На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација

На преговорите во Каиро заедно со делегацијата на Хамас „за да се забрза процесот“ била поканета и израелска делегација, пренесува Тајмс оф Израел. 

Претходно вчера, висок функционер на Хамас потврди дека делегација на Хамас денеска ќе го посети Каиро за да преговара за прекин на огнот во Газа.

Тој, исто така, истакна дека немаат „поголеми проблеми“ со најновиот предлог на Израел и Египет за прекин на огнот во Газа. /МИА

Кралот Чарлс: Го изгубив чувството за вкус за време на лекувањето на ракот

Британскиот крал Чарлс Трети изјави дека го изгубил чувството за вкус за време на лекувањето од рак. 

Ова го кажал за време на разговор со воен ветеран кој бил на хемотерапија од рак на тестисите, а откако ветеранот му се пожалил дека го изгубил сетилото за вкус, пишува Дејли Мејл.

Претходно, кралот на принцот Вилијам му ја врачи титулата врховен полковник на воздухопловните сили на официјална церемонија во Армискиот авијациски центар во Мидл Валоп.

Вилијам ќе го претставува Воздухопловното крило на армијата, вклучувајќи ја и поранешната единица на неговиот брат Хари - 662 ескадрила, со која тој беше во Авганистан.

Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).

Како што најавуваат од Управата за хидометеоролошки работи, во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.

Борел ја повика Грузија да го повлече законот за странско влијание

-Усвојувањето на овој закон негативно влијае на напредокот на Грузија на патот кон ЕУ... Ги повикуваме грузиските власти да го повлечат законот, рече Борел

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел денеска ја критикуваше Грузија за усвојување на закон за „странско влијание“ насочен кон невладините организации финансирани од странство и за потиснување на масовните протести, повикувајќи го Тбилиси да го смени курсот.

-Усвојувањето на овој закон негативно влијае на напредокот на Грузија на патот кон ЕУ... Ги повикуваме грузиските власти да го повлечат законот, рече Борел во заедничката изјава со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. /МИА

притисни ентер