Но, сега Денис и неговите луѓе се соочуваат со можност да го направат тоа повторно. Во последните денови, руските сили постигнаа мали, но значајни успеси токму долж границата во регионот Харков.
Нивното напредување е длабоко само неколку километри, но проголта околу 100 километри украинска територија. На посилно бранетиот исток на Украина, на Русија ѝ требаа месеци да го постигне истото.
Денис сака да знае што се случило со украинската одбрана.
„Немаше прва линија на одбрана. Го видовме тоа. Русите само влегоа. Тие само влегоа“, изјави Денис за Би-Би-Си.
Јарославски на новинарите на Би-Би-Си им покажал снимка од беспилотно летало снимена пред неколку дена на која се гледа мала колона руски војници кои едноставно шетаат преку границата, без противење.
Тој вели дека надлежните тврделе дека одбраната се гради со големи трошоци, но според него таа одбрана едноставно не постоела. „Тоа е или небрежност или корупција. Тоа не беше неуспех, тоа беше предавство“.
Сите знаеја дека овој упад најверојатно ќе се случи. И украинските и западните разузнавачи знаеја дека Русија гради сили преку граница - со проценки дека собира до 30.000 војници.
Претседателот Владимир Путин, исто така, јавно ја изјави својата цел да создаде тампон зона во регионот Харков за да ја заштити руската територија од украинските артилериски напади.
Но, Украина се чини дека е лошо подготвена - и покрај официјалните негирања.
Денис, зборувајќи од паркот во Харков, вели дека за еден час ќе се врати на линијата на фронтот со своите луѓе во близина на градот Вовчанск, на само 5 километри од руската граница.
Се наведува дека руските војници веќе влегле во предградието на градот. Денис вели дека се плаши дека наскоро би можел да се врати во руски раце.
Украинските власти продолжуваат да инсистираат дека на Харков не му се заканува копнена инвазија. Но, колку повеќе Русија напредува, толку е поголема веројатноста таа да дојде во домет на руската артилерија.
Во паркот во Харков, Денис вели дека верува оти руските сили ќе се обидат да се фокусираат на исток и да го заземат целиот Донбас. Но, тој вели дека Русија исто така се обидува да ги искористи украинските слабости на фронтот долг 1.000 километри. Тие најдоа еден во Харков.
„Секако дека сум лут“, вели Денис. „Кога се боревме за оваа територија во 2022 година, изгубивме илјадници луѓе. Ги ризикувавме нашите животи. А сега затоа што некој не изгради утврдувања, повторно губиме луѓе.“