Кои марки на автомобили се продаваат најбрзо?

Аналитичката компанија „iSeeCars“ неодамна ги објави резултатите од истражувањето за тоа кои брендови продаваат најбрзо и најбавно нови автомобили, а разликите одат дотаму што некои се двојно подобри од другите во овој сегмент.

Тојота беше најбрзо продаваниот нов автомобилски бренд помеѓу октомври 2023 и март 2024 година, продавајќи нови автомобили во просек за 39,6 дена. На второ место е Alfa Romeo, со просечни 41,8 дена на пазарот.

На другиот крај на листата се Линколн (82,6 дена), INFINITI (79,8 дена), Buick (79 дена) и Audi (75,1 дена).

Топ 10 најбрзо продавани брендови:

Тојота: 39,6 дена на пазарот

Алфа Ромео: 41,8

Кадилак: 43,4

Хонда: 44,2

Јагуар: 44,4

Kia: 47

Хјундаи: 47,1

Субару: 49

BMW: 49,1

Mazda: 53.1

Марките кои најбрзо продаваат нови возила се и брендови кои имаат лојални клиенти.

Извршниот аналитичар на iSeeCars, Карл Брауер, на оваа тема истакнал: „Марките кои брзо продаваат возила, како што се Тојота и Хонда, се оние каде што клиентите бараат да добијат најмногу за својот долар“.

Руски медиуми: Товарен воз во близина на Волгоград излета од шините

 Товарен воз во близина на Волгоград излета од шините по „интервенција на неовластени лица“.

Товарен воз излета од шините во близина на Волгоград, во југозападна Русија, по „интервенција на неовластени лица“, јавија утринава руските медиуми.

-На станицата Котлубан, во регионот на Волгоград, вагон излета од шините по интервенција на неовластени лица, јавија руските медиуми.

Пожарот што избувнал во резервоарот за гориво и во еден вагон е изгаснат, соопштија од Министерството за вонредни состојби.

Детали за инцидентот не се објавени.

Градот Котлубан е на околу 300 километри од границата со Украина, а регионот на Волгоград беше цел на напади со украински беспилотни летала.

Лајчак: Прашањето за употребата на динарите на Косово може да се постигне со компромис

 Решението на прашањето за употребата на динарите на Косово може да се постигне со компромис

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, синоќа изрази уверување дека може да се постигне привремено одржливо решение за прашањето за употребата на динарот на Косово, со „флексибилност и компромис за двете страни“.

-Подоцна оваа недела ќе бидам домаќин на главните преговарачи на Косово и Србија на разговори со цел да се најде одржливо привремено решение за оние кои се погодени од регулативата за готовинските трансакции на Централната банка на Косово. Уверен сум дека може да се постигне договор, но тоа ќе бара флексибилност и компромиси од двете страни, напиша Лајчак на Фејсбук.

Тој најави дека ќе ја посети Финска, по „напорната недела во САД“, каде, како што наведе, имал важни, корисни и детални разговори со претставници на Стејт департментот, Советот за национална безбедност и ОН.

Градскиот мешан хор „Вардар“ освои златен медал на Меѓународниот хорски фестивал

Градскиот мешан хор „Вардар“ освои златен медал на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина.

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје се закити со златен медал на 23-тото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, Република Српска, БиХ, во конкуренција на мешани хорови од регионот.

-Хорот, под водство на маестра Јасмина Ѓорѓеска, на Фестивалот кој се одржа од 10-12 мај 2024 година, покажа висок степен на музичка изведба, што резултираше со освоено прво место. При доделување на наградата, членовите на жирито го пофалија напорот и ангажманот на членовите на хорот, истакнувајќи го исклучителниот труд и музички талент. Хорот на Фестивалот се претстави со четири композиции од домашни и странски автори, информираат од Градскиот мешан хор „Вардар“.

Учеството на Фестивалот било поддржано од Министерството за култура на Република Македонија, Алкалоид АД Скопје, Берин ДОО - Агенцијата за интелектуална сопственост и Мак Тенда ДООЕЛ од Јегуновце.

Хорот „Вардар“ во своето 24-годишно постоење, со посветеност и ентузијазам ја промовира хорската музика во Република Македонија и во странство, постигнувајќи бројни награди и признанија.

притисни ентер