Крис Џенер соопшти дека има рак

Крис Џенер, познатата менаџерка и мајка на сестрите Кардашијан-Џенер има тумор.

Таа тоа го објави во новата сезона на нивното семејно реално шоу, наведувајќи дека се работи за „мал тумор“.

„Тие пронајдоа циста и мал тумор“, рече Крис, а Кајли веднаш почна да плаче.

Во моментов не е познато во каква состојба е познатата менаџерка, но се очекува таа наскоро да контактира со своите фанови преку некоја од социјалните мрежи и да објасни сѐ.

Инаку, сето ова се случува неполн месец по смртта на нејзината помлада сестра Карен Хатон.

Крис има 68 години, а на познатиот адвокат Роберт Кардашијан му роди 4 деца: Кортни, Ким, Клои и Роберт и на Брус Џенер кој во меѓувреме го промени полот и стана Кејтлин, ќерката Кајли.

Ирачкиот премиер изрази сочувство до иранскиот народ

Ирачкиот премиер Шија ал-Судани изрази солидарност со иранскиот народ по смртта на Ебрахим Раиси.

„Со длабока тага и жалост ја примивме трагичната вест за смртта на претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан и нивните придружници, како последица на несреќа во северен Иран“, наведе Ал Судани.

„Изразуваме искрено сочувство до врховниот лидер на Исламската Република Али Хамнеи и до нацијата на Иран, нејзината влада и народ. Ја изразуваме нашата солидарност со братскиот ирански народ и со претставниците на Исламската Република за време на оваа болна трагедија“, додаде ирачкиот премиер.

Мадуро изрази сочувство до Иран за „безусловниот пријател“ Раиси

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрази сочувство до Иран и неговиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека Ебрахим Раиси е „безусловен пријател“ на Венецуела.

„Топла прегратка од Боливарската Република Венецуела. Ти, Иран, си пример за достоинство, морал и отпор“, напиша Мадуро во објавата на социјалните мрежи.

Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени се 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа и крим полицијата при МВР.

Дрогата е откриена при претрес на лицето извршен откако истото подигнало пратка во Пошта пристигната од Германија. Во координација со дежурен јавен обвинител, инспектори од Секторот за контрола и истраги заедно со припадници од МВР извршија и претрес во домот на лицето каде е пронајден пиштол кој е одземен од страна на царинските инспектори, соопшти Царинската управа.

Против лицето ќе биде поведена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

притисни ентер