Огромна скулптура на хот дог се појави на Тајмс Сквер во Њујорк (ВИДЕО)

Тајмс Сквер во Њујорк е место каде што може да се види навистина сè - од необични луѓе до чудни уметнички инсталации, а една таква неодамна се појави на плоштадот.

Станува збор за необична, џиновска скулптура на хот-дог долг речиси 20 метри - со малку сенф одозгора. Но, тоа не е сѐ. Како оваа инсталација да не е доволно чудна сама по себе, секој ден напладне се дига во воздух и од неа летаат конфети.

Станува збор за скулптура која ја создале двајца уметници од Бруклин, Џен Катрон и Пол Аутлау, а со неа сакале да му оддадат почит на сето она што го симболизираат хот-догот. Во интервју за The Art Newspaper, Катрон ја објаснил симболиката на ова уметничко дело.

„Историјата на хот-догот и како се прави, како стигна до каде што е денес, тоа е навистина вистинска американска приказна - од луѓето кои го прават и луѓето што го јадат, до луѓето кои профитираат од него. Сето тоа завиткано во ова јадење кое е вкусно, но и забавно и глупаво во исто време“, вели Катрон.

@timessquare.nyc And the weiner takes all! 🌭 ‘Hot Dog in the City’ by artist duo Jen Cantron and Paul Outlaw is finally in #TimesSquare 🌟 If you missed the unveiling, you can always ketchup! ‘Hot Dog in the City’ will be on view until June 13, 2024 @ Broadway and 46th St with a confetti pop daily at 12pm. We have more exciting hot dog events to come! #NYC #HotDogInTheCity #HotDog #PublicArt #FreeEvents #NYCEvents ♬ original sound - Empire State Building

Заедно со скулптурата со хот-дог се одржуваат различни настани, меѓу кои и натпревар во јадење хот-дог, како и натпревар за најубаво куче, а скулптурата на хот-дог ќе биде на Тајмс Сквер до 13 јуни.

Поплави и свлечишта во германската провинција Сар

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западната германска покраина Сар. Поради надојдената вода евакуирани се жителите од неколку згради.

Според Германската метеоролошка служба во Сар вчера наврнале повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар за помалку од 24 часа.

Според досегашните информации, во силното невреме нема жртви, а при евакуацијата едно лице е повредено.

Голем број патишта во Сар сè уште се затворени, а ограничен е и железничкиот сообраќај.

Германскиот сојузен канцелар Олаф Шолц најави дека ќе ја посети поплавената област.

Поради обилните дождови зголемена е готовност и на надлежните служби и во Саксонија, Тирингија и Баварија./МИА

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

притисни ентер