Мицкоски: Оставаа чевли пред влада,а во 7-годишното владеење на СДСМ,има 10 пати повеќе иселени

Пред нас се неколку клучни недели кои што значително ќе ја определат иднината на Македонија во кој правец ќе се движи, бидејќи не се само обични избори .

Пред нас се неколку клучни недели кои што значително ќе ја определат иднината на Македонија во кој правец ќе се движи, бидејќи не се само обични избори и нема да биде клише ако кажам дека овие избори, практично се раскрсница која насока ќе ја земе Македонија во иднината. Јас сум убеден дека тоа ќе биде правилната насока и од она што го гледам во изминатите дванаесет дена низ Македонија е дека навистина има едно големо будење и обединување на граѓаните околу идејата за промени, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Дојран, давајќи ветување дека во период кој што следи после изборите и формирањето на владата, ќе има многу напорна и чесна работа.

Мицкоски истакна дека ако направиме една ретроспектива наназад што се случувало кога владата во Македонија ја предводела СДСМ, тогаш ќе дојдеме до елементарен заклучок дека најмногу губела Македонија како држава, граѓаните бидејќи се осиромашувале, се ограбувале и исто така, не помалку важно, губел македонскиот идентитет, набројувајќи примери од осамостојувањето на Македонија до денес.

Мицкоски посочи дека ова го зборува со цел да потсети на важноста на 24 април и на 8 мај, од Дојран, обраќајќи му се на сите граѓани кога ќе ја носат одлуката треба сето ова што се зборува да се има во предвид за да не се повторуваат порази, грабежи, омаловажувања, понижувања и срам кои што секогаш, без исклучок, го носи владата на СДСМ.

„Сето тоа што го зборуваат, сето тоа што го зборува Демократската унија за интеграција, сето тоа што го зборува Артан Груби, Али Ахмети, Бујар Османи, верувај те, тоа го зборува јавно затоа што тоа е зборувано тајно со Стево Пендаровски, Зечевиќ, Маричиќ, Димитар Ковачевски и останатите, само што овие се почесни па го кажуваат, а овие чекаат шверцерски да наметнат повторно уште една лага на изборите и да се обидат да го изманипулираат народот и потоа правеа нешто што не го ветуваа. Не понижуваа, не срамеа, не ограбуваа и Македонија е денеска таму каде што е“, рече Мицкоски.

За жал, рече Мицкоски, оние чевли кои што ги редеа пред зградата на македонската влада симболизирајќи го иселувањето на македонските граѓани, сопствениците на тие чевли никогаш не дојдоа, ама бројот на тие чевли се зголеми за десет пати кои што ги чекаат сопствениците кои што заминаа од Македонија изминативе шест и половина година.

„Како професор на факултетот можам да ви кажам дека осум од десет мои студенти, веднаш по дипломирањето кога ќе ги прашате каква е вашата иднина, кој е вашиот план, што планирате да правите, сите велат бегаме што подалеку од овде. И не само затоа што економска е причината, бидејќи како инженери имаат релативно примамлива почетна плата, туку повеќе затоа што чувствуваат фрустрации бидејќи некои граѓани се привилегирани и се граѓани од прв ред, а тие се чувствуваат граѓани од втор ред. Во некои делови од Македонија законите важат, а во некои делови од Македонија законите не важат“, истакна меѓу другото Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Хајди Клум блесна во кожени панталони, привлече внимание со чанта од 26.000 евра

Германскиот супермодел Хајди Клум се појави на снимањето на шоуто „America's Got Talent“ во Пасадена, во кое таа е член на жирито.

51-годишната поранешна манекенка и ТВ водителка се појави во црни кожени панталони, бела маица и црна јакна. Комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици, ланче и очила за сонце, а вниманието го привлече со раскошна чанта.

Станува збор за чанта „Hermès“, поточно моделот „Birkin Quadrille“, чија цена се движи од 27.500 до 30.000 долари (24.000 до 26.000 евра).

Да потсетиме, Хајди неодамна позираше на црвениот тепих со колешката од шоуто, актерката Софија Вергара, а со своите изданија мамеа воздишки. Инаку, Хајди е позната и како кралица на Ноќта на вештерките поради необичните костими, а неодамна објави видео во кое покажа дел од костимот за овогодинешната прослава.

Остин во разговор со Галант ја истакна потребата за дипломатско решение за заканата од Хезболах

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин претходно денеска разговарал со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, соопшти Пентагон.

Остин ја „повтори својата загриженост“ поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Хезболах, се наведува во соопштението, и ја нагласи вербата на САД во „важноста од постигнување дипломатско решение што ќе им овозможи на жителите безбедно да се вратат во своите домови од двете страни на границата“.

Тој му рекол на Галант дека САД продолжуваат да вршат притисок за договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ја потврдил посветеноста на САД за безбедноста на Израел. /МИА

Германија поднесе кандидатура за домаќин на женското ЕП 2029 во фудбал

Германија е кандидат за домаќин на Европското првенство во фудбал за жени во 2029 година, соопшти денеска Германската фудбалска федерација (ДФБ).

Претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф изјави дека германската кандидатура е „главен проект“ на федерацијата и дека ќе му даде „дополнителен поттик“ на женскиот фудбал во Германија.

Противкандидати на Германија за организација на завршниот турнир се Португалија, Данска и Шведска.

Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално ќе го објави името на земјата домаќин во 2025 година.

Генералниот секретар на ДФБ, Хајке Улрих, ја смета Германија за „сигурен домаќин со одлична стадионска инфраструктура и одлична соработка меѓу градовите домаќини и локалните власти“.

Германија беше домаќин на Европското првенство за мажи во 2024, а го организираше ЕП за жени во 1988 година, во Западна Германија и во 2001 година. /МИА

притисни ентер