Марија решила да пушти брада и станала позната низ цел свет, сопругот ја поддржува (ВИДЕО)

Марија да Консеисао (47) решила да ги остави предрасудите на страна.

Со текот на времето, таа станала популарна на социјалните мрежи, каде ги повикува луѓето да се прифатат себеси такви какви што се.

На Инстаграм е позната како „Барбудиња“ (брадеста), а претходно открива дека „не ги допирала влакната на лицето, затоа што пати од вишок тестостерон“, пренесува Лакале Блу радио.

„Тетка ми имаше брада, но ја избричи. Тоа е генетско кај нас. Кога мајка ми ги забележа првите влакна на моето лице, почна да ми ги бричи. Се плашеше од предрасуди, дека луѓето ќе ми се смеат“, изјавила Марија од Бразил.

Кога станала полнолетна, решила повеќе да не ја бричи брадата и конечно почнала да се „чуствува комплетна“.

Марија е во брак со Тињо Силва, а заедно се 17 години. Одлуката да пушти брада за малку ќе довела до развод, но на крајот тој ја прифатил нејзината одлука.

Покрај тоа, тој поттикнал да биде активна на социјалните мрежи. Неговата сопруга е многу активна на мрежите и се обидува да испрати силна порака до луѓето - сакајте се такви какви што сте.

Прегласување на седум избирачки места во петата и шестата изборна единица во среда

Вечерва на полноќ почнува предизборен молк, поради одлуката во среда да се прегласува во седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица.

Вечерва на полноќ почнува предизборен молк, поради одлуката во среда да се прегласува во седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица бидејќи таму според ДИК, но и одлуката на Управниот суд регистрирани беа низа нерегуларности за време на изборите на 8-ми мај.

Од ДИК во изјава за Канал 5 велат дека се целосно подготвени за прегласувањето кое ќе се случи на две избирачки места во Крушево, исто така две избирачки места во Долнени, и по едно избирачко место во Струга, Охрид и Желино. Станува збор за вкупно 4521 лице со право на глас од кои 2 во старски домови и 5 во затвор.

„ Изборниот материјал денеска почнува со дистрибуција до општинските изборни комисии. Утре ќе бидат дистрибуирани и уредите за биометриска идентификација, направена е техничка проверка на овие уреди и се целосно подготвени да бидат ставени во функција, “-Радица Тодоровска - ДИК.

ОД ДИК исто така информираат дека гласањето кое ќе се одивива во затворите во Прилеп и Скопје го спроведува општинската изборна комисија на Прилеп и на општина Шуто Оризари, додека гласањето во старските домови во Битола и Скопје ќе го спроведува општинските изборни комисии на Битола и на Карпош.

Гласачко место: 1844 Струга

Гласачко место: 1272 Охрид

Гласачко место: 1202 Крушево

Гласачко место: 1194 Крушево

Гласачко место: 1470 Долнени

Гласачко место: 1470/1 Долнени

Гласачко место: 2101 Желино

ДИК на седницата која се одржа во саботата ги разреши и претседателите и членовите на избирачките одбори во избирачките места каде што беа утврдени нерегуларности и ќе има прегласување, но засега нема информација дали од нив ќе биде побарана и одговорност.

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Светските цени на златото повторно се на ново рекордно високо ниво откако денеска на берзата во Њујорк Comex достигнаа цена од 2.449,89 долари за унца.

Растот на цената на златото е поттикнат од очекувањата дека американската централна банка ФЕД наскоро ќе ги намали каматните стапки поради минатонеделните податоци за забавување на стапката на инфлација во САД.

ФЕД официјално засега нема објавено официјален став за каматните стапки, но инвеститорите веќе очекуваат нивно намалување.

Касами: Ахмети зборува за меѓуетнички тензии затоа што така договарал и постапувал во минатото

Добро оди целата процедура за договорање на следната влада, вели претседателот на Движењето Беса Биљал Касами која е дел од Коалицијата Вреди која со ВМРО ДПМНЕ пред неколку дена ги започнаа преговорите.

Касами се надева дека прогеоворите ќе резултираат со компетентна влада составена од професионалци без разлика на нивната етничка припадност. Колку министерски места ќе добие Вреди засега не открива, кога ќе има конечен договор ќе соопштат. Изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за таен договор меѓу најголемите партии кој можен да влијае врз меѓуетничките односи, Касами ја оцени како многу опасна.

-Тоа е многу сериозна изјава, многу опасна изјава. Ахмети знаел во одредени моменти да дава такви изјави, сега излегува дека и во минатото, поточно во 2008 година, меѓу Али Ахмети и Мендух Тачи, кои се заедно денес, било договорено да има братоубиство,- изјави – Биљал Касами – Движење Беса.

Обвинувањата и заканите на Ахмети дојдоа во ист ден со одлуките на Управен суд да ги отфрли тужбите на Европски фронт предводен од ДУИ, со што се потврди одлуката на ДИК за прегласување во седум избирачки места во петката и шестката а со тоа и можноста интегративците да останат без два пратенички мандати. И додека течат преговорите за состав на Влда, потпретседателот на ДУИ Бујар Османи го потврди партискиот став дека влегувањето на Вреди во Влада ќе ги разгневи сите Албанци кои ќе ценат дека нивните гласови ќе бидат ништовни, а Скендер Реџепи Зејди чија партија е дел од Коалицијата Европски фронт пак денеска во телевизиско интервју рече дека тие се добитници на албанските гласови и легитимни претставници на Албанците и не размислуваат за заминување во опозиција.

-Европскиот фронт не влезе во политичката трка да биде ниту втор ниту трет, влезе да ги освои албанските населби и такво нешто се докажа, бројките се јавните податоци, односно легитимноста на луѓето од албанските населби. Победи претставништвото на Европскиот фронт,- изјави – Скендер Реџепи Зејди – Коалиција Европски фронт.

Со прегласувањето во среда, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ и иден мандатар за состав на Влада Христијан Мицкоски вчера порача дека очекува уште еден мандат во петката и мнозинство од 62 пратеници во парламентот.

-Се уште имаме малку да ја завршиме задачата, на 22-ми мај ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање со вас со народот на Македонија да не кажувам за 61, туку да зборувам веќе за 62 пратеника,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО ДПМНЕ .

Инаку преговорите меѓу ВМРО ДПМНЕ и Вреди се одвиваат на ниво на работни групи и досега одржаа неколку средби.

притисни ентер