Корисниците на „Apple“ се бесни: Не можат да пристапат до нивните сметки

Фрустрираните корисници пријавија дека се одјавени од нивните сметки на „Apple ID“ и од нив се бара да ги променат лозинките.

„Apple ID“ имаше проблеми изминатиот викенд. Како што известува „9to5Mac“, корисниците на „Apple“ почнаа да се жалат на интернет дека се одјавени од нивните сметки на „Apple ID“ од сите нивни уреди, без објаснување.

Откако се обидоа да се логираат на нивниот профил, некои беа целосно заклучени, и покрај внесувањето на точните информации, и мораа да ги ресетираат лозинките.

„Apple“ допрва треба да даде официјална изјава за проблемот, а страницата за статус на системот на компанијата не споменува никакви проблеми со „Apple ID“ или други системи.

Не е познато колку корисници се погодени од овој проблем, а голем број од нив се пожалија на социјалните мрежи.

Извор: Б92

Јувентис го смени тренерот Алегри- дивеел по победата во Купот на Италија

Јувентус го отпушти тренерот Масимилијано Алегри два дена по освојувањето на Купот на Италија победувајќи ја Аталанта во финалето.

Во официјалното соопштение, клубот од Торино објасни дека Алегри добил отказ поради „однесување за време и по финалето на Купот на Италија, кое клубот го смета за некомпатибилно со вредностите на Јувентус“.

Да потсетиме, дивеењето на Алегри започнало кога беше исклучен поради протестирање на судиската одлука. Во исто време, тој го започна своето шоу во кое што од бес ја соблече јакната и им се фрли во лице на другите, а по исклучувањето ја соблече и вратоврската, ја фрли и почна да си ја откопчува кошулата.

Неговиот конфликт не застана тука. Пред доделувањето на трофејот, тој беше снимен како го турка спортскиот директор на клубот, Кристијано Џунтоли. По натпреварот тој ги навредуваше и новинарите. Директорот на италијанскиот Tuttosport Гвидо Вакаиго откри: „По натпреварот Алегри ми кажа дека сум лут менаџер и дека треба да ја напишам вистината во весникот, а не она што клубот ми го сервира“.

Потоа го цитираше Алегри и неговите закани: „Ми рече: „Гледај, знам каде можам да те најдам. Знам каде можам да те начекам. Ќе дојдам и ќе ти ги скинам двете уши. Ќе дојдам и ќе ти удрам тупаница во лице, почни да ја пишуваш вистината во твоите весници.“

Претходно се очекуваше дека Јувентус ќе се раздели со Алегри на крајот од сезоната, иако тој имаше уште една година од договорот. Сепак, Алегри нема да го дочека крајот на сезоната и во последните два натпревари од сезоната тимот ќе го предводи Уругваецот Пауло Монтеро, кој досега беше тренер на селекцијата до 19 години. Фабрицио Романо пишува дека Јувентус веќе испратил официјална понуда до тренерот на Болоња, Тиаго Мота, кого сакаат да го доведат следната сезона.

Ова беше втор мандат на Алегри на клупата на Јувентус, а започна на стартот од сезоната 2021/22, кога го наследи Андреа Пирло. Годинешниот Куп е единствениот трофеј што Јувентус го освоил во тој период. Првиот мандат на Алегри, кој траеше од 2014 до 2019 година, беше многу поуспешен. Потоа беше шампион во сите пет сезони, а четири пати ја освои двојната круна, додека два пати играше и во финалето на Лигата на шампионите.

Вучиќ: Никогаш нема да прифатиме независно Косово

Претседателот Александар Вучиќ денеска пред средбата со српскиот патријарх Порфири и претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на брутален прогон. 

Претседателот Александар Вучиќ денеска пред средбата со српскиот патријарх Порфири и претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека нашиот народ на Косово и Метохија е изложен на брутален прогон и дека тоа нема лесно да се запре и рече дека ќе никогаш нема да прифати независно Косово, пренесе Телеграф.

„Во секој случај, ние ќе се спротивставиме на нивните незаконски и на сите други акти на насилство, со политички средства и ќе направиме сѐ што можеме за нашиот народ на Косово и Метохија. И секако не морам да ви повторувам дека никогаш нема да прифатиме независно Косово како остварен факт“, истакна Вучиќ.

Тој нагласи дека секојдневно на различни начини не само од срце и душа, туку и физички се обидуваат целосно да ни го одземат КиМ.

Уште не се родил, а веќе вози автомобил - полските полицајци не можеле да поверуваат (ВИДЕО)

За време на рутинска сообраќајна контрола во полскиот град Гарволин, полицајци запреле 21-годишен возач на Шкода, по потекло од Непал.

На младиот човек му била побарана возачка дозвола, а потоа настанал метеж.

Имено, полициските службеници го погледнале документот и помислиле дека е фалсификат. Необичниот случај се случил на 14 мај во вечерните часови, пренесува tvn24.pl.

„Во возачката дозвола пишуваше дека е роден на 24 октомври 2059 година. Недостасуваа водени жигови, додека хартијата беше нерамномерно исечена. Немаше потпис од органот што ја издал дозволата“, соопштија надлежните.

Во Непал, од каде што потекнува младиот возач, официјално се користи календарот Бикрам Самбат, според кој сега годината е 2081 година.

Во овој случај, датумот на раѓање (2059) би се совпаднал. Сепак, во документот има и други датуми: издавање - 31 март 2023 година и датум на истекување - 30 март 2028 година.

Возачката дозвола е одземена, а автомобилот е предаден на овластено лице. Против 21-годишникот е поведена постапка за можно фалсификување.

притисни ентер