Митрески: Продолжуваме со раст на платите, просечна плата 1.100 евра, минимална плата 600 евра

„На овие избори одлучуваме дали Македонија ќе продолжи по реформскиот пат, патот кон Европската унија кој носи позитивни системски промени или ќе се вратиме назад, кон изолација и заробена држава. “

„На овие избори одлучуваме дали Македонија ќе продолжи по реформскиот пат, патот кон Европската унија кој носи позитивни системски промени или ќе се вратиме назад, кон изолација и заробена држава. Полноправното членство во Европската унија е нашата единствена опција“, порача денеска Јован Митрески, носител во петтата Изборна единица, на Коалицијата за европска Македонија, на почетокот на кампањата за парламентарните избори.

Тој нагласи дека Коалицијата предводена од СДСМ е одлучна да направи темелни реформи, а тоа е можно само ако ги почнеме преговорите со Европската унија.

„За СДСМ секогаш приоритет се граѓаните. Затоа, и во наредниот период продолжуваме со континуиран раст на платите. Просечната плата ќе достигне 1.100 евра, со влезот во Европската унија ќе достигне 1.300 евра. Минимална плата од 600 евра, со влезот во ЕУ 800 евра. Обезбедуваме поддршка од 180 милиони евра директна финансиска поддршка на бизнисите, 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции“, нагласи Митрески и додаде дека фокусот ќе биде во изградба на одржлива, иновативна и конкурентна економија.

Тој, заедно со кандидатите во петтата Изборна единица ги повика граѓаните одлучно да се спротивстават на сите што сакаат да нѐ вратат во минатото и да дадат поддршка за Планот за европска Македонија!, рече Јован Митрески, носител на ИЕ5.

Битиќи: Сплотени и солидарни на 1-ви мај

Сплотени и солидарни на 1-ви мај, со победа на СДСМ на 8-ми мај за уште поголеми плати на работниците.

„Гласот за број еден, за СДСМ и Коалицијата за европска иднина, е глас за поголеми плати и унапредени работнички права. Седум години градиме економска атмосфера на постојан раст на платите, да не дозволиме ова да биде загрозено - работниците и работничките тоа не го заслужуваат“, им порача на сопартијците Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници во Изборна единица 2, на денешниот Првомајски пикник кој беше организиран од партијата во Градскиот парк во Скопје.

„Двојно ја зголемивме просечната плата од 2016 година, денес таа изнесува речиси 40.000 денари. Минималната плата не ја оставивме на егзистенцијалниот минимум, на кој ја затекнавме во 2016, кога изнесуваше 10.000 денари, сега таа изнесува 22.500 денари. Знаеме дека треба уште повеќе, затоа ветуваме просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра во наредните четири години. Ова е добриот глас кој треба да го ширите до секој човек, во секое село и град“, порача до членовите на СДСМ потпретседателот Битиќи.

Тој истакна дека СДСМ е силна партија и денешниот Ден на трудот треба да биде дополнителна мотивација за поголемо заедништво во пресрет на денот на изборите на 8 – мај и продолжување на битката за европска Македонија.

„Не смееме да се откажеме, социјалдемократијата не обврзува да водиме грижа за секое работно место, за достоинствена плата. Никој друг, само ние, социјалдемократите можеме тоа да го понудиме на граѓаните со програмата каде работникот е на прво место. Никој да не биде изоставен од економските успеси, што значи повисоки плати и пензии, поголема куповна моќ и подобар квалитет на животот. Ќе се погрижиме секое домаќинство да ужива во сигурна финансиска иднина, со поголем пристап до услуги и можности“, рече Битиќи.

Потпретседателот на партијата посочи дека СДСМ е партија која се води од социјална правда, еднаквост и солидарност и секогаш е на страната на работниците, го почитува и вреднува нивниот труд.

Димитриевски: Нашата цел е да продолжиме да ги обединуваме граѓаните

​Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце.

Претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски во изјавата за медиумите им го честиташе празникот на сите граѓани и работници и им посака здравје, успех и среќа. Тој рече дека работничката класа е онаа што ја дигнала Македонија да стане држава. Димитриевски рече дека истовремено сака да испрати порака до актуелното раководство на СДСМ, при што рече:

„Истите тие коишто дозволија да се отвараат бугарски клубови кои го содржат името Ванчо Михајлов во текот на нивниот мандат и ја згазија не само социјалдемократијата, туку и илинденските и асномските левичарски вредности и принципи, не обвинија дека сме човек партија. Нивната ароганција е ненадминлива. Ова раководство на СДСМ, со овој арогантен пристап ја доведе партијата до историски најслабиот резултат. Не само што ја навредија ЗНАМ, лично мене, навредија и уште 84 илјади граѓани кои го дадоа својот глас за движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија. Ниското ниво на комуникација нема да го прифатиме. Но, како и да е, ние позитивно продолжуваме понатаму и чест ми е што денеска токму овде традиционално во Меморијалниот центар Пелинце- АСНОМ, каде што се удрени темелите на современата македонска држава, гледам голем број на мои поранешни соборци и сопартијци, коишто ни се придружија на овој настан во организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и нивниот број секојдневно расте. За разлика од раководството на СДСМ, тие ја прифатија подадената рака. Нашата цел е да продолжиме да ги обединуваме граѓаните и ние ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија, државните и националните интереси.

Кејн: Можеме да извлечеме многу позитивни елементи од ремито со Реал

Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн се осврна на синоќешното реми со Реал Мадрид.

Баерн на домашен терен одигра 2:2 со фаворизираниот Реал во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

- Ова се големи натпревари. Атмосферата денеска беше неверојатна. Сигурен сум дека и следната недела ќе биде исто. Сакам да бидам дел од овие големи натпревари и нема ништо поубаво од тоа. Можеме да земеме многу позитиви работи од денешниот натпревар. Има неколку мали детали што треба да ги поправиме бидејќи се виде дека лесно можеме да бидеме казнети и за најмали грешки. Позитивниот став мора да го пренесеме и на реваншот, изјави Кејн.

Возвратниот натпревар ќе се игра на 8 мај на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Во втората полуфинална пресметка на елитното фудбалско натпреварување ќе се соочат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен. Првиот натпревар се игра вечер од 21 часот во Дортмунд. /МИА

притисни ентер