Николоски: Филипче е човекот кој го уништи здравството, ќе биде запишан на најцрните страници

На 8 мај треба да  имаме масовна референдумска излезност, сите да излезат за убедливо да победиме во изборна единица 4, да не се доведеме во ситуација основни здравствени услуги да не може да добиеме ни во Радовиш ни во Струмица. 

Да не се доведеме во ситуација да барате пријатели, врски за она што следува, за основна здравствена заштита, треба да се стави точка на таа работа, системот мора да функционира, а имаме луѓе кои може да го средат системот, професионалците да добијат шанса, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборна единица 4, Александар Николоски на митингот во Радовиш.

Николоски истакна дека како и за многу области има луѓе кои си ја работат професијата и луѓе кои ја злоупотребуваат и наша цел е да ги поканиме професионалците да ни помогнат заеднички да ја реализираме Платформа 1198 за заеднички да ги поправаме работите.

Вечерва со нас е мојот пријател докторот професорот Виктор Камнар, би сакал да му се заблагодарам на поддршката, тој е најдобриот ортопед во целиот регион, кој направи прва трансплантација на коска во регионот, кој си ја сака професијата, медицината, врвен професионалец и кој сака да се подобрува здравството. Тоа се професионалци луѓе кои не ги интересираат провизии, мито, туку гледаат да помогнат на пациентите и не ги злоупотребуваат пациентите, не се сликаат со своите пациенти туку им помагаат, не ја злоупотребуваат својата професија и гледаат да не збогатат преку ноќ со крадење, туку да му помогнат на народот. Со вакви луѓе ќе го поправаме здравството, изјави Николоски.

Николоски нагласи дека од друга страна е неговиот против кандидат, човекот кој го уништи здравството, кој ќе остане запишан на најцрните страници на македонското здравство, влече десетици афери позади себе, дали е тоа случајот со приватизација на стерилизацијата, дали е тоа провизијата за вакцини кои не стигнаа, дали е тоа сомнителната набавка на апарати или неговата улога во случајот Онкологија каде што терапија не беше давана на болни од канцер на кои им беше најпотребна.

Николоски се осврна и на проектите за Радовиш и регионот.

Во Радовиш планираме да се заврши изградбата на експресен пат од Радовиш до Струмица, кој треба да продолжува до Ново село и границата, односно од граница со Бугарија до Штип да има експресен пат кој би се врзувал со автопатот и целиот исток подобро да функционира. Тука е реконструкција и пренамена на оваа стоковна куќа во едукативен и забавен културен центар со содржини од јавни дејности и сум убеден дека градоначалникот ќе го направи на најдобар можен начин. Планираме уредување на речното корито на Радовишка река, уредување на населени места, спортско рекреативен центар и бројни други проекти кои треба да го подобрат животот во Радовиш, рече Николоски.

Николоски истакна дека нема да биде заборавени и земјоделието.

Тутунот е основен извор на егзистенција и планираме да го донесеме законот за забрана на увоз на тутун за целиот македонски тутун да се откупува по пристојни цени. СДСМ не го гласа затоа што главен увозник е братот на министерот за земјоделие. Потребна е масовна референдумска излезност, секој еден да излезе на гласање, потребна е масовна поддршка, ВМРО-ДПМНЕ е единствената сила која може да ја направи промената, нагласи Николоски, се наведува во партиското соопштение.

Австралија и Нов Зеланд испраќаат авиони за евакуација на туристи од Нова Каледонија

Австралија и Нов Зеланд најавија дека ќе испратат владини авиони за да ги евакуираат своите граѓани од Нова Каледонија, француска прекуморска територија каде што летовите се прекинати поради насилните протести по повод измените на изборните закони.

„Граѓаните на Нов Зеланд во Нова Каледонија се соочија со неколку предизвикувачки денови и нивното враќање дома беше итен приоритет за нашата влада“, рече министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс, по состанокот со неговите француски и австралиски колеги синоќа, кога беше договорена евакуацијата.

Во таа акција ќе учествуваат авиони од одбранбените сили на Австралија и Нов Зеланд, а француската Висока комисија во Нова Каледонија денеска соопшти дека аеродромот на тој остров се уште е затворен за комерцијални летови и дека ќе испрати војска да ги заштити јавните објекти.

Немирите започнаа на 13 мај, откако пратениците во националното собрание во Париз гласаа за промена на законот за да им се овозможи на повеќе француски граѓани да гласаат на локалните избори во Нова Каледонија, што според домородните лидери ќе го неутрализира домородното политичко влијание.

Контингент од 1.700 полицајци од Франција веќе пристигна на островот. Властите прогласија вонредна состојба која вклучува ноќен полициски час, како и забрани за јавни собири, продажба на алкохол и носење оружје.

Фото: Бела Хадид се врати во Кан во проѕирен фустан

Мегапопуларната манекенка Бела Хадид се врати на Канскиот филмски фестивал за да го „сервира“ еден од најжешките изгледи досега!!

Една од најубавите жени на светот, манекенката Бела Хадид прошета на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во фустан кој повеќе открива отколку што покрива, посебно кај градите.

Сите погледи беа вперени во нејзиниот фустан Сен Лоран во боја на кожа, кој беше проѕирен и овој пат, многумина се согласуваат, покажа повеќе од потребното доколку сака да ја задржи титулата на жена која негува добар стил.

Кафеавиот фустан имаше длабоко деколте напред, додека задниот дел откриваше целосно гол грб. Некои потсети на проѕирната завеса од тул што и беше обвиткана околу телото.

Во април зголемени вкупните кредити и депозити

Вкупните кредити во април бележат раст од 6,8 проценти на годишно ниво, а вкупните депозити за 9,3 проценти.

Зголемувањето и кај кредитите и кај депозитите се должи на зголеменото кредитирање и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор, но поизразен е кај домаќинствата.

Според податоците на Народната банка, на месечно ниво вкупните кредити бележат зголемување од 1,2 проценти што се должи на повисоките кредити во двата сектора, но со поголем придонес на корпоративниот сектор, а раст има и кај депозитите од 1,3 проценти којшто се должи на зголемените депотизи кај домаќинствата.

притисни ентер