Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Апел за помош за лекување на младиот Бошко Јанкулов

На младиот кавадарчанец кој се лекува во Турција му е дијагностициран канцер на карлица.

Нема цена за шансата на Бошко!

Се надевам сите се сеќавате на Бошко Јанкулов, студентот на кој што му беше дијагностициран канцер на карлица. Бошко веќе подолго време е на лекување во Турција, за кое лекување и напредок најголема заслуга имате сите вие добри луѓе кои секогаш несебично помагавте. Претстои операција за целосно отстранување на канцерот!

После сето лекување и 6 хемотерапии покасно, резултатите се ветувачки и конечно туморот е намален, па на Бошко му претстои операција за целосно отстранување на истиот и лекување со радиотерапија и имунотерапија. Меѓутоа финансиските средства се целосно исцрпени и повторно му треба нашата помош за конечно да може да прооди. Неговата битка за целосно опоравување е при крај, но без вас не можеме да успееме, па ве молиме од срце кој колку може да донира или барем масовно споделување на постот. Затоа што заедно сме посилни!

Буџет на кампањата

Целосните финансии потребни за третманот изнесуваат 30000 евра.

Гитара на Ерик Клептон оди на аукција, почетна цена: 300.000 до 400.000 фунти

Стара гитара, со којашто британскиот музичар Ерик Клептон ја компонирал својата позната балада „Wonderful Tonight“, ќе биде понудена на наддавање во јуни.

Легендарниот гитарист го купил жичаниот инструмент во средината на 1970-тите. Во соопштението на аукциската куќа „Бонам'с“ се наведува дека гитарата ќе биде понудена со карактеристичното оштетување од цигарите коишто Клептон ги оставал меѓу жиците на инструментот.

„Тој ја користел оваа гитара при компонирањето неколку песни, вклучувајќи го и хитот од 1977 година за моделот Пети Бојд. Според кажувањата, Клептон ја напишал песната 'Wonderful Tonight' додека ја чекал Пети Бојд да се подготви за забава", соопшти „Бонам'с“. Во известувањето се додава и дека акустичната гитара „Мартин 000-28“ од 1974 година има и налепница со натпис: „Таа е вљубена во човекот за родео“ (She's in Love with a Rodeo Man), алудирајќи на хитот на кантри-музичката ѕвезда Дон Вилијамс.

Клептон ја продаде гитарата на хуманитарна аукција во 1999 година. На 12 јуни инструментот повторно ќе биде понуден на наддавање во Лондон, Велика Британија, со почетна цена од 300.000 до 400.000 фунти (349.000 до 466.000 евра).

Уапсен шефот на кадровската администрација во руското Министерство за одбрана

Јуриј Кузњецов, шеф на главната кадровска управа на Министерството за одбрана на Русија, е уапсен под сомнение дека примил мито, изјави официјалниот претставник на Истражниот комитет на Русија, Светлана Петренко.

-Главната истражна управа на Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка против шефот на кадровската управа на Министерството за одбрана на Русија, Јуриј Кузњецов. Тој е осомничен за примање голем поткуп (6 дел од член 290 од Кривичниот законик на Русија), објави Петренко.

Според информациите на истрагата, Кузњецов е 2021-2023 година кога бил шеф на Осмата управа на Генералштабот примил поткуп од претприемач „за извршување одредени дејствија во нивна корист“.

При претресот кај генералот биле пронајдени пари во вкупна вредност од над 100 милиони рубљи во различни валути (околу еден милион долари), златници, колекционерски часовници и луксузни предмети.

Судот му определи мерка притвор на Кузњецов.

притисни ентер