Џафери од Приштина најави дека Македонија ќе го поддржи членството на Косово во Советот на Европа, во интервју за Приштинскиот економија онлајн Џафери вели дека делегацијата на Собранието на Република Македонија ги има сите инструкции да ја поддржи иницијативата, бидејќи смета дека Косово и земјите од регионот „треба да бидат членки на сите меѓународни организации“.
„Како земја која го поддржува Косово, ги дадовме сите инструкции што треба да ги дадат нашите претставници во надлежните органи. Конкретно, во Стразбур, делегацијата на Собранието на Република Македонија ги има сите инструкции да ја поддржи иницијативата и гласот за членство на Косово“.
Вели Џафери во интервјуто.Непосредно по нивната заедничка средба и косовската претседателка Османи соопшти дека Џафери дал целосна поддршка за членството на Косово во Советот на Европа.
Речиси во истовреме во Скопје на прес конференција министерот Бујар Османи пак најави дека ќе и предложи на владата Македонија да ја напушти иницијативата Отворен Балкан, поради сомневањата дека Србија е инволвирана во инцидентот во Бањска.
За поранешниот амбасадор Јован Донев во овие чекори гледа тенденција на влошување на односите со Србија, што е најмалку потребно за регионот во актуелниот светски политички моментум.
На Парламентарното собрание во Стразбир денеска пратениците ќе се изјаснат околу документот подготвне од грчката пратеника Дора Бакојани, на што му претходеа и писмата што до европските лидери ги испрати српскиот претседател Вучиќ во кои ги повика уште еднаш да размислат за прифаќање на Косово во СЕ .
Инаку, во однос на Отворен Балкан албанскиот премиер Рама уште во декември кажа дека регионот сега треба да се фокусира на Берлинскиот процес.