ЛШ: Тројца фудбалери на Баерн неизвесни за дуелот со Реал

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид идниот вторник, објави германскиот клуб.

Мусиала вчера не настапи во победата на Баерн во Бундеслигата над Ајнтрахт Франкфурт поради воспаление на тетивата.

„Тој навистина сакаше да игра, а и ние. Имаше два дена кога не чувствуваше никаква болка, но тоа повторно се врати вчера“, објасни тренерот на Баварците, Томас Тухел.

Лајмер го истегна зглобот на натпреварот со Ајнтрахт, додека Де Лихт има повреда на лигаментите на коленото.

„Ќе видиме дали и двајцата ќе бидат подготвени за натпреварот во вторник. Ќе треба да почекаме да видиме што ќе покажат дополнителните тестови“, додаде Тухел.

Телефонски разговор Ципрас-Заев, истакната важноста на почитувањето на Договорот од Преспа

Ципрас и Заев разговарале за политичкиот случувања кај нас.

Важноста што ја имаат доследното придржување до Договорот од Преспа и соработката на двете земји, како за европската перспектива на Македонија, така и за мирот и стабилноста на Западен Балкан во период на големи тензии во регионот, ја истакнале поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев во нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас и Заев разговарале за политичкиот случувања кај нас, а освен важноста на Договорот од Преспа, според информациите на МИА од Атина, посочиле и „колку е лицемерен и опасен националистичкиот популизам што се разви и на двете страни“.

Паралелно се договориле во следниот период да преземат заеднички иницијативи за поддршка и имплементација на Договорот од Преспа, за унапредување на односите меѓу народите на Грција и Македонија и за мирот и стабилноста во поширокиот регион. /МИА

Поранешен казахстански министер осуден на 24 години затвор за убиство на сопругата

Поранешниот казахстански министер за економија, Куандик Бишимбаев, денеска е осуден на 24 години затвор за убиство на својата сопруга, пренесоа британските медиуми. 

Британските медиуми од Астана објавуваат дека судењето и долгогодишната затворска казна за поранешниот министер е всушност тест за претседателот Касим-Жомарт Токаев и неговото ветување дека ќе изгради поправедно општество.

Шокантните снимки прикажани за време на судскиот процес, што започна во март, покажуваат дека обвинетиот Бишимбаев (44) постојано удира со тупаници, клоци и влече за коса една витка млада жена облечена само во палто и чизми. Жената е 31-годишната Салтанат Нукенова, сопругата на Бишимбаев, која подоцна беше пронајдена мртва.

Бишимбаев во судницата се бранеше дека не е виновен, тврдејќи дека неговата сопруга починала од самоповредување.

Екс министерот, кој на функцијата во ресорот економија беше од мај до декември 2016 година, претходно беше осуден на 10 години затвор за примање мито, но беше ослободен по помалку од три години благодарение на амнестија и условно ослободување. /МИА

Баерн се разделува со двајца фудбалери

Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен објави денеска заминување на напаѓачот Ерик-Максим Чупо-Мотинг и дефанзивецот Буна Сар.

Церемонијата на збогување со играчите се одржа пред натпреварот со Волфсбург (2:0) од 33. коло во Бундес лигата. Двајцата фудбалери го напуштаат баварскиот клуб како слободни играчи бидејќи нивните договори истекуваат идниот месец.

Французинот Сар (32) одигра 33 натпревари за Баерн оваа сезона и постигна еден гол, а запиша и четири асистенции.

Триесетипетгодишниот камерунски репрезентативец Чупо-Мотинг заминува од Баерн по одиграни 122 натпревари, на кои постигна 38 голови. /MИА

притисни ентер