Мисајловски: Во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард

Денеска сум повторно во Ѓорче Петров заедно со пратеникот Бојан Стојаноски и со нашата кандидатка на пратеничката листа, Габриела Калкова и градоначалникот, Александар Стојкоски.

Денеска имаме убава можност тука во Ѓорче Петров да се сретнеме со повеќе компании да разговараме за сите предизвици, но исто така да ја претставиме и нашата програма, нашата Платформа каде предвидуваме илјадници проекти за подобар живот се разбира, но пред се за подобар стандард и подобра економија. Ќе разговараме за рамниот данок, ќе разговараме како да се зголеми продуктивноста на компаниите, но и за отворање на нови 50 илјади работни места.

Главниот фокус на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард, тука сме најмногу фокусирани и затоа сакаме да ги слушнеме компаниите кои се нивните маки, бидејќи овие 7 години имаа навистина многу предизвици, многу потешкотии и сакаме заеднички со нив партнерски да градиме однос во иднината каде навистина ќе им помогнеме со многу мерки од нашата програма.

Продолжуваме на терен секој еден ден да се среќаваме со луѓето, но се разбира и со сите бизнисмени компании за да можеме заеднички да направиме една заедничка победа бидејќи Македонија е за сите луѓе

Македонија треба повторно да биде твоја, а промените се во рацете на сите луѓе.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ носител на изборна единица 2

Лидерот на Златна зора ќе излезе од затвор

Поранешниот лидер на сега непостоечката неонацистичка партија Златна зора Никос Михало-Љакос, кој беше осуден на 13-годишна затворска казна за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор, пренесуваат грчките медиуми.

Судот во градот Ламиа донел одлука тој да биде ослободен, откако издржал три петтини од казната. Златна зора пред четири години беше прогласена за криминална организација обвинета за бројни насилства од омраза , а нејзиниот лидер и пет поранешните пратеници добија 13 години затворска казни. Михалољакос, според одлуката на судот, ќе има забрана да ја напушта поширокиот регион на атина и ќе треба еднаш месечно да се јавува во полициска станица, пишува Катимерини. Златна зора беше дел од парламентот во периодот од 2012 до 2019 година..

Полската полиција приведе 16-годишно момче за нападот со молотов коктел врз синагога

Полската полиција приведе 16-годишно момче осомничено дека фрлило молотов коктел врз историската синагога Ножик во Варшава, изјави денеска портпаролот на полицијата за весникот „Ржечпосполита“.

Мотивот зад вчерашното фрлање молотов коктел врз единствената синагога во Варшава што го преживеа нацистичкиот напад за време на Втората светска војна, остана нејасен. Осомничениот одбил да даде изјава.

„Срамотните антисемитски напади како овој не можат да се толерираат денес. Сторителите мора да бидат пронајдени и казнети, објави вчера на „Икс“, израелскиот амбасадор во Полска, Јаков Ливне.

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда исто така го осуди фрлањето молотов коктел врз синагогата. „Нема место за антисемитизам во Полска! Нема место за омраза во Полска", напиша Дуда на „Икс“.

Синагогата од 1902 година, во центарот на градот на левиот брег на Висла, денеска е главната синагога во Варшава. /МИА

Полицијата го растури пропалестинскиот протестен камп на Универзитетот УКЛА во Калифорнија

Претходната ноќ кампот на студентите кои протестираа бил нападнат од приврзаници на Израел, пренесе БТА.

Стотици службеници на автопатот во Калифорнија рано утринава се упатија низ барикадите и толпата демонстранти до плоштадот во центарот на кампусот на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес (УКЛА) за да го разбијат шаторскиот камп поставен во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, јавија британските медиуми.

Претходната ноќ кампот на студентите кои протестираа бил нападнат од приврзаници на Израел, пренесе БТА.

Телевизиските снимки покажаа најмалку шест лица уапсени во кампусот на УКЛА. За време на судирите меѓу студентите и полицијата одекнале неколку експлозии.

Демонстрантите со рачно изработени штитови и раширени чадори се обидоа да ја спречат полицијата со шлемови кои упаднаа во шаторскиот камп.

Локалниот телевизиски канал КАБЦ прикажа меѓу 300 и 500 демонстранти во забарикадираниот камп и околу 2.000 поддржувачи на протестите надвор од барикадите.

Раководството на универзитетот вчера ги откажало сите часови по жестокиот судир меѓу демонстрантите во кампот и група маскирани контра-демонстранти кои извршија ненадеен напад во вторникот доцна навечер.

Пропалестинските демонстранти тврдат дека нивните противници фрлале бомби врз шаторите. Вчера рано изутрина интервенираше полицијата за да воспостави ред. /МИА

притисни ентер