Мицкоски: Имаме многу индиции за криминал и многу докази, ќе има одговорност

Во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека има многу индиции за криминал и многу докази .

Во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека има многу индиции за криминал и многу докази кои му се доставени, но и сведоштва, потенцирајќи дека ќе има одговорност.

„Имаме многу индиции, сведоштва посебно помеѓу првиот и вториот изборен круг се случија многу сведоштва од многу луѓе кои носат докази и сме шокирани. Многу од овие случаи за кои јас зборувам ги евидентираа луѓето кои беа дел од техничката влада посебно во министерството за труд и социјална политика и министерството за внатрешни работи бидејќи таму бевме присутни, има нешто помалку во финансии и администрација и земјоделие“, кажа Мицкоски.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде дека фронтот против криминал и корупција подразбира распуштање на републичкиот судски совет и советот на јавни обвинители.

„Во кампањата ние зборувавме дека создаваме фронт против криминалот и корупцијата и тој фронт подразбира дека ние ќе го распуштиме републичкиот судски совет и советот на јавни обвинители таа ни е целта, но не значи тоа дека сега ние треба да предложиме, така беше протолкувано од владините партнери дека еве сега ВМРО ќе ги распушти едните за да ги постави своите партиски октруирани судии, не, самите тие нека си изберат на непосредни избори“, посочи Мицкоски.

Теретана на отворено за прв пат во општина Илинден

Комплетно опремена спортска теретана на отворено за прв пат добија жителите на Општина Илинден, која се наоѓа кај пешачко – велосипедската патека во Марино, соопшти Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакнал дека во рамки на ова фитнес катче, каде младите па и повозрасните жители на општината ќе можат да се рекреираат и вежбаат, поставени се повеќе најсовремени фитнес справи.

-Досегашната пракса на инвестирање и создавање на услови за спортување, постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации, па затоа Општина Илинден од сопствениот буџет оддвои средства за реализација на спортската теретана на отворено, а во наредниот период продолжува и понатаму со инвестиции во спортот и спортските терени на нејзина територија, се наведува во соопштението.

Сапунот од кокос - благотворен против комарци

Има многу производи коишто ги одбиваат комарците, а според новите истражувања, тука спаѓа и сапунот. 

Некои сапуни имаат делотворен ефект против комарци, но други сапуни го чинат спротивното. Во таа смисла, се препорачува сапун со состојки од кокос.

Комарците се потпираат на своите мирисни сетила, па нивното однесување зависи од нив. А пак, испитување објавено во списанието „Ајсајенс“ (iScience) покажува дека сапуните го менуваат мирисот на луѓето. Според Министерството за земјоделство на САД вели дека масните киселини во кокосовото масло имаат „силна одбивност и долготрајна делотворност“ против инсектите воопшто - комарци, крлежи, бубачки и муви.

Имено, според научните испитувања, тие масни киселини од кокос се 90 отсто благотворни во спречувањето каснувања од комарци.

Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот

Лишен од слобода е кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот, оваа информација денеска ја потврдија од МВР за МИА. 

- Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, е официјалната информација од СВР Велес.

Заканите биле упатени во угостителски објект.

притисни ентер