МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6% од БДП

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за состојбата на јавниот долг заклучно со 31 март 2024 година. Согласно објавените податоци јавниот долг изнесува 8.769 милиони евра што претставува 58,6% од БДП.

Во првиот квартал се издадени државни хартии од вредност во износ од 219,2 милиони евра, повлечени се средства во износ од 175,5 милион евра по основ на склучени кредитни аранжмани со странски кредитори, како што е повлекувањето на втората транша од ММФ од кредитната линија за претпазливост и ликвидност и 57,6 милиони евра по основ заеми за јавни претпријатија и АД основани од државата и општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје. При тоа извршена е и исплата на обврски по основ на главнина за надворешен долг во износ од 82,7 милиони евра.

Министерството за финансии ја објавува состојбата на јавниот долг на квартално ниво, а при пресметката на јавениот долг во однос на БДП се користени податоци за вредноста на БДП за период 2005 - 2024 година, за 2022 година користен е податок за вредност на БДП објавен на веб страната на Државниот завод за статистика, додека податоците за 2023 се прелиминарни податоци на Државниот завод за статистика, а 2024 година е проектирана вредност на БДП на Министерство за финансии.

Исто така, денеска согласно утврдената динамика, Министерството за финансии ги објави податоците за состојбата на државниот долг кој заклучно со 31 март 2024 година изнесува 7.544 милиони евра што претставува 50,4% од БДП. Состојбата на државниот долг се објавува на месечно ниво.

Министерството за финансии транспарентно ги објавува овие податоци на својата веб-страница. Последниот податок укажува дека јавниот долг е во дефинираните граници со новиот Закон за буџети. Со новиот Закон за буџети е воспоставено правило со кое јавниот долг не треба да надминува 60% од БДП, што е согласно и со Мастришките критериуми. Министерството за финансии останува на определбата за одржување на јавниот долг на стабилно ниво и во рамки на утврдените критериуми.

Се судрија патнички и товарен воз во тунел во Белград, има повредени

Започна извлекувањето на повредените во судирот во подземниот тунел во Белград, јавува репортерот на Телеграф од местото на настанот.

На терен се три екипи на брза помош, пожарникари и полиција, јавува Телеграф.

Пожарникарите со носилки се упатиле кон тунелот, бидејќи до судирот дошло на 400 метри во внатрешноста на тунелот.

Има неколку повредени, меѓу нив машиновозач и кондуктерката.

Ужасна снимка од напад на ајкула- се слушаат и врисоци под вода (ВИДЕО)

Следното видео кружи низ мрежите веќе неколку години, а го објави Ден Вајт, кој своевремено тренирал како нуркач на брегот на Египет.

Повеќе нуркачи се придружиле на неговата група, што доведе до промена во однесувањето на ајкулите што кружат во близина.

Отпрвин немало никакви проблеми, а Вајт ужива во друштво на океански белоперки. И тогаш една од нив решила поблиску да ги истражи „непоканетите гости“.

„Три пати се нафрли на мојот колега, а потоа му пријде германски нуркач. За жал, не успеале да ги следат нејзините движења. „Штом доби прилика, го дофати за ногата“, рече Вајт.

Додека ги заривала острите заби, се слуша крикот на несреќниот маж, што го прави видеото уште повознемирувачко.

За среќа, ајкулата се оддалечи и повеќе не нападна, бидејќи којзнае како сѐ би завршило на 10 метри длабочина.

На несреќниот човек му била укажана помош на брегот, а ногата му била во прилично лоша состојба, изгризана до коска.

Веднаш му биле дадени лекови против болки, додека раната била преврзана. По некое чудо, не морала да му биде ампутирана, пренесува LadBible.

Орбан: Претпоставките за врската на атентатот врз Фицо и војната во Украина се оправдани

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека е оправдано да се претпоставува дека има поврзаност меѓу атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо и војната во Украина.

Орбан рече дека „малку земји зборувале со гласот на мирот, освен неодамна Унгарија, Ватикан и Словачка“ и додаде дека „силните центри на моќ имаат интерес да ја продолжат војната“ во Украина, пренесува МТИ.

Унгарскиот премиер рече дека „сигурно е дека напаѓачот бил левичар и провоен“ и оти затоа претпоставките за поврзаноста меѓу атентатот и војната „не се неоправдани“ бидејќи, како што оцени, „постојат големи сили зад политичарите кои се за војна“.

„Оние кои се за мир не смеат да се плашат и мора да се соочат со империјата на Сорос и, доколку е потребно, со американската надворешна политика и мора јасно да кажат дека во интерес на Европа е страните да се вратат на преговарачка маса“, рече Орбан.

притисни ентер