Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер

Бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче.

Почитувани,

Ова писмо е доказ за злоупотреба на позицијата вицепремиер и државните ресурси во политичка кампања од страна на СДС. Имено Фатмир Битиќи, коносител во ИЕ 2 на 29 април 2024 година испраќа писмо злоупотребувајќи ја својата позиција како вицепремиер, и неговата обврска да работи за компаниите и бизнис секторот.

Битиќи упатува апел и директно вели, цитирам: Го барам вашиот глас, а притоа потенцира дека го водел секторот, кој помогнал со финансиска поддршка од над 100 милиони евра.

Потенцира дека за да продолжат овие позитивни политики за поддршка на бизнисот и во иднина, цитира дел од партиската програма за изборите, во која ветува зголемување на на овие средства во износ од 180 милиони евра.

Битиќи директно во ова писмо бара лична поддршка гласајќи за СДС и за Коалицијата Европска иднина наведувајќи го и редниот број на гласачкото ливче.

Ова претставува злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353. Имено според овој член е наведено дека службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, ќе прибави за себе или за друг некаква корист, во овој случај тоа е политичка корист преку директно барање на поддршка за број на гласачко ливче под кое се наоѓа коалицијата од која самиот Битиќи е дел.

Битиќи извршил злоупотреба на службената положба, затоа што како вицепремиер, кој одлучувал за доделување на помошта за компаниите им се обраќа истите да го дадат гласот за него, поради помошта која им е исплатена од негова страна, како вицепремиер на владата и дека истата ќе се зголеми доколку се добие поддршката.

Дали со ваквиот чин, Битиќи создава притисок на компаниите кои добиле државна помош, и заради истата тој бара тие да гласаат за него. Ова е преседан од невидени размери, за што очекуваме не само извинување од Битиќи и СДС, туку и ДКСК да покрене случај против ова.

Времето на злоупотребите на државните позиции и условувањето на компаниите и граѓаните завршува на 8 мај. Компаниите да не се плашат, и да не подлегнуваат на притисоците на СДС и ДУИ, по 8 мај сите кои вршеле притисоци ќе се соочат со одговорност. Ова време завршува!

Време е Македонија да ја вратиме на народот. Време е Македонија да биде повторно твоја.

Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Баерн ќе се обиде да го привлече Бруно Фернандеш доколку Тухел остане

Баерн Минхен е заинтересиран за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, тврди „Билд“. 

На тренерот на баварците, Томас Тухел му се допаѓаат квалитетите на португалскиот репрезентативец и ќе инсистира да го привлече на „Алијанц арената“ доколку тој самиот ја задржи функцијата.

Се поверојатна изгледа опцијата Тухел да остане на кормилото на баварците. На крајот на февруари беше најавено дека стручњакот ќе замине на крајот на сезоната, но со оглед на големиот број имиња кои одбија да го заменат на клупата, и двете страни со задоволство би ја продолжиле соработката.

За да се согласи да остане во Баерн, Тухел сака да му биде продолжен договорот и да има збор во изборот. Бруно Фернандеш е меѓу новите засилувања кои ги посакува Германецот. На списокот на Тухел се наоѓаат и Тео Ернандез од Милан и Жоао Палиња од Фулам. Јосип Станишиќ по позајмица ќе се врати во Баер Леверкузен.

Според различни информации, во трансфер плановите на Баерн се и Френки де Јонг, Чави Симонс, Асан Ведраого, Крис Фирих, Андре Онана и Јонатан Та.

Дејвид Коперфилд обвинет за сексуална злоупотреба од повеќе жени

Повеќе жени го обвинија американскиот илузионист Дејвид Коперфилд за сексуална злоупотреба. Настаните се случувале во распон од неколку десетлетија, објави британски „Гардијан“.

Од 16 жени, некои биле и помлади од 18 години кога наводно се случило она што го тврдат. Коперфилд беше обвинет за недолично однесување и во 2018 година, кога жена по име Бритни Луис тврдеше дека тој ја дрогирал и сексуално ја нападнал три децении претходно. Натаму, три жени тврдат дека Коперфилд ги дрогирал пред секс. Настаните, според можните жртви, го опфаќаат периодот од доцните 1980-ти до 2014 година.

Коперфилд (67) одрекува каква било злоупотреба и „никогаш не постапувал несоодветно кон никого, а не пак, кон малолетник“, нагласуваат неговите адвокати.

Коперфилд претходно беше „под лупа“ и поради неговите врски со обвинетиот сексуален подведувач Џефри Епстин, кој почина во затвор во 2019 година.

„Нашиот клиент не беше свесен за грозоморните злосторства на Епстин... Како и остатокот од светот, и тој дозна за тоа од печатот“, тврдат адвокатите на Коперфилд.

Друга жена, која доби псевдоним во печатот, сведочи дека го запознала илузионистот по еден негов настап, кога имала 15 години. Таа раскажува дека следниве години, тој ѝ се јавувал доцна во ноќта и ѝ испраќал подароци, а кога наполнила 18 години, вели, двајцата имале консензуални односи.

САД одобрија потенцијална продажба на воена опрема на Украина во вредност од 100 милиони долари

Стејт департмент одобри потенцијална продажба на американска воена опрема за Украина во вредност од 100 милиони долари, соопшти Пентагон.

Во соопштението се истакнува дека Стејт департментот и одобрил на Украина потенцијалната продажба на опрема за копнено надгледување од НАТО, како и за поддршка и друга опрема за таа програма во висина од 250,2 милиони американски долари.

Главен продавач на воена опрема ќе биде американската одбранбена компанија „Нортроп Граман“ (Nortrop Graman).

притисни ентер