Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата, нема откажување

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Аеродром порача дека ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе ги убие ЕУ перспективите. 

ВМРО ќе ја одложува евроинтеграцијата во недоглед, тие немаат ниту план, ниту се доследни во остварување на стратешките цели. Тоа го правеше и Груевски, тие само ќе продолжат кај што застана тој. Оваа земја нема да се помести ни милиметар напред со ВМРО. Ќе глумат дека работат, а во реалноста нема ништо да се менува. Сме го виделе тоа со Груевски, знаеме како изгледа. Не сакаме само лоша реприза на неговото владеење, нагласи Ковачевски.

Ковачевски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да ја дадат довербата за Пендаровски и за СДСМ бидејќи силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата!

Основната цел на нашата програма е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што знаеме дека само на тој начин може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство, порача Ковачевски.

Ковачевски во своето обраќање пред граѓаните на Аеродром истакна дека СДСМ е единствената политичка партија која никогаш нема да се откаже од инклузијата и која константно придонесува мултиетничкиот карактер на Македонија.

Но, деновиве, за жал, слушам опасни наративи кои може лесно да разгорат меѓуетничка нетрпеливост. Лидерите на ВМРО и на ДУИ се однесуваат во најмала рака неодговорно и кон државата и кон граѓаните. Им порачувам на Мицкоски и на Ахмети – граѓаните се свесни за вредноста на мирот и стабилноста што ги гради СДСМ, граѓаните знаат дека на сите нѝ треба европска иднина, а не враќање 20 години во минатото. Престанете да се препукувате со штетни скандирања и закани, кои никому не носат добро. Ние нема да ви дозволиме да си играте со европската иднина на нашите деца! Граѓаните нема да ви дозволат да се коцкате со нивната иднина, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Аеродром, се наведува во партиското соопштение.

На првата дама на Сирија, Асма ал Асад и е дијагностицирана леукемија

На првата дама на Сирија, Асма ал Асад, и е дијагностицирана леукемија, соопшти денеска кабинетот на сирискиот претседател. Дијагнозата доаѓа речиси пет години откако таа пријавила целосно закрепнување од рак на дојка.

Во соопштението се вели дека Асма (48) е подложена на специјална процедура за третман што бара таа да остане во изолација, поради што нејзините јавни ангажмани ќе сe откажани.

Во август 2019 година, Асма ал-Асад објави дека целосно закрепнала од рак на дојка, кој и бил дијагностициран претходно./МИА

Венеција од таксата за туристите заработила речиси еден милион евра

Венеција во првите 11 дена од воведувањето на таксата за туристите заработила речиси еден милион евра.

Венеција на 25 април воведе такса за луѓето кои доаѓаат на еднодневен излет во градот. Пробниот период за оваа такса опфаќа 29 дена во мај, јуни и јули - вклучувајќи ги и државните празници. Надоместокот моментално е пет евра и се однесува на дневните посетители, со исклучоци, вклучувајќи жители од регионот Венето, студенти и деца под 14 години.

Во текот на првите 11 дена, од 25 април до 5 мај, градот продал 195.000 билети и заработил вкупно 977.430 евра.

Износот во голема мерка ги надмина очекувањата, но сепак е помал од трошоците за поставување онлајн систем за резервации, информативни кампањи и проверки - кои, според „Кориере дела Сера“, чинат три милиони евра.

По пробниот период, таксата може да се зголеми на 10 евра дневно, а предвидени се и казни до 300 евра за оние кои ќе се обидат да го посетат градот без билет, пренесува „Еуроњуз“.

Мерката е воведена со цел да се намали бројот на посетители кои престојуваат само еден ден. Сепак, многу жители на Венеција ги критикуваа „билетите“ како неефикасни во контролирањето на бројот на посетители, додека го критикуваа градскиот совет дека не ги решил критичните прашања како што е домувањето.

Воведувањето на таксата на 25 април наиде на протести кај жителите и конфузија кај туристите. Едно од клучните недоразбирања беше тоа што, иако посетителите кои резервираа ноќевање во Венеција беа ослободени од надоместокот за дневно возење, тие сепак мораа да го пријават своето присуство на платформата за резервации.

Други сметаат дека веб страницата е тешка за навигација и дека купувањето билет е долготраен процес.

Жителите исто така беа лути, протестирајќи поради таксата, која, според нив, нема да има значително влијание врз намалувањето на бројот на посетители и избегнувањето на решавањето посуштински прашања како што е станбената криза./МИА

Емери најдобар тренер во Премиер лигата во изборот на „Гол“

Предводникот на Астон вила, Унаи Емери е прогласен за најдобар тренер на сезоната во Премиер лигата.

Порталот „Goal“ направи рејтинг на најдобрите тренери на последното издание на англиското фудбалско првенство, оценувајќи ги со скала од еден до десет.

Емери доби оценка 9, зад него се Пеп Гвардиола од Манчестер сити и Микел Артета од Арсенал кои добија 8.

Јирген Клоп (Ливерпул), Анже Постекоглу (Тотенхем), Андони Ираола (Борнмаут) и Оливер Гласнер (Кристал Палас) добија 7.

На последното место и единствен со оцена 1 е тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг. /МИА

притисни ентер