Хонда „се сели“ на друг континент- вложуваат милијарди во фабрика во Канада

Јапонскиот производител на автомобили Honda Motor денеска објави дека сака да изгради фабрика за електрични возила (EV) во Канада и е подготвен да инвестира 11 милијарди американски долари во овој проект.

Honda започнала преговори со канадските власти за добивање субвенции за проектот во Онтарио, пренесува агенцијата Kyodo.

Вистинската инвестиција на Honda во создавањето на синџир за снабдување со електрични возила во Канада се очекува да биде од 60 до 70 отсто од вкупната сума, бидејќи и добавувачите на материјали ќе ги поделат трошоците.

Хонда планира да започне со производство во новата фабрика за електрични возила, која ќе биде втора од ваков вид во Северна Америка, во 2028 година.

Јапонската компанија моментално ја реконструира својата постоечка фабрика во Охајо во Соединетите Американски Држави со цел таму да произведува исклучиво електрични автомобили од 2025 година.

Зеленски: Ситуацијата во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека воената ситуација во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“, но сепак „под контрола“. 

Изјавата тој ја даде по состанокот со неговите воени началници во близина на линијата на фронтот.

„Ситуацијата во регионот Харков е генерално под контрола, а нашите војници му нанесуваат значителни загуби на окупаторот. Сепак, ситуацијата во областа останува исклучително тешка“, рече тој во објавата на Телеграм, откако ги слушна извештаите од неговите команданти во Харков, регионален главен град на 30 километри од руската граница.

Штипските студенти на Факултетот за медицински науки го организираат третиот студентски конгрес

Студентите од Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) Штип, се организатори на третиот студентски конгрес, кој ќе се одржи утре и во сабота во просториите на Мултимедијалниот центар во Штип. 

Ирена Жежова студен на Факултетот за медицински науки при УГД-Штип на денешната прес-конференција изјави дека на конгресот ќе учестуваат врвни доктори од нашата држава, а пријавени е и усчество на над 500 студенти.

-Со огромна радост ви го најавуваме и најголемиот настан кој ке ја одбележи оваа академска година за студентите на Факлутетот за медицински науки при УГД. Третиот студентски конгрес на студентите по општа медицина. Иститот ќе се одржи за 17 и 18 мај во просториите на Мултимедијалниот центар. После неколку годишна пауза од последниот конгрес и со макотрпна работа се организира овој конгрес.На конгресот има пријавено над 500 студенти, рече Жежова

Студентите велат дека на конгресот генерално ќе има теми од клиничката област на медицината, со акцент на хирургија, интерна медицина, ортопедија и дерматологија.

На гала вечер на 18 мај ќе бидат доделени награди за најдобрата орална презентација и постер презентација. Наградата е вредносни ваучери од 500 евра и публикација во списаније.

-Иако нашиот организиционен одбор брои три челена, поширокиот тим брои околу 20 студенти. Самиот настан е подржан од рекорот на факултетот, грдоначалникот, директорот на Клиничка Болница Штип и директорката на Здравствен дом Штип, додава Жежова

Ораганизациониот одбор брои три члена , а поширокиот тим околу 20 студенти. Велат дека за овој конгрес се подготвувале повеќе од осум месеци.

Јувентус ќе игра против Милан во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп

Одредени двојките за полуфиналето во Суперкупот на Италија.

Вчера Јувентус го освои националниот куп, победувајќи ја Аталанта во финалето на турнирот (1:0).

Во полуфиналето на Суперкупот торинскиот клуб ќе се сретне со второпласираниот од Серија А, тимот на Милан.

Втората двојка ја сочинуваат Аталанта и шампионот Интер.

Суперкупот ќе се игра во Саудиска Арабија во јануари 2025 година.

притисни ентер