Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата

Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото. 

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност денеска на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото. /МИА

Словачки медиуми: Атентаторот на Фицо е 71- годишен писател

Атентаторот на словачкиот премиер Роберт Фицо е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, пишува словачкиот портал SME.

Оваа информација за СМЕ ја потврдил извор од полицијата. Инаку, Цинтула е основач на литературниот клуб Духа и член на Друштвото на словачките писатели, објави Индекс.

Да потсетиме, Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ.

Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Тој итно бил префрлен во болница со хеликоптер и, според словачките медиуми, неговата состојба е многу сериозна. Словачката влада објави дека животот на Фицо е во опасност.

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум - природни масти што самата кожа ги лачи за да ја одржи виталноста на влакната. 

Така, еден од начините да се избегне мрсна коса, е спреј со морска сол, советува стручњакот Скот Мекглин.

- (Себумот) е неопходен за зајакнување на надворешните слоеви на косата и заштита на деликатните протеини во внатрешноста на косата... Но, ако Ви се чини дека таа изгледа мрсно многу бргу откако ќе ја измиете, тоа може да биде поради начинот на којшто се грижите за Вашата коса, Мекглин.

Следи појаснување на негувањето со морска сол.

- Ја нанесувам, со распрскувачот, на влажна коса и масирам. Потоа ја сушам косата со фен. На овој начин убаво ќе ја обликувате косата и таа нема да изгледа лепливо и мрсно, објаснува тој.

Скот споделува совети за убавина и средување на Инстаграм и Тикток (scottmcglinnofficial) и има 245.000 следачи. /МИА

Пред да пука кон Фицо, атентаторот извикал: Робо, дојди ваму! (Вознемирувачко видео)

Словачкиот премиер Роберт Фиц денеска бил застрелан во стомакот и градите, пренесува словачкиот весник Правда.

Како што пренесуваат дел од словачките медиуми, состојбата на повредениот премиер е сериозна, и е животна опасност и сега се оперира.

Тој, наводно, бил погоден со два до три куршуми, бидејќи напаѓачот испукал пет куршуми кон него.

Според извештајот, Фицо, според очевидци, им пришол на граѓаните по владината седница во градот Хандлова, на околу 150 километри од Братислава, а напаѓачот пред да отвори оган наводно му рекол:

„Робо, дојди овде“. Потоа се слушаат пукотници.

Откако неговите телохранители брзо го одведоа од местото на атентатот, Фицо беше ставен во хеликоптер и пренесен во болница.

Полицијата веднаш го совладала напаѓачот.

притисни ентер