МЗ со одговор до специјализантите: Нашиот став е позитивен, но решение ќе има после изборите

Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив спаѓаат и приватните специјализанти.

Во изминатиот период, приватните специјализанти остварија неколку средби со министерот за здравство и со претставници од Министерството, кадешто се слушнаа нивните барања и се изготви извештај, со цел изнаоѓање решение за нивниот работен статус.

На последната владина седница беше донесена одлука согласно закон, веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.

Во однос на двете барања на приватните специјализанти, Министерството за здравство Ве известува дека дел од приватните специјализанти веќе имаат здравствено осигурување и се во работен однос, додека пак 10% од приватните специјализанти немаат здравствено осигурување од причини што или не се јавиле во подрачните служби или не го исполнуваат условот од аспект на остварените приходи бидејќи добиваат паричен надоместок.

Во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Покрај финансискиот надоместок, тие добија можност за исплата на дежурства и здравствено осигурување.

Ставот на Министерството е позитивен кон нив, со цел да им се излезе во пресрет, но решение ќе има после изборите.

Овие години, се направи значителен напредок со покачување на платите на здравствените работници, подигнати се капацитетите во јавното здравство и вратено е достоинството на сите здравствени работници и соработници.

Министерство за здравство

Ливерпул нема намера да го пушти Салах на лето

Ливерпул не планира да се раздели со Мо Салах.

Крилниот напаѓач продолжува да има добри односи со сите во Ливерпул. Директорот на клубот Мајкл Едвардс верува дека Салах треба да биде дел од плановите на Ливерпул за иднината, изјави новинарот Фабрицио Романо за подкастот „Here We Go“.

Кон крајот на сезоната ќе има средба помеѓу Салах и неговиот агент. Ќе разговара за иднината на крилниот напаѓач и ќе ги истражи неговите опции. Но, во моментов Ливерпул нема намера да се раздели со него.

Претходно беше објавено дека Салах би можел да го напушти Ливерпул во 2025 година кога ќе му истече актуелниот договор.

Оваа сезона играчот има 24 гола и 12 асистенции во 41 натпревар за клубот. /МИА

За Вернер од Тотенхем заврши сезоната

Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, поради повреда ќе отсуствува до крајот на сезоната. Тренерот на премиерлигашот Анже Постекоглу изјави дека сезоната за Германецот е завршена.

Постекоглу го замени напаѓачот Тимо Вернер во првото полувреме од натпреварот од 35. коло на Премиер лигата со Арсенал (2:3) одигран изминатиот викенд.

Фудбалерот се повреди во првото полувреме и итно го напушти теренот. Неговото место го зазеде Бренан Џонсон.

Вернер игра за Тотенхем како позајмен од Лајпциг. Раководството на тимот се уште не одлучило дали ќе го купи напаѓачот на трајна основа за 17 милиони евра. /МИА

Ред Бул најавија заминување на Њуи на почетокот на 2025 година

Австрискиот Формула 1 тим Ред Бул и шефот на техничкиот оддел Адријан Њуи се договорија да ја прекинат соработката.

Стручњакот ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, во првиот квартал од 2025 година. Адријан има намера да се фокусира на развојот на првиот хиперавтомобил на Ред Бул, RB17.

Њуи е во Ред Бул од 2005 година. Новото место на работа на специјалистот сè уште не е објавено. Претходно се зборуваше дека може да се приклучи на Ферари.

Ред Бул е на првото место во шампионатот на конструктори со 195 бодови. Ферари е на второто место со 151 бод. /МИА

притисни ентер