Германски политичар од партијата на Шолц примил мито од 300.000 евра во кеш, уапсен е

Политичар од СДП бил уапсен на 17 април како дел од меѓународна операција против банда вмешана во шверц во осум сојузни покраини во Германија.

Според полицијата и јавниот обвинител, шверцерите работеле со богаташи, претежно од Кина, на кои им „средувале“ дозволи за престој.

Како што објави Билд, висок функционер на областа Дирен, кој во меѓувреме е уапсен, шверцерите добиле поткуп со 300.000 евра во готовина.

Ова денеска го потврди портпаролот на обвинителството во Дизелдорф, откако претходно објави „Kolner Stadt-Anzeiger“.

Јавното обвинителство го обвинува политичарот дека го искористил своето влијание врз властите кога другите колеги сакале да ги отфрлат барањата на кинеските државјани за дозволи за престој во Германија.

Двајцата главни осомничени во овој случај се двајца адвокати на возраст од 42 и 46 години од областа Келн.

Според јавното обвинителство, се наведува дека нивните странски клиенти примиле повеќе од девет милиони евра за шверцерски услуги.

Бранителите на двајцата затвореници, како и адвокатите не сакале да коментираат, објави „Колнер штад-Анзајгер“.

Стано со осуда за упадот на приштинската полиција на северот на Косово

Косовската полиција влегла во Трезорот на банката и во нејзините пет други филијали во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток.

Упадот на косовската специјална полиција во трезорот и филијалите на српската „Банка поштенска штедилница“ на северот на Косово е за осуда и Европската унија наскоро ќе објави официјално соопштение за тоа, изјави денеска портпаролот на ЕК, Петер Стано.

Вака Стано реагираше на новинарското прашање за тоа како ЕУ гледа на ваквата постапка на приштинските власти, бидејќи претставниците на Приштина уште еднаш одбија да прифатат компромисно решение за проблемот со користењето на српскиот динар, по одлуката на Централната банка на Косово да ја забрани употребата на динарот.

Косовската полиција влегла во Трезорот на банката и во нејзините пет други филијали во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток.

Американскиот Стејт департмент објави дека е „разочаран што косовската полиција презеде акција во финансиските институции на северот на Косово, по налог на Министерството за внатрешни работи“.

Американското Министерство за надворешни работи сугерираше дека тоа ги влошува тензиите во Косово. /МИА

Економската директорка им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Шокантно добредојде утринава ги пречека вработените на Клиниката за токсикологија.

Веднаш до апаратот за регистрација на работното време стоеше писмено соопштение поставено по наредба на економската директорка Бесија Иљази со кое им забранува на вработниете да даваат изјави или интервјуа поврзани со работата на Клиниката за токсикологија. Вработените можат да дават изјава, но само ако дозволи Иљази. Оние вработени кои нема да ја почитуваат наредбата ќе подлежат на санкционирање.

Иљази се повикува на статут од членовите 30 и 31. Иако во двата члена нема конкретно објаснето каде има санкции за дадени изјави во медиуми. Дел од вработените велат дека станува збор за долгорочен мобинг, а ова денеска е само резулатот од самоволието на Иљази од безправно вработување и непочитување на одлуките на Државниот здравствен и санитратен инсепкторат. Иљази имаше скандалозно однесување и со медиумите кои денеска беа пред Клиниката за токсикологија. Неколку медиуми кои беа денеска пред токсикологија прашавме за изјава и официјално објаснување. Таа изјава даде само на еден медиум на Албански јазик. И на Беќировски му се обраќа со друже Тито дека неговото време поминало. А за делот за забраната за изјава било да се зашити имиџот на клиниката. Но не одговора зошто не ги почитува наредбите од ДСЗИ.

Токму и реакциите од вработените се дека не нивните реакации не само на етнички и претходно имало албанци директори немало проблем. И Здружението на новинари денеска со реакција до медиумите каде се вели дека ваквата наредба претставува грубо прекршување на слободата на говор.

Според член 16 од Уставот Јавните здравствени установи и сите јавни институции во државата треба да обезбедат јавност во своето работење и да информираат за своите одлуки и работа, а не да забрануваат информирање за теми од јавен интерес, алармираат од ЗНМ.

И од ДСЗИ потенцираа дека оваа недела инспектори повторно ќе одат во клиниката, за да проверат врз основа на што на 18те хонорарци им биле продолжени договорите за работа. Според извори на Канал 5 една од хонораците се откажала од вработувањето.

Албарез: Шпанија дефинитивно го повлекува амбасадорот од Аргентина

Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарез денеска најави дека Мадрид дефинитивно ќе го повлече својот амбасадор во Аргентина, откако аргентинскиот претседател Хавиер Милеи одби да се извини.

Аргентина повеќе нема шпански амбасадор, посочи Албарез.

Одлуката на Шпанија за повлекување на амбасадорот од Аргентина уследи откако Милеи, кој беше почесен гостин на Конгресот „Европа вива 24“ организиран од шпанската екстремно десничарска партија Вокс, изјави дека сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Бегоња дека е „корумпирана“, иако не го спомна нејзиното име.

- Светските елити не разбираат колку може да биде деструктивно спроведувањето на идеите на социјализмот. Тие не знаат каков тип на општество и земја може да произведе тоа и типот на луѓе кои се држат до власта и нивото на злоупотреба што тоа може да го генерира … А кога имаш корумпирана сопруга, се валкаш и ти требаат пет дена да размислиш за тоа, наведе Милеи.

Тој алудираше на неодамнешната одлука на Санчез да ги прекине сите активности и да се повлече на пет дена за да размисли за можна оставка, бидејќи шпанското правосудство отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за трговија со влијание и корупција./МИА

притисни ентер