Ова е популарното вежбање 10-2-20 со кое губите 15 килограми за 2 месеца! (видео)

Салото се топи ако редовно вежбате.

Може ли секојдневното 20 минутно пешачење да биде клуч за губење на тежината? Се чини дека фитнес фанатиците на Тикток веруваат во ова.

Популарното вежбање 10-2-20 се појави на социјалните мрежи како тренинг со низок интензитет, но сепак исклучително ефикасен начин за слабеење до 15 килограми за два месеци.

Вежбањето вклучува одење по лента со наклон од 10% со брзина од 3,2 км/час (2 милји на час), 20 минути четири пати неделно.

Ова се предлага како алтернатива на рутината 12-3-30, која бара одење со брзина од 4,8 км/час (3 милји на час) под наклон од 12 проценти во траење од 30 минути.

Втората верзија исто така дава ефект

Сепак, експертите велат дека помалку интензивната верзија е сепак ефикасен начин за слабеење.

Вежбањето 10-2-20 додека кревате тегови и се храните здраво може да ви помогне да изгубите осум до десет килограми масти за шест до осум недели, изјави Никол Раух Винтер, фитнес тренер во фитнес програмата„Ladder“ базирана на Тикток апликацијата.

Иако првичниот тренинг можеби не изгледа толку тежок за почеток, тој е всушност интензивен, вели Дин Дејвис Брукс, професорка по кинезиологија на Универзитетот во Северна Каролина Гринсборо.

- Мора да бидете во прилично пристојна форма за да одите 30 минути со такво темпо, по таква угорнина, изјавила таа за „Health“.

Според тоа, корисниците создале малку поблага верзија која би била полесна за постигнување за просечен човек.

- Наместо да тренирам погрешно, или уште полошо, воопшто да не вежбам, јас го модифицирав според себе, 10-2-20, што сепак е предизвик, но нешто што јас можам да го издржам, изјавила една корисничка на Тикток со име Џенифер Никол.

Некои од корисниците на социјалните мрежи биле воодушевени од постигнатите резултати.

- Ослабев 1 кг за две недели само со помош на лента за трчање, коментирала корисничката Наима на објавата на г-ѓа Винтер.

- За девојките кои ја користеле оваа апликација и се заблагодариле за правилото 10-2-20 на Тикток, споделила во видео корисничката со име Миранда Чејен, наведувајќи дека оваа рутина ќе ѝ помогне да го доведе своето „тело“ во форма пред одморот.

Тренинзите на лента за трчање стануваат сè попопуларни

Овој тип на вежбање, според г-ѓа Џорџи Спарлинг, основач на онлајн платформата GS Method, обезбедува одличен кардиоваскуларен тренинг кој истовремено ги зајакнува мускулите на долниот дел од телото и ја зголемува издржливоста. Таа нагласува дека овие вежби го зголемуваат отчукувањата на срцето без премногу оптоварување на зглобовите, што ги прави помалку страшни како вовед во вежбањето за оние кои можеби не се чувствуваат подготвени за поинтензивна рутина.

Додека г-ѓа Спарлинг го препорачува овој вид вежбање како дел од здравиот начин на живот, таа ја нагласува важноста на варијациите и комбинирањето со други форми на кардио вежби или физички активности како пилатесот или различни спортови за да се избегне монотонијата при вежбањето.

Исто така, важно е да се земат предвид потенцијалните ризици од прекумерното оптоварување на зглобовите и грбот, како и можноста за болки во колената, зглобовите или потколениците кај некои луѓе кои не се навикнати на интензивни вежби, како што се одењето или трчањето.

@nicolemwinter_ Its that simple ill show you 🔗 in b!0 #howtolosefatfast #strengthandcardioworkout #bestworkoutforfatloss #fatlosstipsandtricksforwomen #workoutsthathelpwith #strengthandrunning #zone2cardio ♬ original sound - EX7STENCE™

Италијанскиот министер ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска ги повика западните земји повеќе да се ангажираат за преговори со рускиот претседател Владимир Путин за дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

Кросето за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека економските санкции што Западот ги воведе кон Русија не ги дале очекуваните резултати, односно не ги спречиле руските сили да продолжат со нападите врз Украина.

Тој истакна дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина е во преговорите да се вклучи Путин.

Тој, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина, велејќи дека помошта за Киев има за цел „да се добие во време“ и да се создадат услови за постигнување примирје.

Кросето тврди дека, доколку руските војници го заземат Киев, тоа „неизбежно ќе доведе“ до конфликти со други земји кои, како што наведе, нема да прифатат руски тенкови на своите граници.

Италијанскиот министер рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека украинската контраофанзива минатото лето е осудена на неуспех поради воената супериорност на Русија, но дека Зеленски не го послушал неговиот совет.

Тен Хаг: Никој во Манчестер јунајтед освен Мурињо не ги доби играчите што ги сакаше

Тренерот Ерик тен Хаг одговори на споредбата што ја направи Жозе Мурињо за нивната работа во Манчестер јунајтед.

- Освен Мурињо, ниту еден тренер не ги доби играчите што ги сакаше, што ни требаа. Уверен сум дека ќе ги постигнеме нашите цели, но конкуренцијата е голема. Има седум или осум екипи во Премиер лигата кои имаат многу добри состави и во иднина ќе се борат за титулата. Значи, за да ја освоите титулата, треба да создадете навистина квалитетен тим, рече главниот тренер на Манчестер Јунајтед во интервју за „ESPN“.

Претходно Жозе Мурињо правејќи споредба со Тен Хаг за работата во Манчестер јунајтед, рече дека ја немал поддршката што ја ужива Тен Хаг.

-Немав такво ниво на поддршка. Немав такво ниво на доверба. Во тимот имаше од претходно неколку играчи што не ги сакав пред, истакна Мурињо.

Португалскиот стручњак беше тренер на клубот од мај 2016 до декември 2018 година.

Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска до Парламентот на Украина, Врховната Рада, поднесе предлог-закони за продолжување на вонредната состојба и периодот на општа мобилизација.

Во Врховната Рада се регистрирани предлог-закони „За продолжување на вонредната состојба во Украина“ и „За продолжување на периодот на општа мобилизација“, пренесува Украинформ.

Во образложението на предлог-законот пишува дека се работи за продолжување на општа мобилизација и вонредна состојба за 90 дена, од 14 мај, кога истекува претходното продолжување од 14 февруари.

притисни ентер