НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“. Станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативните проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и овој пат решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.
Веќе четврта година НЛБ Банка успева да одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.
Во рамките на „Рамка за помош“, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето, односно беа избрани 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.
Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60- те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.
Во продолжение, Ви ja претставуваме Ксенија Николова од Здружение за создавање на подобро општество за сите „Шеринг ис керинг“
BW2CLUB е мрежен центар кој активно допринесува на благосостојбата и растот на жените и девојките, ги развива општествените иницијативи, ја стимулира креативноста и ги подобрува чувствата на сопствена вредност кај корисниците. Покрај тоа, имаме планови за специјализирани алатки прилагодени за нашите жени претприемачки, особено тие во раните фази, нудејќи им видливост, валидација и можност за вмрежување. Овие алатки ќе бидат претставени во следната етапа, по првичното лансирање на апликацијата. Досега организиравме преку 30 настани, работилници и вебинари и сите тие само ни докажаа дека преку таквите формати, жените и девојките навистина добиваат нови информации, ново знаење, ново искуство, мотивација и желба да подобрување. Нашата платформа третира и ќе обработува многу важни општествени прашања за жените и девојки, како на пример ментално здравје, физичко здравје, репродуктивно здравје, физичко насилство, родова еднаквост и други.
Зошто е меѓу избраните?
Јакнење на жените и родовата еднаквост се теми за кои се почесто се говори.Оваа платформа ги обединува жените и девојките глобално, поттикнувајќи осмостојување, разновидност и побудува личен и професионален напредок. Решението нуди безбеден простор за жените да се поврзат, споделуваат своите искуства, си дадат меѓусебна поддршка, истражуваат различни можности и взаемно се инспирираат.