Герасимовски: Започна инсталирање на смарт јавно осветлување

Денеска започна инсталирањето на Тип 2 светилките кои се дел од паметното осветлување на јавни површини во Општина Центар. 

Тип 2 светилките ќе бидат инсталирани на споредни улици низ целата општина односно близу основни училишта, градинки, паркови, шеталишта итн. Од овој тип светилки ќе бидат инсталирани вкупно 2.637 парчиња. Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека Општина Центар е носител на иновациите кои носат бројни бенефити на граѓаните.

„Денеска започна инсталацијата на Тип 2 светилките кои ќе бидат инсталирани близу предучилишните и училишните институции како и паркови, шеталишта и споредни улици во општината. Ова лед осветлување со технологија за автоматско димирање односно само ја зголемува и намалува светлината следејќи го заоѓањето на сонцето носи дополнителни заштеди за општината без зголемување на ризикот за безбедноста на сообраќајот и сигурноста на граѓаните“, вели Герасимовски.

Процесот за менување на јавното осветлување со нови старт светилки Општина Центар го започна пред две недели со поставување на лед светилките од Тип 1 кои се инсталираат на најфреквентните улици во општината. Поставувањето се одвива етапно според урбани заедници поставувајќи ги паралелно различните типови сијалици кои ги има вкупно четири. Општина Центар преку реализација на овој проект ќе ја унапреди енергетската ефикасност со тоа што ќе оствари заштеда до 70% на потрошувачката на електрична енергија за јавно осветлување и повеќе од 75% на трошоците за одржување на постојниот систем.

Општина Центар

Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. 

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Утре долж Повардарието ќе дува засилен ветер. До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.

Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор

 Судскиот совет на Република Македонија на итната седница на полноќ му го одзема имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев со што го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција.

Како што соопштија од Судскиот совет, на 487-та итна седница одржана на ден 21 мај 2024 година, Советот расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија.

-Судскиот совет, го одзема имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка. Го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка, се наведува во соопштението.

Георгиев вчера беше уапсен за примање примање награда за против законито влијание, а како што соопшти полицијата, бил лишен од слобода додека го вршел кривичното дело.

Дневен хороскоп за 21. мај 2024 година

Дневен хороскоп за вторник, 21. мај 2024 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Сеуште не сте сфатиле дека светот не се врти околу вас и дека треба да покажете способност за почит кон другите. така ќе бидете посреќни.

Кариера

Стравот што понекогаш го чувствувате е последица на вашето его. не е секогаш лесно да се работи со вас. Размислете.

Здравје и совет

Луѓето не се играчки.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе бидете малку поопуштени и пријателски расположени , па ќе се отворите и ќе си го подобрите односот со саканата личност.

Кариера

Вашата работа ќе се развива на најдобар множен начин. Денеска анализирате и некои свои заслуги.

Здравје и совет

Игнорирајте ги провокаторите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе имате доверба во луѓето и на многумина ќе им дозволите да ви се приближат. За осамените ќе има одлични шанси.

Кариера

Не се двоумете околу сигурноста на вашата работа , но би сакале нешто да смените. Има простор за подобрување.

Здравје и совет

Не чепкајте таму каде што не треба.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се засили умереноста кон она што не е видливо. Ќе читате меѓу редови и тука ќе ги наоѓате одговортие на вашите љубовни дилеми.

Кариера

Мало надмудрување со шефовите би можело да даде резултати, не ќе ви ги исцрпи нервите.

Здравје и совет

Опуштете се со она што го сакате.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Љубовните настани на работното место продолжуваат и денеска.Ако уште сте сами , отворете ги добро очите.

Кариера

Многумина ќе го следат вашиот пример зашто ќе препознаат дека вие сте се поставиле најадобро и знаете што работите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ако се обидете да објасните нешто шта на вас ви е сосема јасно , нема да успеете , зашто другата страна мора да биде отоврена за такви измени. Добро ви оди и вака.

Кариера

Ќе посакате денеска да прекинете со една соработка , но првин размислете дали тоа е воопшто потребно.

Здравје и совет

Избегнувајте луѓе што сакаат да направат сцена.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот денеска ќе се развива над очекувањата. Мали недоразбирања се можни само околу вашите фалбаџиски изјави.

Кариера

Ќе продолжите да ги промовирате своите амбиции и планови. ДФругите ќе треба да ве слушаат , но не би бикло лошо понекогаш да биде и обратно.

Здравје и совет

Бидете пореални.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашите љубовни освојувања ќе продолжат пред публика или пријатели. Тоа ќе ви биде дополнителна мотивација.

Кариера

Може да се впуштите во речиси секоја работа , зашто и ѕвездите ќе го поддржуваат развојот на вашата кариера.

Здравје и совет

Помалку јадете , движете се повеќе.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Разиграност , веселба и дружба во добро расположение се на повидок. Ако сте веќе во врска , ќе се подобри.

Кариера

Лекомислено ќа ја сфаќате работата денеска .Ќе бидете повеќе подготвени за забава , отколку за работа.

Здравје и совет

Не си поигрувајте со луѓето.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

И натаму останува дека треба да се дистанцирате и на мир да чекате да завршат овие денови неповолни за љубов.

Кариера

Со својата ангажираност ќе направите надредените да се посрамотат. Подобри сте од нив, но не мора да им го потенцирате.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата зборливост ќе ви помогне да ги надминете празнините во личниот живот. Ќе разговарате што недостига во емотивните односи.

Кариера

Денеска ќе водите интензивна кореспонденција со колегите. На повидок се многу меилови , телефонски повизци и пораки.

Здравје и совет

Поработете на својата спретност.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Колку и да се трудите , денеска нема да добиете емотивно исполнување какво што очекувавте. Треба едноставно да издржите.

Кариера

Не мачете се себеси и другите со вашите сомневања. Постојат правила што треба да ги следите во деловниот живот. Внимавајте на нив.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

притисни ентер