Мичел би можел да го замени Гвардиола во Манчестер сити

Управата на сè уште актуелниот европски шампион и англиски првак, Манчестер сити се подготвува за заминување на Пеп Гвардиола од клубот.

Информацијата за можна разделба на „Граѓаните“ со шпанскиот фудбалски стручњак ја објавија некои англиски медиуми повикувајќи се на инсајдерот Хорхе Пикон.

Сегашниот договор на 53-тригодишниот Гвардиола е со важност до 2025 година.

Главен кандидат за замена на Гвардиола е Мичел, кој моментално е тренер на Жирона.

Сити оваа недела беше елиминиран од Реал Мадрид, губејќи на пенали во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот е лидер на табелата во Премиер лигата.

Гвардиола е тренер на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство тимот одигра 464 натпревари, на кои беа извојувани 342 победи, а 57 натпревари завршија нерешено. /МИА

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер