Полицијата во Брисел упадна на десничарски собир за да спречи немири, на бината Орбан и Фараж

Утрово полицијата во Брисел упадна на десничарска конференција која деновиве ја обединува европската екстремно десничарска политичка елита и ја затвори.

Унгарскиот претседател Виктор Орбан и британскиот европратеник и преговарач за Брегзитот, Најџел Фараж требаше да зборуваат на Националната конзервативна конференција во следните два дена, но полицијата пристигна два часа по отворањето на местото во Клариџ, во близина на Европскиот кварт, за да ги информира организаторите дека настанот ќе биде прекинат.

„Властите одлучија да го откажат настанот поради можност за немири“, изјавил полициски функционер на еден од организаторите, според Политико.

До пристигнувањето на полицијата, завесите на бината веќе биле кренати, а архитектот на Брегзит, Фараж, го започна својот воведен говор.

Полицајците им дадоа на учесниците 15 минути да го напуштат просторот, но на крајот не го прекинаа настанот и говорите продолжија. Сепак, полицијата соопшти дека нема да пуштат никој друг на местото на настанот и дека луѓето што си заминале повеќе не можат да влезат.

Додека преговорите меѓу организаторите и полицијата се одвиваа зад сцената, Фараж ги критикуваше властите во Брисел како „монструозни“ поради обидот да го откажат настанот. „Знаев дека нема да бидам добредојден во Брисел“, се налутил поранешниот европратеник.

Поддржувачот на Брегзит не беше сам во неговите остри критики на бриселската бирократија. „Тоа е потег на една бесмислена диктатура“, изјави за Политико Френк Фуреди, еден од организаторите на десничарската тинк-тенк MCC, која е еден од спонзорите на настанот. „Тие се обидуваат да искористат техничка причина за политичка поента. На сопственикот му рекоа дека ќе му ја исклучат струјата ако не нѐ прекине.

Нешто повеќе од еден час по првото пристигнување, полицијата се врати околу 12.45 часот за да му предаде налог на организаторот на локалниот настан Ентони Гиланд, началник на персоналот во МКЦ. Полицијата му дала 15 минути да го прочита и потпише документот од три страници.

„Едно од објаснувањата што ги добивме, не е единствената причина, е дека попладнево околу 17 часот ќе има контрапротест. А полицијата не може да ја заштити слободата на говор на овој настан“, рече тој.

Полицијата поставила барикади пред местото на одржување, а Фуреди рече дека организаторите на конференцијата морале да контактираат со нова угостителска служба бидејќи првата била запрена и не можела да стигне на конференцијата. Конференцијата веќе двапати морала да ја смени локацијата откако градоначалниците во бриселскиот регион одбиле да дадат дозвола за избраните места.

Просторот за настани во Клариџ бил веќе третото место избрано за конференцијата, откако првото место Concert Noble ги одбиле под притисок на социјалистичкиот градоначалник на Брисел, Филип Клоус и либералниот градоначалник на Етербек изврши притисок врз луксузниот хотел Софител да ја откажат конференцијата.

Емир Кир, градоначалникот на Сен-Жосе-тен-Нуд, каде што се наоѓа Клариџ, претходно во е-пошта му одговорил на Политико дека „ќе преземе итна акција за да го забрани“ настанот. Фараж му оддаде почит на сопственикот на Клариџ, нарекувајќи го „храбар Тунижанец“ кој се спротивстави на „насилниците“ кои сакаат да ја нарушат конференцијата.

Полицијата им кажала на организаторите дека постои ризик демонстрантите да предизвикаат граѓански немири на местото подоцна попладне. „Јас разбирам дека полицијата навистина, навистина сака да го затвори ова. Ако сака да го затвори овој настан, може да го направи тоа со мене на сцената“, рече Фараж на крајот, додека толпата навиваше и викаше.

Мицкоски од Куманово: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има, ДУИ ќе оди во опозиција

„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на политиката во Македонија. “

„Предолго живееме во мочуриштето на лаги, на измами и на време кога просечните владеат, неспособните се на позиции, а паметните тргнати на страна. Ние го покренуваме бранот на сите оние кои предолго беа игнорирани, кои премалку беа вклучени во процесите. Заеднички ја создаваме надежта која мора да ја победи апатијата. Иднината која мораме сами да ја создадеме но и одговорноста која мора да ја примениме“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНе од митингот во Куманово и додаде:

После првиот круг од изборите јасно е дека оваа влада паѓа. И нивните сценарија, нивните планови и завери против Македонија не се за тоа како да ја задржат власта, туку пред се поради стравот дека ќе се соочат со одговорност падот на владата. Дека ќе посегнеме по ним најмилото нешто, а тоа се парите. Парите кои ги крадеа од народот, парите од тендерите, парите од договорите во 4 очи. Е тие пари ќе мора да ги вратат назад на народот а тие да одговораат.

Мицкоски посочи дека ќе има одговорност за криминалот и корупцијата.

„Ќе одговораат и затоа што Македонија ја донесоа на работ на сиромаштија. Тоа што 600 илјади наши сограѓани живеат со само 160 денари на ден. Тоа што имаме најголема инфлација во Европа, рекордери по криминал и индекс на мизерија. Но и ќе одговараат што ја одземаа државата и приграбија за себе. 100 души од ДУИ управуваат со се во земјава. Тие мислат дека се господари на животот и смрта, дека располагаат со државата додека безмилосно ја крадат. СДСМ тоа им го овзоможи за да може да владее. А од друга страна Али си создаде артанониден систем. Тоа е системот кој длабоко ДУИ ја однесе во криминал и корупција. Тие не дејствуваат како партија, туку како мафијашка структура додека и нивниот народ гладува“, посочи Мицкоски и додаде:

Додека Артан се вози во скапи автомобили за кои лаже дека се на компанијата која случајно добила државни тендери, тука во Кумановско, погледнете во Липковско како живеат албанците. Подеднакво сиромашно како и сите други. И кога Али ќе каже УЧК ја спасило Македонија, тоа е само израз на лицемиерието преку кој тој преку 2001та преку злоупотребувањето на судбините и маките на неговиот народ и играјќи си со иднината на државата стигна до милионски имот и дворци во Зајас. После 20 години тој не унапреди никакви права, но неговото чедо Артан стана синоним за сите фаличности и недостатоци на системот, за сите криминали и копрупции.

Мицкоски истакна дека Али Ахмети ќе ја заврши кариерата како криминалец.

„И Ахмети за себе може да смета, како што самиот изјавува дека е востаник, може да кажува дека е и научник за НАСА, но јас а и сите вие тука знаете дека ќе ја завши кариерата како обичен криминалец. За ВМРО-ДПМНЕ се многу јасни позициите и определбите. Не сакам да разговарам со емисарите кои секојдневно ги праќа за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ за мене е завршено поглавје и ќе оди во опозиција“, истакна Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Русин избодел Украинци во Германија- сите заедно пиеле пред масакрот

Двајцата украински државјани кои беа убиени во саботата во градот Мурнау биле всушност ранети украински војници кои закрепнуваа во Германија.

Како што пренесува „Билд.де“, ова мало гратче во Баварија било место на страшно злосторство.

Жртвите, Владимир Кожин и Вјачеслав Безугли, на возраст од 36, односно 23 години, биле на медицинска рехабилитација. Ги убил 57-годишен руски државјанин, чиј идентитет не е наведен. Жртвите и убиецот биле заедно и пиеле пред да се случи злосторството. Еден украински војник загинал на лице место, а другиот починал малку подоцна во болница.

Убиецот набрзо бил уапсен, а украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ѝ се заблагодарил на германската полиција за брзата реакција. Вчера попладне се одржа комеморативна средба за жртвите на која присуствуваа многу Украинци.

„Мотивите на ова злосторство мора целосно да се истражат“, рече Јоаким Херман (67), министер за внатрешни работи на Баварија.

Украинскиот министер за надворешни работи им наложи на персоналот внимателно да го следи случајот и да биде во контакт со безбедносните служби во Германија, за да се осигура дека сторителот ќе ја добие заслужената казна. Германските медиуми објавија дека во моментов нема докази за поврзување на двојното убиство со руската инвазија на Украина.

Жртвите и убиецот се познавале од порано и најверојатно големите количества алкохол биле поттик за злосторството. Истрагата продолжува.

Костадиновска-Стојчевска: „Кога работиме за стратешките интереси не може сите да се задоволни“

Лозановска: „Граѓаните испратија порака дека им е доста од криминал, корупција и тендери во четири очи“

Костадиновска-Стојчевска: Секоја порака добро се анализира и прифаќа, продолжуваме со работа и со поддршка за Пендаровски. Поминавме тежок и период на многу кризи, кога работиме за стратешките интереси и за доброто на државата, тогаш не може сите да бидат задоволни. Но на долгорочен план, некои одлуки беа тешки, но се покажаа како правилни. До 8 Мај ќе има реорганизација, ќе ги покажеме досегашните резултати и без да правиме прецепција за тоа кој ќе биде победник, на Парламентарните избори почнуваме од нула, а нашата стратегија и приоритети ќе бидат да се стигне до секој граѓанин, да ги истакнеме се што до сега постигнавме. Во извештаите ВМРО-ДПМНЕ беа нотирани како кочничари на сите процеси ,а нејзиниот лидер како извор на лажни вести. Во 2016 година минималната пезнија изнесуваше 8500, а денеска е 13.900 денари, просечната плата беше 22.000, денеска е 39.000 денари.

Лозановска: Македонија се наоѓа на крстопат меѓу избор како до сега со сиромашни и потценети граѓани, и да се даде лидерство на луѓе што се компетентни и имаат став за позиционирање на Македонија, зошто граѓаните испратија порака дека им е доста од криминал, корупција и тендери во четири очи. Принципот победник со победник е прекршен уште во 2016 година, тоа е непишано наметнато правило и мислам дека треба ДУИ и СДСМ да одат во опозиција по сите штети што и ги направија на државата. СДСМ до 2006 година додека беше на власт до кога ги затворија сите фабрики, а ги ограбија и штедачите, а потоа штетните политики на СДСМ имаа долгорочни последици, почнувајќи од ниските пензии на граѓаните. И Фридом Хаус потврди дека во сите сегменти бележиме назадување.

притисни ентер