Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона

Исполнетоста за празниците повеќе од половина.

Сместувачките капацитети на охридско-струшката ривиера за 1 Мај и Велигден се исполнети повеќе од половина, што не ги исполни очекувањата на хотелиерите, но тие очекуваат подобра туристичка сезона во однос на претходните години.

Првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери - ХОТАМ, Крсте Блажески забележа дека најголем дел од домашните гости, празниците ќе ги поминат надвор од државата, а гостите од соседството и пошироко ги исполниле хотелските легла за околу 60 отсто.

- Немаме голема исполнетост од домашни гости. Тие отидоа надвор од државата, но тука се странските туристи иако не на очекуваното ниво. Не можеме да се пофалиме со исполнетост од 80 - 90 проценти. Бројката е значително помала од очекуваното, хотелите се исполнети околу 60 отсто, вели Блажески за МИА.

Зголемување на бројот на туристи очекува во текот на мај, што според него, навестува богата туристичка сезона.

- Бројките на сместување се зголемуваат после Велигден и очекуваме побогата туристичка сезона од лани. Од почетокот на годината до сега имаме многу повеќе ноќевања од минатата година. Очекуваме мај да биде еден од подобрите месеци, може да го споредиме со летите месеци во исполнетост, посочи Блажески.

[Само четири плажи во Струга и струшко имаат ангажирано спасители на вода, за поголема безбедност на капачите во водите на Охридското Езеро.]

За летните месеци, нагласи, дека веќе работат на исполнетост од 90 отсто со организирани тури, а останатите легла очекува дека ќе ги исполнат индивидуалните гости.

- Знаеме дека околу 2 август, една недела пред и една недела потоа, тешко е да се најде место. Ако некој планира во тој период да доаѓа во Охрид или Струга уште од сега треба да си резервира, напомена Блажески.

Заклучи дека туристичкиот секотр, пред се хотелиерството заздраве од корона кризата, кога беше драстично погоден.

- Го надминавме сето тоа и сме во една фаза во која треба да се работи на поголема стратегија и се враќаме на старите барања од 2017, 2018 и 2019 година, за зголемување на број на ноќевања, олеснувања на даночни обврски, намалување на ддв-то во однос на растот на секторот туризам кој носи полесни пари во државниот буџет, рече Блажески.

И годинава на охридско-струшкото карајбрежје најбројни се очекува да бидат холандските туристи, а нема да изостанат ниту гостите од Полска, Турција, како и од соседството. Но, сепак најголем како најголем проблем го хотелиерите го посочуваат патот од Скопје до Охрид, што е и причина српските туристи да го избегнуваат брегот на Охридското Езеро и годишните одмори ги поминуваат во соседна Грција.

Бен оди преку тенка жица на височина од 160 метри, полицијата не била воодушевена (ВИДЕО)

Бен Шнајдер (28), попознат по прекарот „Непромислениот Бен“, си го ризикувал животот и го уапсиле откако одел по жица - оптегната меѓу два облакодери во Лос Анџелес.

Станува збор за недовршениот луксузен комплекс Oceanwide Plaza, кој денес е празен и „украсен“ со бројни графити.

Доволно е да погледнете неколку видеа на социјалните мрежи и ќе сфатите дека Бен е „зависник од адреналин“.

Опишувајќи го последниот „потфат“, што ја замрзнува крвта во вените на обичниот човек, тој рече:

„Беше застрашувачки. Но, останав фокусиран. Кога ќе се исплашиш, почнуваш да се тресеш и потоа може да паднеш. Не сакав тоа да се случи. Морав да го смирам умот“.

Тој, исто така, објасни како успеал незабележано да влезе во комплексот Oceanwide Plaza:

„Група пријатели се преправаа дека се дел од верски култ. Носевме различни транспаренти со кои им го блокиравме погледот на полицајците. Тогаш ја прескокнавме оградата“.

Младиот човек носел сигурносен појас за време на акробацијата, а јажето го преминал за помалку од две минути, пренесува UPI.com.

Полицијата соопшти дека го истражува случајот, но останува нејасно дали Бен ќе биде обвинет.

Русија започна вежби со тактичко нуклеарно оружје

Руските сили ја почнаа првата фаза од вежбите кои вклучуваат „практична обука за подготовка и употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Претседателот Владимир Путин ги нареди вежбите претходно овој месец. Москва ги поврза со, како што ги нарече, „милитантни изјави“ на западните официјални лица за кои рече дека претставуваат безбедносна закана за Русија.

Руското Министерство за надворешни работи ги цитираше коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја покрена можноста за испраќање европски сили да се борат против Русија во Украина, и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој рече дека Украина има право да користи оружје обезбедено од Лондон за напад на цели во Русија.

Безбедносните аналитичари велат дека вежбата е предупредување на Путин до Западот повеќе да не се вклучува во војната во Украина, на која ѝ испорачува оружје и разузнавачки информации, но се воздржаа од испраќање војници.

Министерството за одбрана соопшти дека во првата фаза од вежбата се вклучени ракетите Искандер и Кинџал.

Вежбите се одржуваат во Јужниот воен округ на Русија долж украинската граница и делови од Украина кои се под контрола на Русија.

Белорусија, каде Русија распореди тактичко нуклеарно оружје минатата година, исто така ќе биде вклучена во вежбите, соопштија двете земји.

Тактичкото или нестратешкото нуклеарно оружје е помалку моќно од стратешкото оружје дизајнирано да збрише цели непријателски градови, но сепак има огромен деструктивен потенцијал.

Ѓорѓиевски: “Вардар” мора да постои - обезбедена поддршка за баражот

За ФК “Вардар” пред најважниот натпревар оваа сезона, е обезбедена финансиска поддршка од градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. 

На денешниот тренинг на тимот тој лично на “Вардар”, Вардарци и Комити им даде збор дека за многу брзо време работите ќе се променат на подобро, и “Вардар” никогаш повеќе нема да биде во оваа ситуација.

-“Вардар” е душата на Скопје и како еден од нив, ќе го дадам и последниот атом од мене за да се одржи клубот. Како и во минатото, така и сега во пресрет на баражот во недела, обезбедени се финансиски средства за да опстои нашата гордост. “Вардар”, Вардарци и Комити не се оставени сами на себе. Мојата подадена рака ќе стои секогаш тука за нив. И да, ќе одиме на врвот - таму каде што припаѓаме! А во една блиска иднина, за многу брзо време кога работите ќе се променат на подобро, “Вардар” никогаш повеќе нема да биде во оваа ситуација. Го имате мојот збор!

Се гледаме во недела, во 17 часот на стадионот во Струмица.ФК ВАРДАР : ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА! За Вардар, за нашето славно минато и блескава иднина-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој и минатата година, пред историскиот натпревар со Кавадарци му обезбеди финансиска поткрепа на спортската гордост на Скопје, “Вардар”, соопштуваат од општината.

притисни ентер