Лара Гут – Бехрами победи на спустот во Кран Монтана

Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами победи на денешниот спуст од Светскиот куп на патеката во Кран Монтана со што ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Американката Микаела Шифрин.

Гут – Бехрами триумфираше со време 1:19:11 минута, пред сонародничката Јасмин Флури, која заостана 21 стотинка и Австријката Корнелија Хутер (1:19:32).

За 32-годишната Гут – Бехрами ова е седма победа сезонава, а вкупно 44 во кариерата, што е втор најдобар резултат меѓу активните скијачки, зад неприкосновената Шифрин.

Швајцарката со денешниот триумф е водечка во генералниот пласман со 1.314 бодови, 105 повеќе од Шифрин (1.209), која се повреди на 26 јануари во Кортина д’Ампецо. Третопласирана е Италијанката Федерика Брињоне (968).

Манчестер јунајтед подготвен да плати 70 милиони евра за Олисе

 Фудбалерот од средниот ред на Кристал Палас, Мајкл Олисе би можел да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, пишува денешен „Сан“.

Според изворот, „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат околу 70 милиони евра за 22-годишниот Французин.

За услугите на Олисе се заинтересирани и Астон Вила и Арсенал.

Сезонава Олисе настапи на 17 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи девет голови, а додаде и четири асистенции. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра.

Матарела: ЕУ се наоѓа во најкритичниот период

Претседателот на Италија, Серџо Матарела денеска изјави дека Европската унија минува низ можеби најтешкиот период досега во својата историја.

Тој денеска упати порака по повод Денот на Европа, со кој се слави декларацијата на Роберт Шуман од 1950 година која доведе до создавање на ЕУ.

- Европската историја минува низ својот можеби најкритичен период од почетокот на процесот на интеграција. Безбедноста на нашиот континент е разнишана од конфликти кои не сме ги доживеале во последно време. Би било илузија да се прифатат кризите во регионот како изолирани жаришта, изјави шефот на италијанската држава.

Матарела зборуваше и за изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат следниот месец.

- За неколку недели граѓаните на 27-те земји членки ќе излезат на гласање за да изберат нов Европски парламент. Тоа е одлична вежба на демократијата во која стотици милиони гласови имаат можност и поврзана одговорност да станат лидери на сопствената иднина, рече италијанскиот претседател.

- Со учество во гласањето, ќе можеме да ја обликуваме владата на обединета Европска унија – мирна, динамична и способна да ги усогласи различните гледишта на луѓето врз основа на принципите на солидарност, заклучи тој.

Во Нов Дојран во двор пронајдена граната од Првата светска војна

Во Полициското одделение Нов Дојран, на 7 мај било пријавено дека во дворно место на ул. „Антон Панов“ во Нов Дојран била пронајдена експлозивна направа, која ден подоцна била безбедно подигната и отстранета од експерти за пиротехника на Дирекцијата за заштита и спасување.

-На 08.05.2024 бил извршен увид на местото, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна и која била безбедно подигната, соопшти МВР.

притисни ентер