Оваа девојка има супермоќ, ги гледа органите преку кожата и ги исправа дијагнозите на лекарите!

Наташа Демкиња е Русинка која тврди дека поседува супермоќ што ѝ овозможува да гледа во човековото тело и да ги види органите и ткивата преку кожата.

Наталија Наташа Николајевна Демкина е родена во Саранск, Русија, а во 1987 година, кога имала 10 години, сфатила дека има супермоќ. Имено, Русинката развила чудна натприродна способност, односно, рендгенски вид. Тоа се случило откако го оперирала слепото црево.

Во многу случаи, после ваква операција, луѓето пријавуваат лични искуства за намалена способност за концентрација, намален опсег на внимание и проблеми со меморијата. Овие промени понекогаш се доволно сериозни за да ја променат личноста на засегнатото лице или да ја попречат неговата способност да врши нормални активности.

Но, случајот со Наташа Демкина бил сосема поинаков, но фасцинантен. Таа може да ја гледа внатрешноста на човечкото тело.

-Бев дома со мајка ми и одеднаш сфатив дека гледам поинаку. Можев да ја видам внатрешноста на нејзиното тело и почнав да ѝ кажувам за органите што ги гледам. Сега, морам да преминам од мојот редовен вид на она што јас го нарекувам „медицински вид“. За дел од секунда гледам шарена слика во внатрешноста на лицето и потоа почнувам да анализирам, вели Демкина.

После ова искуство, за Демкина се расчуло низ маалото. Луѓето почнале да се собираат пред нејзината куќа за да ги открие нивните болести.

Дијагноза во болниците

Откако ги слушнале гласините за Наташа Демкина, лекарите во нејзиниот роден град побарале од неа да изврши низа задачи за да утврдат дали навистина ги има овие способности. Ја однеле во локалната детска болница каде, на изненадување на сите, на децата им поставила точна дијагноза.

Било објавено дека Демкина користела слики што им ги покажала на лекарите. На еден од лекарите му покажала слика од нешто во стомакот. Тоа бил неговиот чир.

Со својот извонреден вид, Демкина исправила погрешна дијагноза на лекарите во врска со една госпоѓа која наводно боледувала од рак.

Демкина ја прегледала и рекла дека тоа е само мала циста, а не рак. По неколку прегледи било откриено дека жената навистина не боледува од рак.

Глобално признание на Наташа Демкина

За ваквата способност на Наташа Демкина се слушнало и во Велика Британија преку весникот „Сан“. Во 2004 година, таа била доведена во Велика Британија да го тестираат нејзиниот вид. Наташа успеала да ги лоцира повредите на лице кое една година претходно имало сообраќајна несреќа.

Во Англија, таа го прегледала и тамошниот д-р Крис Стил од една утринска емисија. Детално му раскажала за операциите на кои бил подложен, а потоа му кажала дека има камен во жолчката, во бубрегот, зголемен панкреас и зголемен црн дроб.

Лекарот веднаш отишол на скенирање за да потврди дали овие дијагнози што ги поставила Наташа се точни. Открил дека има тумор во цревата, но не бил опасен по живот, пренесува МРУ.

Потоа, Discovery Channel одлучил да направи документарец за Наташа Демкина во Њујорк под наслов „Девојката со рендгенски вид“. Истражувачите на Комитетот за скептични истражувања (CSI) Раџ Хајман, Ричард Вајсман и Ендрју Сколник го спровеле нејзиното тестирање. Таа имала седум пациенти и морала да постави дијагноза на петмина од нив. Поставила точна дијагноза на само четворица од нив и ѝ соопштиле дека паднала на тестот.

Овој експеримент останува контроверзен до ден-денес, таа е критикувана поради тоа. Наташа подоцна била тестирана и од професорот Јошио Мачи - кој проучува тврдења за невообичаени човечки способности - од Одделот за електроника на Универзитетот Токио Денки, Јапонија.

Според извештаите на нејзината лична веб-страница, по нејзините искуства во Лондон и Њујорк, Демкина поставила неколку услови за тестовите, вклучително и испитаниците да носат со себе лекарско уверение во кое се наведува нивната здравствена состојба и дека дијагнозата ќе биде ограничена на еден одреден дел од телото - главата, трупот или екстремитетите.

Демкина започнала успешна кариера

Наташа Демкина била бесплатен консултант и дијагностичар до јануари 2006 година, кога ја започнала својата кариера во Центарот за специјална дијагностика Наталија Демкина (ТССД), наплаќајќи им на пациентите за дијагностика.

Целта на Центарот е дијагностицирање и лекување на болести во соработка со „експерти со необични способности, народни исцелители и професионалци од традиционалната медицина“. Наташа Демкина и понатаму останува контроверзна тема.

Многумина ја критикувале Наташа Демкина велејќи дека во нејзините извештаи открива некои вообичаени работи што претходно ги знаела за пациентите и дека многу од нејзините извештаи и објаснувања не се во согласност со стандардниот медицински систем.

Хутите се заканија дека ќе ги прошират нападите и во Средоземното Море

Јеменските Хути се заканија дека ќе ги прошират нападите врз бродовите кои пловат за Израел до Средоземното Море, по неколкумесечните напади врз бродовите во Црвеното Море.

Во изјавата на воениот портпарол на Хуту, Јахје Сари, се наведува дека ескалацијата ќе стапи на сила „веднаш“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Ова, како што е наведено, вклучува таргетирање на сите бродови кои „ја прекршуваат забраната за пловидба кон Израел“ и кои се движат кон пристаништата на „окупирана Палестина“ од Средоземното Море до која било област во дострелот на ракетите.

Хутите претходно се заканија дека ќе ги прошират своите напади кон Индискиот Океан и кон бродовите што пловат низ јужна Африка за да го избегнат јеменскиот брег, но нивниот главен фокус остануваат Црвеното Море и Аденскиот Залив.

Хутите, кои контролираат големи делови од Јемен, вклучително и голем дел од брегот на Црвеното Море, извршија бројни напади со беспилотни летала и ракети врз бродови во Црвеното Море од ноември во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

Нивните напади предизвикаа одмазда од САД и Велика Британија и формирање на меѓународна поморска коалиција за заштита на виталниот трговски пат.

Воените експерти наведуваат дека арсеналот на Хутите вклучува балистички ракети со дострел од 1.600 до 1.900 километри и ирански беспилотни летала Шахед-136 кои можат да патуваат до 2.000 километри.

Земјотрес ноќеска регистриран во Скопје

Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината.

Полицаец со уште двајца учествувал во киднапирање маж- го претепале и му барале 10.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, соопштуваат од Обвинителството.

притисни ентер