Манчестер јунајтед именуваше тројца играчи кои нема да го напуштат клубот на лето

Раководството на Манчестер јунајтед одлучи за фудбалерите околу кои ќе го гради тимот во блиска иднина.

Според „The ​​Telegraph“, станува збор за крилниот напаѓач Алехандро Гарначо, играчот од средниот ред Коби Мејну и напаѓачот Расмус Хојлунд. Забележано е дека овие играчи нема да бидат достапни за трансфери во други клубови.

Деветнаесетгодишниот Гарначо оваа сезона одигра 45 натпревари за Манчестер јунајтед на кои постигна девет гола и забележа пет асистенции.

Врсникот на Гаранчо, Мејну има 27 натпревари, три гола и една асистенција.

Дваесет и едногодишниот Хојлунд постигна 14 гола и направи две асистенции на 38 натпревари за тимот од „Олд Трафорд“.

Иџет Мемети осомничен за поткупот во случајот на екс градоначалникот Боро Петрушевски

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово во домот на Иџет Мемети членот на советот на обвинители , и претрес во службените простории на советот на јавни обвинители. 

Сомнежот е дека истиoт заедно со осомничениот судија Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор Боро Петрушевски.

Иџет Мемети важи за близок до ДУИ, и беше во два мандати народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.

Во текот на денот се очекува какви мерки ќе бидат определени против Мемети.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. 

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Утре долж Повардарието ќе дува засилен ветер. До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.

притисни ентер