Тие повторија дека бараат зголемување на месечниот надоместок, кој изнесува 26.000 денари и пензиско и здравствено осигурување.
Незадоволни се што надлежните, како што велат, немаат слух за нивните проблеми, и најавија протест пред Министерството за здравство во понеделник напладне.
Без исполнување на нивните барања, како што рекоа, само ќе продолжи поразителниот тренд и дел од специјализантите да ја напуштат земјава.
Тие додаваат дека побарале поддршка од сите катедри на Медицинскиот факултет, меѓутоа не ја добиле.
За нивниот проблем, уште на првиот ден од штрајкот, министерот за здравство Демири побара трпение и најави решавање на нивните проблеми по завршувањето на изборите.