуваат на интернет, а многу фанови на почетокот беа шокирани од неговиот изглед.

На фотките Клуни е видно исцрпен и трча низ шума во бел костум, а неговиот слаб изглед и збрчкано лице загрижија многумина.

Сепак, откриено е дека Клуни моментално снима филм со наслов „Ненасловен Ноа Баумбах“, во кој покрај него ќе се појави и Рајли Кео, внуката на славниот Елвис Присли.

Папараците успеле да се доближат до сетот, додека одредени сцени се снимале во шумата во англиската област Хемпшир, а токму таму го „уловиле“ и Клуни во бел костум како трча во шума во расеана состојба, за потребите на филмот, а потоа и разговор со актерката Ајла Фишер.

Иако со децении е еден од најубавите актери и долго време важеше за најпосакуван ерген, очигледно е дека годините го стигнале и Клуни.

Големиот заводник инаку Клуни денеска го слави својот 63 роденден.

Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан.

Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк на Спејс Икс за индонезиската Влада, која се надева дека со тоа ќе го зголеми продорот на интернет и здравствените услуги во оддалечените делови на огромниот архипелаг.

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработка, вклучително и достапност на Старлинк.

Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до Интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони луѓе кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да уживаат во истата удобност на Интернет со голема брзина, како и оние во урбаните области.

„Старлинк доби лиценца за работа во Индонезија како давател на интернет сервис провајдер“, потврди Панџаитан.

Маск попладне ќе присуствува на промоцијата на Старлинк со индонезискиот претседател Џоко Видодо. Индонезија е третата земја во Југоисточна Азија каде што ќе функционира Старлинк, по Филипините и Малезија./МИА

Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија

 Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со министерот за вонредни состојби Александар Куренков и министерот за природни ресурси и животна средина Александар Козлов за да разговараат за поплавите и пожарите.

„Имаме неколку теми. Да почнеме со главната, актуелната, најжешката во буквална смисла на зборот“, рече Путин.

Тој рече дека додека поплавите се уште траат во еден дел од земјата, во некои региони има и пожари или опасни состојби од пожари.

„Властите мора веднаш да ги проценат штетите од поплавите за да почнат со обнова на станбениот фонд до крајот на летната сезона. Мораме веднаш да ја процениме штетата на домаќинствата. Сето тоа треба да се исуши - и тоа на време. Летото брзо ќе помине, а во текот на летото треба да направиме што повеќе за да го вратиме станбениот фонд“, нагласи Путин. /МИА

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија

Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство.

Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон./МИА

притисни ентер